Cel den i cela vecer bolki, ctg mirno otvorena 2 prsta. Sto da pijam, sto da pravam ne se podnesuvam od bolki...
Кога ќе ти доаѓаат контракции, крпа со топла вода, колку можеш да издржиш потопла, нека ти става некој на кичмата, ја намалува тоа болката , а мислам дека и побрзо ќе се отвориш. Јас така отидов 8 прста отворена , со мали болки. И кога отидов таму ми рекоа на секоја конттакција да напнувам, за да влезе бебе во родилен канал. За саат ипол родив. Со среќа мила
Еј фала за советов со топлата крпа, читав за ова дека топлата вода го намалува интензитетот на болката и топол туш кога ќе почнат контракциите бил многу добар, ама некој па и не го препорачуваат. Ова со крпава е баш добра идеја.
Јас пробав прво под туш. Ама не можев да седам така. Не ми беше удобно и ме болеше. После во спална, на колена клекната, со рацете потпрена на креветот, на секоја контракција кога осеќав доаѓа болката, мм ставаше ептен топли крпи и не ме болеше многу. Се надевам дека ќе ти помогне и тебе ова
Мајки јас вријам значи, запеков ме уништи скроз мака мачам со месеци прочитав и други феминки пишуваат околу тоа.. јас лично комзумирам топла вода, супи, ленено семе, кафе, сливи, цеден портокал, глицерински чепови и најново ефекол прашок растворен во вода не ми ни текнува више што не испив само за да одам во тоалет И НЕ И НЕ ќе си пукнам со денови не одам и кога ќе се олеснам пак не одам по 3 4 дена некогаш и по цела недела и се така. А кога одам со сила буткам се грчам као да се пораѓам, незнам и тоа колку е добро за бебето, разговарано ми е со матичната гин и во Ремедика исто така ама дџабе ништо не ми помага
Најпрво немој да напињаш кога одиш во wc. Околу проблемот со запекот пробај секој ден пиј повеќе јогурт и топла супа, јас на почетокот имав проблем со запек и ова ми помогна, ама не е тоа еден ден напиј се јогурт и супа и да очекуваш одма да се промени, секој ден ќе практикуваш додека не се среди, плус и чај од нане можеш да си пиеш.
Каква храна јадеш? Дали ти се скроз отфрлени бели теста шеќери? Магнезиум пиеш навечер пред спиење така? Мене тој ептен ми помага. И кафе ми помага исто така.
Девојки ,32 ра недела сум.Денеска имам некое пецкање скроз доле како во бешиката.Ви се случило ли?уринокилтура чиста,правев пред 2 дена .Ве молам за искуство
Ќе пробам еве и тоа од утре сабајле дај боже господе!!! Чај не сум пиела долго време, може ќе успеам Мг пијам од 400, јадам и теста ама стварно конзумирам и многу течна храна, порано бар со кафе одев одма сега ни тоа не ме спотерува ни чепот, незнам како е можно
А мрсничко да пробаш да каснеш, бурек или слично... Кај мене имало ефект мада ретко сум имала таков проблем
Пробај по една лажица чисто маслиново да пиеш и тоа помага. Знам на детево мало кога беше му давав во шприц директно во усте и помагаше. Со лесно
Мене на почеток теста многу проблем ми правеа и бев на течно пире, супи, чорби и така недела две па се стабилизирав. И суви сливи јадев