Имавме 2 пати негде 4-5 месец.. третиот пат ме болеше, некако нелагодно ми дојде и мм толку испаничи и се преплаши што ни направи шубе и на двајцата.. еве денес полни 38 недели и уште не ни паѓа на памет. Јас сакам да се породам од 1.10 натака - ако не дојде бебе до 1ви, тогаш имаме, па и стимулира пораѓај да сум си раат
Го знам ова, ал ми се не да! Нас интензитетот ни е намален во споредба со периодот пред бременост, што е нормално... Голем стомак, едно време му беше непријатно оти бебето мрдало за време на чинот, па при крајот се едни исти пози ради стомакот... Али неќна гледам на самодоверба дури му влијаеше кога го одбив по не знам кој пат. Дури на шала му реков "сонував како се сексаме, се рачуна ли тоа?". Сега ќе му објаснам дека не сме биле само ние, имало херои по година дена што издржувале. Да напоменам, цело време сме имале зелено светло од доктор, никој не посочил дека се можни некои компликации.
Ми текна уште нешто. Лимонада си пробала да пиеш сабајле? Со малку вода да е покоцентрирано и тоа знае да помогне
Исто На почетокот кога имав крварења не фати страв и двајцата и цела бременост сме без секс, цели 8 месеци. А чудна работа, ич не ми се сака Тој сака многу ама му е страв. Ај му велам да влезам во 9ти ќе надокнадиме, ако дозволи докторката Мене ми е повеќе страв од инфекции отколку од други работи.
Кај нас обратно - јас сакам, он се плаши... викам гајле ми е, плаши се, ама дај И така ете 2-3 пати, ама веќе после болките и мене ми е страв, па си викам да не напраиме беља..
Сега станувам, се убивам од спиење ќе направам лимонада, фала ви на советите се надевам дека денес ќе успеам
Денес бев на преглед 38 недела и 2 дена, цтг и вагинално поминав... цтг без контракции и 0цм отворена. Со мака го поминав вагиналниот, тоа многу болело бре, сега во среда сум на ехо цтг и вагинално пак, нозе ми се враќаат уште сега хахахах.
А зошто те гледаат вагинално ако цтг е мирно и нема индикации за болки и пораѓај? Јас на два дена одам на цтг, овие 4 дена и секој ден, па вагинално не ми ни спомнале, ниту виделе.. баш може и да изиритираат така и да направат крварење.. каде е ова?
Имав контракции на цтг, но претпоставувам слаби се штом немав болки затоа велам мирно ми е цтг. Дома имав болки и ме праша докторката и и кажав може затоа ме прегледа вагинално. Клиника инаку
Не не хаха, доколку немаш потреба нема да те чепка нема зошто, ама јас и спомнав и за вагинален исцедок обемен а све ми е чисто на брисеви и уринокултура и мислеше претпоставувам и да не е чепот не знам. Која недела си?
Секс во деветти месец и тоа како се препорачува, помага за да омекне грлото на матката, за побрзо и полесно отворање... Проблем е само да се најде згодна поза
Не е толку болно колку што е непријатно... Барем моето искуство такво беше, среќа па кратко трае... Биди опуштена само
Денес полна 38ма.. ама докторот ми најави дека е можно и пред термин да треба да се породам пошто ми се намалува плодова вода и имам калцификати на постелката.. утре сум на контрола, па ќе видам што ќе ми каже
Се смилував и му дадов на човекот. Успат го потсетив дека има јунаци кои издржале по година дена. Таман се решив, почна да го фаќа страв да не го удирал бебето по главата. Маживе се комедија! Лажичка, доги и ти да лежиш странично, он да е исправен. Нема други.