Можно е доколку си се оптеретила нешто, јас денови кога бев поактивна низ дома ми се случувало да имам како бодежи и болки мали ама издржливи. Најубаво да се консултираш со доктор.
Сода бокарбона? Немој сода бикарбона да пиеш во бременост. Ај еднаш да земеш нема проблем, ама секоја вечер никако. Против киселини помага краставица и јаболки.
Мене па докторкава што ќе ме пораѓа ми кажа ако не сакам гастрогард можам 1 лажичка сода не било ништо тоа штетно. И самите гастрогард биле на база на сода бар така ја разбрав...не сум прочитала. Ја сепак на гадтрогард останав дека ми помагаат Види како ти каже лекар така не зимај на своја рака.
Сите различно кажуваат, некои доктори велат за плодот ништо не е, за желудникот наш било штетно. Мене мојава ми кажа можеш да зимаш ама дека секоја вечер земам веќе две недеки затоа мислев да не правам штета.
Dali ima nekoe drugo resenie dokolku imas mn bolki kako mestrualni a ne si otvoren,oti me pustija doma a se uste imam mn bolki i ne znam sto da pravam
Има Да одиш во приватна болница Се шалам Шеткај, пушти си музиче, пробај да се сконцентрираш на дишењето Ајде, издржи женски
Врати им се пак кажи ненормални болки имам на 5 минути пак нека те стават на цтг не може да седиш со саати или денови со болки а да не те породат...
Аако ти е шубе премини на гастрогард пробај ги Гледај на ју туб видеа за правилно дишење и спремај се ...
Види консултирај се со матичниот лекар, јас пак читам на интернет не е добро многу. Јас би пробала на природна база да ја смирам, со краставица и јаболко, земај овесни снегулки исто помагаат против киселина. Знам многу лошо е не можеш да спиеш, ама сепак прашај матичен.
Како стоите со отоци на лицето? Денови некако кога се гледам како да сум правела ботокс абе уста, очи цела сум поддуена, како да ме каснале пчели. Исто и станувањето од кревет ми стана многу мачно. За превртувањето од една на друга страна додека спијам подобро и да не зборам, и така стомакот ми прави некој звук како гума кога диши па страв ми е од пукање водењак Филмови си правам
Претподтавувам дека си негде при крај од 36 недела повеќе, и мене ми прави стомакот како гума издишана но не знам од што може да е На лице сеуште немам отоци 37 недела сум ама затоа на раце и нозе квалитетно отечена сум. Ако знае некој околу гумава дишење нека сподели и мене ме интересира
Ајде уште малце остана при крај сме ќе ги снема и отоците и се кога ќе се породиме, а за станувањето од кревет не збори подобро слон е мал збор особено навечер за до ВЦ смрт ми е станувањето и превртувањето во кревет од една на друга страна си го осеќам коските како ми пукаат и крстот ама буквално на секое вртење али трпени спасение уште малце
38-ма сум јас, уште малку кај и да ќе се издишаат гумите и кај двете @Brpbrp не збори, јас и така мака мачам со станување па и мм кога ќе ме викне за нешто да видам а само што сум седнала/легнала, ми иде да го стрелам
Здраво мешиња Јас сум 36 недела, денес ми падна мукозниот чеп. Што да очекувам и кога . Денеска ми е цел ден некако без врска, а бев на контрола во четвртокот докторот ми рече нема да биде деновиве
Торбица спремна и ќе чекаме, иако малце нели е рано 36та? Сега имам закажано за шишање, така да комплет ќе бодам спремна па бебе кога сака нека повели