Даа дефинитивно се осеќам повеќе опуштена веќе оваа недела. Ме измори бременоста а верувам тебе уште повеќе Да си дојдеш и ти до 36та мининум Инјас забележав ама пред 2недели беа тие стврднувања од тогаш се нема случено. Којзнае кај секој различно. Ајде да видиме како ќе биде
Нормално е да се смири не се гризи се помалку ќе биде активно ама посилни удари؛ А за брекстон да не зборувам, по цел ден ме утепаа засилувајќи од 36н а еве од утре сум 38 така да нема правила؛ Опушти се веќе си во безбедна зона
Женски а од кога почнавте да одите на цтг? Мене матичнава ме мота неможеле упат да ми дадат пред 38ма недела. До тогаш морало кај нив
Со коронава не примаат на ГАК за ЦТГ и мора кај матичен освен ако немаш болки па да идеш таму؛ Не е до матичните؛ Или ако имаш познат на ГАК тогаш порано
За на Чаир им барав, со доктор од таму се договарав и и кажав како е ситуација но ми рече не смееле упат да ми дадат пред 38ма недела дури и резултатите од брисевите пошто ми се кај нив не смееле да ги дадат затоа ми падна чудно
Како не смееле да ти ги дадат? Јас си ги носев сама во пролече и си го земав а на матичнава само и ги сликав. Ми требаат со мене да ги имам...а за цтг напни ги дека со доктор си се договорила и мора упат да ти дадат приоритетен
Вчера прв пат излегов во 9 месеци да прошетам. Бев како падната од марс, значи кислород немам вдишано, нон стоп сум затворена дома. Маж ми вика вчера сигурна ли си, викам да, веќе 9 месец што сака нека биде, психички ќе се разболам. Зборот ми е опушти се веќе. Како сака нека е, кога сака нека доаѓа бебе. Битно е да осеќаш нешто дека мрда/тегне, инаку изгледа стануваат пасивни. Ништо не памтам искрено од прва бременост, и сестра ми кога ја прашувам ми вика сериозна си дека некој памти вакви работи инаку ме боли срамна коска и некогаш кратки јаки менструални болки имам, не знам дали се контракции.
Јас ако не прошетам јок спиење сега веќе почнавме и подолго да шетаме навечер. А за менструалните и јас исто имам такви ќе ме пресече на момент. И бебето веќе притиска надоле.
Убаво си направи. И вечер пак да излезеш. Во безбедна зона си што и да биде. Болки во срамна имам јас. Вчера за прв пат имав и како менструални ама онака ептен неправилни. Штом поминуваат не се страшни. А кај мене па од седната положба штом станам стомаков ми е како додаден. Ептен тврд и го чувствувам како да ми штрчи па со тек на време ке ми олабави и па исто па исто. Јас сила немам воопшто. Се уморувам многу брзо со препотувањесамо би да лежам
39+3, вчера на ехо бебето беше свртено надоле со главчето ама со лицето накај мене (поглед кон ѕвезди рече др ). Ми рече да лежам на лево за да се сврти. Сега читав дека оваа позиција не е баш погодна . Има ли некој искуство со ова?
Е не мене ми ги побараа резултатитњ од брисевите кај нив да ги имаат ќе ми ги дале заедно со се што ми требало со упатот за пораѓај ама не смееле упат да ми дадат пред 38ма недела... И до тоа да се замарам треба
Ама како излегува си има потези и тоа се врти, колку што знам. Затоа не мислам дека е тоа голем проблем кај вас
Zdravo mamicki i idni mamicki. Denes na kontrola doktorot mi rece deka cerviksot e skraten za 1 cm, a sum 28ma nedela i mi prepisa Utrogestan. Dali ima nekoja mamicka slicno iskustvo ve molam?? Se zagriziv mnogu denes i ke se potrudam da miruvam sto povekje.
Па и јас се надевам дека ќе се сврти како што треба. Читав дека во оваа положба порагајот е поболен дека бебето притиска со грбот на кичмата на мајката . Значи последни денови секакви мисли доаѓаат, ме утепа психава
Таман си е кај тебе,така треба да е Не разбрав,цервиксот ти е 1см=10 мм или толку ти е скратен? Во 28ма недела треба да е над 30мм Ако до сега не си мирувала,трк во кревет , примај терапија и ќе се среди,ти кажувам од искуство
И јас сум при крај неделава ќе биде јас сум во паники цела веќе малце подотворена ве читам за контракции и болки прашувате...јас само три пати имав повремени болки како со нож некој да ме боде и тоа на стоење,одење,седење и бебе го осеќав како бутка со главата си викав како запнал да бутка одма ќе искочи дури и нервозно да не кажам како до глава во ѕид да мава ако осеќате дека премногу ви тежи и морате како патка да одите најверојатно веќе пополека се спрема и почнува процесот, а да не го заборавам и проливот што ме утепа тие денови и мислев дека сум настинала црева,јајници,кичма. Бебе после 36та не е активен толку повеќе како тегнење и брзање со прсти во ребра мислиш Моцарт ќе искочи
Колку изнесува вкупната должина на цервиксот? Ако претходно бил на пр.4см а сега е 3см и не е толку страшно. Зависи, ако е 2,5 или 2 и пократок тогаш треба да се обрне повеќе внимание, терапиа, мирување и ќе биде во ред. Многу феминки со овој проблем имаат истуркано до крај. Еве последно @Alishan30 имаше скратен цервикс, со лежење и терапија тера уште.