Кај мене ова почнува тек. И тоа навечер е поизразено кога ќе ми се подуе стомакот. Само не паничи. Јас пиам б6 за да се смирам малце и гледај поплитко да дишеш. Кратко споро дишење за да не ти се напрега дијафрагмата. Ладен воздух и подигнато лежење во мојот случај помага.
Немам проблем со дишењето. Може ќе почнам да имам ама како стомачни да сум правела осеќам. Тешко ми е станувањето од кревет ме боли. Почнувам како мече да се осеќам веќе
Цтг мирно, нема најава за скоро породување, ама бебето е уште карлично завртено. Ми рекоа да си закажам царски во 39 недела,затоа што не се нафаќаат на природно. И минатиот пат не се нафаќаа, па отидов во друг град и се породив природно.
И мојот беше ваков мирен у меше и во први 3 месеци, а сега не можам да го допазам. Бељаџија невиден. едит: сега видов дека си се породила. Честитки
Te pritiska bebeto zatoa, jas duri na internist bev od panika ama se si bese vo red.majka sve ke izdrzi
Женски имам едно прашање, дали и кај вас после 30 недела апетитот нагло ви се зголеми? Значи се ми се јаде, и во поголеми количини од вообичаено ми се јаде. Гледам дека од прилика на 2 сила 3 саати ми се јаде. Имам 3 главни оброци, и овошје измеѓу. Знам и да каснам месено, пржено, чипс,смоки и такви работи. Газирани не пијам воопшто. Ама некако нагло почнав да огладнувам. Не знам дали е вообичаено или период е само?
Цела бременост немам никаков апетит. Ниту пак сега. А последниве недели дури и со сила јадам, чисто да не бидам со празен желудник. Гледам железото ми паднало, ама ваљда нормално е тоа на крај. Како стоите со вредностите на железото?
Еве јас за мене да кажам во 21 недела ми беше 112, па во 25 та 105, сега во 30та 104, од 25 недела примам терапија ама некако не се покачува. Ми ја зголемија дозата и тоа е тоа. Гинекологот ми кажа дека честа појава е тоа во бременоста особено во подоцнежните месеци.
Какви се тие вистински болки? Имам доста силни менструални болки и како за во вц ме заболува стомак а не ми се оди. Кичмава ме боли ептен, а бебево е многу размрдано многу удира дури без воздух ме остава... Утре имам цтг да не треба порано да одам?
На интервали...ќе почне па ќе пушти. Да ги мерам? Докторкава ми спомна вистинските не престануваат ама не ја разбрав како да ги распознаам
Со првото, прво имав пролив ден-два пред болките. Кога ме фатија болките, ме болеше и стомакот и половината. На интервали ми беа, од сабајле до кај 12ч попладне. После тоа престанаа. Од кај 16ч ме фатија пак и веќе не престанаа.
Кога ќе видам дека си пишала се стресувам дека јас и ти во ист ден сме јас имам болки постојано, ама бебе е мн мирно не клоца само се тегне, па пијам појачано магнезиум. Ако ти е блиску Ремедика појди на едно цтг да не се тревожиш.
Мери го растојанието од болка до болка.Ако е болка па 15 минути без болка, па пак болка 15 мин тогаш спремај се
Фала ви на сите ќе почнам да ги следам како се болките. Блиску ми е ремедика ако нешто ќе отидам да ме видат. Ова ептен ме легна во кревет од што заболи па еве сега мирна состојба. Ајде да видиме како ќе биде понатака