Официјално 37 недела и официјално јас сум инвалид. Луѓе ме боли карлица едвај одам, со плачење се превртувам во кревет. Коски ми крцкаат мислам ќе се скрши некоја. Знам нема чаре само да се пожалам
Истата сум! Плус ме фаќа нестинг синдромот и само се мачам да подзачистам, оти мојов абер нема. Згора на тоа мајка ми вчера "е како тоа спиеш многу? Стани да шеташ и да се раздвижиш, не смееш да се улежиш"... Ајде уште малку.
Е така треба ама матичниве си наплаќаат. Секое ехо 300-350 ми наплаќа скрининг 1000-1200 како што памтам.
Мојот секое ехо 700-800 ко и обично, а прв скрининг 1500 ми наплати. За земање брисеви 100. Матичен демек. За ништо нема сметка, никаков приход не пријавува. Инаку не сум 3то тромесечие, ама ве читам за да се спремам.
За сметка јас како што одам обавезно фискална ми даваат. И затоа викам чим регуларно си наплаќаат со фискална сметка валда законски смеат. Ич не разбирам како е. По правило за трудница треба да се бесплатни и под фонд...па не се кој може да ги плати твојот ептен претерал
Матичнава цела бременост ми наплаќа ехо.И брисевите во 12 та недела ми ги наплати и сама си ги носев во пролече.Сеа последниве брисеви ќе ми ги наплати 100 %
Му кажав дека веќе направив скрининг на приватно кај ивф докторот. "Ако ако, и јас морам да видам. Многу е важно да го следиме, душо." А времето за прв скрининг веќе беше и доста поминато. Секогаш ме нервира, ама тој ден ептен. Сега и втор сигурно ќе сака да прави и тој, иако ќе си го закажам на приватно. И ко што сум проста, пак ќе го оставам и ќе си платам.
не му дозволувај ко така. Само за упатите оди му и дај му резултати копија од другиот доктор. Отворено кажи му, ако е без пари...пеќи. нека те ѕирне и он. Ако не, задоволна си од скринингот приватно.
И мене матичниот што ми ја водеше првата бременост ми наплаќаше и за прегледи и за брисеви, се додека не доби пријава од некој пациент. После тоа да видите како се беше бесплатно.Овој матичен сега ништо ми нема наплатено, ниту пак сум платила по лаборатории за било кое испитување.
И јас добивам сметка секогаш, а си плаќам секое ехо 300ден, брисеви 300ден така да веројатно смеат да наплаќаат штом си вадат фискални
Кој знае какви фискални вадат, прво матичен не смее да наплаќа на никој пациент, секаде по врати и ѕидови имаат залепено натписи, работиме со фонд, преглед не се наплаќа, за трудници пак плус што секаде е бесплатно, мене матичните и пред бременост за ништо не ми земаа пари, ехо, брисеви, еден пап во годината исто е бесплатен. Разлика е кога си бремена , кога ги носиш брисевите на микробиологија и таму не ти земаат пари, кога не си, си плаќаш само таму, на матичен ништо. И кога веќе одите и по приватни доктори , најдете си некој чесен матичен кој нема да ве краде.
Од пред неколку дена имам некоја болка под градите, како цела дијафрагма да ми е прелапната осеќам. Ме боли на допир како изгореница да имам, пржи Кога се смеам ме боли, кога седам свиткана исто, и кога ќе се протегнам. Како воспалено да е не знам како да објаснам. Не обрнував внимание и не ни прашав на преглед кога бев, ама ме нервира. Имала ли некоја вакво нешто?
Не ме болеше ама тој период тешко оди дишењето и може кај тебе е поизразено. Веќе сега 37 бебево се спушти па дишам, можам и на грб да легнам. Иначе со пред две недели не можев да дишам многу ми беше тешко, ме болеа така гради на моменти...