Возите ли кола вие што сте при крај? Нема кој да ме однесе за крв земање ќе морам сама со кола, ама ептеен ми е шубе. Ако пукне водењак
Јас одмна не возам ради вртоглавици јаки. Па и да ти пукне ќе се одвозиш правец во болница Битно да се оееќаш ти дека можеш мене скопјево ми е страшно веќе никој ништо не гледа
До 8ми месец возев, и ми удараше волан во мешето. Сега не би искрено. Иако имам страшна потреба моментално, во карго ми стои ранецот од пикичекам маж да го земе, бирам да ме возат или во такси ќе седнам ако е ептен нужно. Сама не би
Возам. И на дупки издржи сестро. И дете позади плус. И да пукне видењак до имаме фора едно 7 саати минимум
Помина и трет скрининг, се е супер, мома си расте. Прашав за мрдањето Др ми рече не се замарај со тоа многу, важно да осеќаш било какво движење во текот на денот. Се пожалив дека нема клоци и јаки удари и дека е нежничка и прашав дали да бројам. Ми рече да не бројам и дека допрва ќе добие повеќе сила за да удира појако. Може 20 мин бев внатре бебе не сакаше да си ја помести раката и да и ја видиме фацата. Се смешкаше и не даваше никако да ја сликаме А намерно јадев пред да влезам таму демек да се размрда ама ништо. Протоци, постелка се беше во ред. Сега ги гледам дома сликите и ми се гледа како папочна да и е околу врат, а Др ништо не ми спомна за тоа. Веројатно нема да и остане така и не е нешто страшно. @Alishan30 не се секирај значи штом мрда добро е, плус ти си при крај и снемува простор. Ама најубаво оди си на цтг ако ти ствара напнатост, подобро така него да бидеш напната.
И јас од утре 30 недела, па ни мене не ми кажал гинекологот да бројам удари. А и искрено кај мене потреба за тоа нема, оти не 10 туку 50 можам да избројам и удари и поместувања. Абе оваа женска некако воопшто не е нежна како брат и. Каратистка уште сега. А пред контрола пак се умирува и дава да се слика. Позерка права. Само преку лице и е папочната врвца па едната страна не испаѓа добра на слика веќе 3 месец. Инаку веќе знаеме како изгледа. За брати и ниту еднаш на слика не го видов, немаше матичната во Мк 4Д ехо па само си го замислував. Хехехе.
Гледам се плашите од пукнат водењак и дали ќе стасате во болница на време...јас со пукнат водењак дури после 12 саати добив некои болки и тоа со провокација и уште си течеше али искрено од јаки менструални болки и раѓање има разлика и тоа огромна дефинитивно али прегледот со рака за да видат колку си отворена се прави на контракции тој преглед со прегледот кога те проверува на редовен преглед врска нема ќе си видите самите,за средувањето ако немате шума доле не ве пипаат сакам да кажам и да боцкате малце да не сте писта не јадете брич . Али дефинитивно ако би се пораѓала би одбрала пак царски бидејќи е царска работа И за прдењето ќе си прдите од кога ќе си внесувате течности и по нешто ситно храна кога ќе почнат цревата да работат и за тие што имаат запек клизма права ствар се олеснуваш во рок од 2 секунди инстантно и се осеќаш за 5кг полесен
Како мислиш од јаки менструални до раѓање има разлика? До болките за раѓање дека има разлика? Поболни се контракциите... осеќаше со епидуралот? Добро е што не просветли за бричењево
Со епидуралот е божја работа се осеќа повеќе притисок болката и не ја осеќаш али многу е битно анестезиологот убаво да те боцне да фати убаво по кичмата надоле и нема да имаш проблем
Како наближувам до 9ти месец полека почнувам да се освестувам дека ќе имаме бебе и ме фаќа мала паника. За првото се свестив откако го родив Само нека се здрави и живи бебушките да биде се ок, а за напорно, напорно ќе биде
А што, може и да не фати? Леле почнуваат паники да ме фаќаат. Ќе барам на некој од следниве прегледи со анестезиолог да се видам да си попраиме муабет
Блазе си ви. Кога ве читам дека сте имале и опции за епидурал ви завидувам по малку. Јас кога се пораѓав пред скоро 5 год во Мк сите болки ги поминав, абе какви опции какви епидурал и и слично. Сега не знам што ме чека овде во Словенија ама се надевам дека барем ќе биде епидуралот во опција.
Таму ќе ти биде сигурно подобро Порано гледав видеа со породувања природни... со добра бабица што е посветена и трпелива жените си раѓаат смирено дури и често поминуваат без сечење. Имам чувство тука -зборам за гак - дека е толку напнато и исфорсирано , све нешто ко да се брза. Тоа е моето искуство
Зависи како е боцнато обично анестезиолозите не грешат само да не се надевате дека на најмали болки ја добивате анестезијата...додека ве боцкаат ако ве фатат меѓувреме контракции нема мрдање ќе ќутите и ќе стискате заби не е толку мрачно не се секирајте али дефинитивно е светска работа епидуралот господ здравје да му даде на тој што ја измислил