Па да ми ја знаеш реакцијата од првиот пороѓај, абе за на скриена камера бев. Јас зошто сум паничар и прво си реков чим прдам вака неартикулисано ми ги зезнале цревата Бричењево ми е хорор, едвај! Јас со све сум спремна, само психички уште не сум.
Подобро од алиекспрес и ја да порачам па ако затреба. Вака не е исплатливо За бричењето и ја осеќам на крај дека таму ќе ме досредат. Не можам секој ден да се поминувам т е дур не подрасне и вака коа не знам кога ќе биде... Уште чекам од пресно породениве дали некоја со бричеви се бафтала
Ти може одма филм си напраи со цефка дека ќе јадеш Мене за првиот пат ме отсрами цимерката, таа ден пред мене беше породена, ми кажа што ме очекува и си се извини жената однапред пошо не можеше да издржи. За бричењето мм ми помогна, ама после видов дека имам утки ама касно беше више породена бев
Исто и јас за мрдањево. Дали имав преголеми очекувања дека којзнае како ќе мава и ќе ми изобличува стомак, не знам. Ја осеќам секој ден ама најмногу како тегнење. Баш утре сум на преглед и ќе прашам. Кај мене ќе се раздвижи во рок од 15 мин турбо и после со часови може да не ја осетам ич, поготово ако работам нешто по дома или сум во движење. Штом си била и на цтг и е и тоа во ред покрај ехото мислам дека си е се супер. И мене ме маваат црни мисли, мислам дека нема да сум раат додека не се роди. А и после тоа. Мајки...
Не се мислете за клоцкање жени уживајте си чим си ги осеќате чат пат. Моево вчера од клоцкање направи да мислам дека ќе се пораѓам. 5 пати до вц со мачнини за нужда. Цревата ми ги разработи. Плус болки низ цел стомак и стврднато цело. Одвај го смирив со терапија плус б6 на крај и диазепам ми рекоа. Отспав малце и се будам и ме болат страниците како да ме тепале. Мислам преку ноќ си направил повеќе простор. Нема маневар што не го направи. Дали само 3 до 5 саата беше неактивен. Еве сега ика. Од кај му е силата незнам. Само нека е жив и здрав. Ќе биде прав вагабонт на мајка.
И мојов не застанува.. мислам дека нема период во денот кога е мирен и нема место во стомакот што го нема нокаутирано или клоцнато.. Ако се и надвор вака, нека ни е со среќа
Исто буквално, јас се чудам и си викам добро што дете ќе беше ич да не престанува, по цел ден само се тегне, се превртува и клоца, сега најверојатно е свртен надоле скроз и со нозете само во желудник ми мава, толку ме боли посебно од кога ќе јадам ако ме расклоца одма повраќам. Дај боже кога ќе се роди по мирен да биде, ако е вака наздравје нека ми е
^ништо од тоа, вие кажувате дека нема саати кога се мирни. Јас би рекла дека нема саати кога движи. Почнав да забележувам движења од денес. Исплашена сум веќе. Од 6 ипол до сега само 2 пати движења имаше, по неколку минутки.
Еден апдејт од мене.. Денес ми земаа ковид брис. Цтг направено - мирно. Ехото вика дека плодовата вода е намалена. Уште минатиот пат ми кажа дека има калцификати, ама сега уште повеќе. Вика на ова ехо очекува болки секој момент. Да одам на цтг и утре и задутре и пон сабајле пак цтг + ехо, па да договориме кога да индуцираме пораѓај - ако до тогаш не добијам болки. Не сака да го чува веќе внатре во таква средина. Веќе ми удри во глава еден reality check и ме фаќа возбуда/паника/среќа/страв..
А да си тркнеш на проверка до докторот што ќе те пораѓа чисто освен матичната да те видат и они. Ќе направат сигурно и цтг и се што треба. Барем ти да си раат
Хихи ако тркнувам така, убаво ќе направам. Саат и 40 мин ми е до Битола тркнувањето. Во среда бев кај матичната, се е во ред. Во понеделник сум кај докторот што ќе ме пораѓа. Денес петок, некако не ми се избрзува, незнам. Може само филмови се ова.
Да пробаш рака да ставиш на меше да го промрдаш нежно може е успано но да лежиш мирно на грб, моето така повеќе се размрдува отколку благо кога јадам одма поместува ноџе, газе што и да му е тоа
Го правам и тоа, има мала реакција. Но нема акробации или целосни превртувања. Изгледа мрзливо детенце е ова
Битно си мрдка, не му ја мисли кога ќе се роди ќе имаш цел живот да те нервира што е немирка мала, сега нека одмара
Чим си во понеделник еве за 2 3 дена но ептен ако си загрижена види дали можат порано да те примат денес утре. А мислам чим си мрда може да е така бебето. Ве читам со девојчиња сите ви се помирни.. ние со машки некако се сите појаки. Дали коинциденција или може помирни си се
Не брее до ѕверкиве е. И првото машко ми е па со него вакво нешто не доживував. Имам пишувано ептен нежен беше никаде го немаше. Сегаа...стомаков од топка се прави како две големи брда. Цел е нерамнини. Па кога ке земе да мава доле се држам мислам готово ке излегува. Па во јајници. Па се превртува... На ехо една слика немам само во движење е. Неможеше протоците др. да ги измери од што мрдаше
Баш исто како што опиша е и кај мене. Ама што викаш нема правило секое бебе приказна за себе. И ја кога одам на преглед се чудат многу мрда не можат да измерат протоци...други кога им доаѓаат претежно помирни за овој период им биле
Докторке, ќе се караме Не си прави такви филмови. Нормално е да не мрдаат ко порано. Нема простор. Јас цел 9ти ко тебе така ја осеќав. Му здосадив на докторот. Велеше нормално е,бебе нема место. Посебно ден два пред пораѓај, па ич не ја осеќав. Се спремала таа за излегување. Без паники. Нормално е. Ќе излегува уште малку момата А за запекот, јас дома си ставив чепче, се испразнив. Не сакав во болница да идам во вц, катастрофа им се. И на крај директ на бокс завршив. Да не ставев чепче, таму сигурно беља ќе направев А за депилирање ,немајте гајле. Ќе имате време и за тоа штом ве фатат болки. Не трчајте одма во болница, подобро е дома Тоа ви кажува експертот што се породи пред 2 месеци Ми недостига темава Со лесно на сите, посакувам да имате пораѓај ко мојот