Ништо ништо не ми спмнаа освен што ете рана овулација си имала. Бебе покрупно. Да син ми беше 2 недели понапреден ама во 37ма го родив 3100. Ова сега ги има мерките негови а јас не сум влезена во 34та. Според др требало од сам старт да ми преправат датуми и да ме воделе по тој датум од 2 недрли плус. Не ми рече ни јади ни не јади одредени производи. А реално јас и крш се хранам. Може еднш во денот јадам. Незнам вода има доволно не е ни зголемена. Шеќерот во ред. Затоа викам што ли предизвикува ваква ситуација како мојата
Пробај да не паничиш колку што мозеш؛ И мене секој преглед рљзлично ми казуваа, еднаш 2 недели еднаш големо бебе и само паники؛ Па де голема глава па мало меше и ќе полудев؛ Последен преглед др ми вика "детето си е океј доста со тоа главата вака така сепак се компјутерски мерења" Така да само смирено не си прави стресови беба се осеќа؛
Сестра ми имаше проблем со терминот. Цело време 2 недели понапред ја водеа, а она си знаеше точно кога е останата бремена и никако да се усогласеа. Бебе си беше според нејзините мерки на ехо, а нонстоп поразлично ја водеа. Ја надноси внука ми. Според неа беше 40та недела, а според нив 42ра да не е кај тебе така случајот нешто со неделите? Оти реално ако знаеш дека си за 36та недела ти, а тие те водат за 38ма, тука нема драстична разлика. Многу биле понапред 2 недели. Стварно размислувам различни теории, не се нервирај, ако треба и порано ќе биде. Бебче има добра килажа, сепак си кон безбедна зона, ќе биде се во ред
Така е. Јас капар оставив,брисеви ми земаа и крв. Остана уште корона тест неколку дена пред закажан термин. Следна недела на цтг повторно и така...
Немој да се секираш не е страшно. Верувам си имала рана овулација затоа вака се случува. Супер ќе си биде бебчо кога и да ти закажат царски, спремен е. Веќе и плуќата си е во полн ек, има одлична килажа така да не се секирај. Немој да плачеш па ќе си гушкаш бебе за брзо
34+1 сум сега,за последни брисеви кога треба да си се јавам со време да закажам Следна недела сакам петок,тогаш ке дум 35+5,дали е ок тогаш за брисеви
Eве ти моја ситуација во 32 недела бев на преглед кај доктор кај што планирам да ме пораќа и вика аа бебе одговара за 35 недела големо 3600 и е завртено хоризонтално а и постелката има нешто оди дома и спремај торбица и дојди за 5 дена. Јас во збрка паника плачки. Во кола читам извештај во случај пукање водењак или болки да се јави во болница. Си одам дома и мм вика абе ај иди до матичната да те зирне да видиме што како. Инаку матичната ми е постара докторка 60 години има. Ме гледа вика се си е во ред бебе одговара на неделите и 3100 грама и постелката е добра има водичка седи си мирна. И еве ме 40 недела. Сепак и второ мислење нема да ти е на одмет барем ке си бидеш на сигурно. Само избегнувај стрес ти стискам палци.
Тие што бевме со вакви надежи како тебе, 41ва дочекавме .. Шала на страна, со лесно нека ви е на сите, битно беби да се топ кога треба ќе излезат
Леле знам дека е така секад сите ми викаат дека тешко пред термин да не си се надевам. Под "сите" не мислам на доктори
Па 35+5 кога ти ќе бидеш е полна 35та и плус 5 дена од 36та. Таман си ти во тој период од 35-37ма недела ќе ги правиш
Девојки ајде и вас да ве прашам дали има некоја што правела серклаж за утре ми закажаја 22 нед сум и мн ми е страв каква е процедурата и шо после тоа фала ви позз
Што имав блиски што правеа, знам дека после тоа мораа да мируваат т.е да лежат,ама истераа до терминЗа процедурата не знам глупо ми е било да прашам како се одвива .Ама сигурно е со анестезија и не се осеќа процесот.Со лесно
Dali imate otoci vo nozete? Jas samo vo levata i toa epten potekov prstinjata ne si gi osekjam. Pritisokot mi e visok nz dali e povrzano.
Од него може да ти е пиј многу вода за почесто да мокриш барем 3литри испиј ги и ќе се стабилизира и нозете на високо постави ги ако седиш и ти се надоле потечени ќе ти бидат нон стоп
Таман реков кај мене бебе не е смирено се смири. Денес 36та од од вчера некако многу е смирено само така како тегнење движење осеќам на момент ќе удри ама не како претходно. Нели е многу рано да биде смирено или ? На преглед бев во четвртокот се беше Ок ништо не кажа докторкава а веќе од утре почнувам со ЦТГ. Инаку навечер ме фаќаат јајници па ќе ме фати кичма да ме боли (можно е и да сум премрзната дека заспав под отворен прозор). Да не се ова знаци да не изненади бебе наскоро? Се додека го осеќам е во ред? Вие да не броите движења..матичнава ништо не кажа #збунета
Не бројам движења а и моето не е многу активно. Онака, како да нема простор веќе. Јас денес полна 37ма недела. И јас сум утре на цтг, па ќе видиме освен болки у срамна коска, друго не наболува. Ее да забележав и стврднувања на стомак, првпат и тоа го доживеав
@Milkiway далеку ми е мене 36та ама се радувам кога некоја ќе пише дека стасала до таму и почнува со цтг. Да сум на твое место веќе ќе си се опуштам и уживам. Кога сака нека биде. Доста читавме знаци цели 9 месеци. Размази си се уште малце после бебе е на ред.
Ааа блиску си. Мене пред да ми пукне водењакот дента цел ден Бракстон ме утепаа ама не им обрнав внимание дека се навикнав веќе на нив.