Значи со ова рано ти е дојди утре-задутре не се нормални. На една другарка така и рекле на ГАК, во петок отишла и и рекле ааа рано ти е дојди таму вторник- среда. Она трк со маж и дирекно во Чаир и се породила вечерта. А ЦТГ и планови за на ГАК цело време
За државна другарка ми се жалеше дека Цтг не им работеле добро..вика малце ќе мрднеш и ништо . Ј може затоа ги враќаат не оти гледаат нешто
Истo бев и jас. Утрoтo сo бoлки ранo е ми викаат не се oвие тие бoлки дojди за 3 дена, вечерта се пoрoдив.
Девојки, денес правам полни 37 недели. На цтг одам на 2 или нс 3 дена, еднаш неделно на ехо - вака последниве 2 недели. Инаку бебето е ептен активно, ама вчера се намести во некоја лоша положба, цел стомак ме болеше, а бебе мирно. Денес на цтг многу мирно и заспано. Контракции немам. Можно ли е смирувањето на бебето и намалувањето на движењата да се знак дека треба да чекам чеп или водењак да пукне? И дали паѓањето на чепот и пукањето на водењакот се последователни чекори или не мора да значи?
36 недела осеќам бебе многу е мирно, ќе мрдне ама многу нежно. Мислам снемува простор, па ај не се паничам. Ама приметувам си седам и како исцедок ми истекува повеќе него претходно. И тоа верувам дека не е плодова вода зошто до улошки сум од 3 месец. Се зголемува при крај исцедокот?
Да и како ќе напредува бременоста само ќе трчаш во тоалет и ќе менуваш гаќи؛ Мозе 5 пара сигурно во денот менувам и не носам влошки од страв од инфекции؛ И бебе помалку ќе клоцка ама повеќе ќе боли клоцкањето
А јас мислев ќе одморам од влошки во бременост, ама полудев веќе од нив од 3 месец сум со исцедок па проверував плодова вода да не е, еве па сега се засили. Ај уште малку.
Да исто и кај мене е зголемен овие денови почна...и 3 пати гаќи менувам денес. За активност на бебе кај мене е непроменето исто удира силно та знае и да заболи и цел стомак ми го деформира
И кај мене беше зголемен исцедокот и ма брисовите ми испадна кандида Па сега ставам вагисан ама кај мене имаше бело на гаките така да не беше само прозирен исцедок. Иначе јас сум во среда на прво цтг и ги исправ алиштенцата. Ќе ми остане уште постелнината и ќебенцата да ги исперам И да докупам уште нешто и спремна сум ќе чекам
Бел исцедок имам од почеток на бременост и околу него секогаш проѕирен како вода. Сите брисеви досега ми беа чисти, и овие последниве од пред некој ден. И гаќи минимум по 3 пара дневно менувам. 9 месеци истово се случува кај мене. Чешање, мирис или друга боја не сум имала
И јас сум за два дена 36та полна, уште пред две недели ми де зголеми исцедокот, други симптоми немам , веројатно е нормално така
Оооо да! Ако носев некои платнени панталони, одма се познаваше ко помочана. И моето се смири при крак, ама мн се тегнеше навечер. Стомакот бразди
Јас предходно имав како вода исцедок али тогаш беше од утрогестанот после тоа се смири никаков исцедок немаше последнава недела како помочана ако носам панталони пробива дури како помочана сум и бебе не е толку активно како некогаш само се истега сега и осеќам како мава со главата во бешика и тоа болно е али се тешам уште малце...
Ајде и јас веќе само едвај чекам Си се надевам дека ќе биде во 38ма(2нед од сега) дека нема да чекаме или надминеме термин...
Јас фино лепо си дојдов со плачки. Не сум спремна да се породам. Ме испаничија бебебво е скоро 4 недели поголемо. Плацента почната да зрее. Лакуни има. Тежи 3400. Да ова се мерки компјутерски но горе доле тоа се. Јас утре сум 34та недела а бебе е за 38ма. Ми земаа крв за хепатит рубеола тоа како идеше. Цтг регистрира неколку контракции неправилни секако. Бебе е активно многу. Ми се стега цел стомак. Така да од крај на октомври термин ми го преправија. Ке закажеме што поскоро царски.
Хепи дали ти кажаа поради која причина е вака зголемено бебчето? Знам немаш шеќер, а и минатата бременост било понапредно бебето. Нема шанси барем до 36та да се издржи? Некои рестрикции со храна, незнам, лупам глупости, ама ме замисли