Како се справувате со тахикардии? До грло ми чука срцево ептен ме уморува. Знам дека де од анемијава предизвикани но еве земам терапија и малтофер таблети но многу силни се
Б6 пијам 3 пати на ден, дишам длабоко, пуштам клима да ми дува и лежам на лева страна. Некогаш кога ептен ми се слошува и шеќер и вода. Јаки тахикардии ме фаќаат ама кратко ми траат.
Пијам Б6 за тахикардии по 2 во ден, слушам музика за смирување претежно, седам под клима скоро по цел ден зошто кога ме фаќаат се осеќам и ко воздух да губам, почнав и да гледам видеа сега за правилно дишење и така по брзо се смирува.
Тие што се при крај да ви кажам цела колекција за бебенца во Зара е од кашмир и ќе си приумрам од убавини Ако сака некоја за искачање од болница, малку е соленко ама преубаво.
Денес јајници мислам ме откорнаа. Како ме заболува на момент...како менструални болки некои. Не знам дали бебево се спушта пониско веќе па притиска... Вас ве болат или сум настинала Донеле? Јас бев пред 10тина дена ништо немаше ...одма симнувам апп да видам
Хахаха скроз ама ептен е слатко и бар една фотка да се направи. Да не ве тагнувам сите, ги има на апликацијата видов.
@Alishan30 @eli.karameli Вие се засиливте со пораѓање ама јас да не ве претркам на крај маслото нека се грее Не издржав отидов порано на ЦТГ ме примија. Ме фатија уште пред некој ден менструални болки и кичма ептен сомнително ми дојде. За мене не се јаки, си пропатив од менструација и не знам да проценам Отидов и контракции покажа бебе запнало порано а јас не го планирав пред термин. Си добив доле сонда грло на матка е затворено што е супер. Препорачаа движење/пешачење често и ако имам болки пак да дојдам. Денес сум цел ден со истите болки. Ќе фати па ќе помине па ќе пропаничам и така... Другата недела пак цтг и ќе видиме како ќе е. Мислам ќе бидне септемвриско моево ајде да видиме
Хихихи ме изненади ти а те мислев после мене Ако, изненади не. Кога и се сака на бебка-тогаш. Мојата и онака е нонстоп мрзлива, сега за излегување па ептен е Моите контракции на првото цтг беа до вредност 20, ко што видов, а на второто цтг ниту една од 20, само една и единствена контракција беше од 40 Ќе се молиме ние, изгледа. Броите ли движења бре женички? Незнам дали да се жалам и што е паметно, или претерувам но како рипче да имам во меше. Толку па нежно да есе загрижувам малку, се им викам слабо го чувствувам бебето. Тие викаат ок е се, постелка, протоци и плодова вода. Незнам, ми се иде секој ден да одам да им кажувам. Какво благо и кока кола, не реагира и не реагира. Какви бранови по стомак, тоа па ич не е можно кај мене Да не не е нешто во ред?
Па и јас не планирав пред средина окт ама важно да е живо и здраво. Кај мене е обратно од твоето. Сите викаат се смируваат пред пораѓај и затоа не очекував. Мене доста јако ме удира и се движи цел стомак ми се деформира. Сите се различни нема правило штом рекле дека е се во ред. За движења ништо не ми кажаа ниту да бројам ниту ништо.