27 недела, хелоу треро тромесечие. Сакам да прашам, до која недела може да се патова со авион дали некој знае? Секако дека ќе ја прашам матичната ама има уште недела до следниот преглед.
Ме си единствена, јас од претходнава недела јадам се и сешто. Може да е и до есенското време, јас тогаш и во зима многу имам апетит.
Нормално е девојки олку да ми се спие нонстоп? Откако влегов во 8ми месец само ми се спие. Неможам да функционира поинаку...а и бебуш се успива со мене само кога јадам се јавува. Што е ова зимска хибернација?
И јас спијам како во 1во тромесечие... може и железото да ти паѓа бар кај мене е ниско и ме бутка на спиење буквално кај 9ипол сум кома
@Tsukinory иста сум со спиењето во последно. Едно е времево што се менува, и друго железото ми беше паднато на 7 на последната крвна слика. Сега почнав со хеферол и вит Ц и малку ми се врати енергијата ама пак одвреме навреме ме фаќа некоја мрза и ми се спие.
@Izzy_0504 Јас сум кај Зоран Јовановски. Ноќеска имав малку киселини одвај заспав. Иначе јас се немам мерено колку кила сум ама не сум поправена ич само во стомакот се ми зима бебево ☺ ама па затоа стомаков партал ми се направи од стрии арно викате џабе е мачкање, до кожата е.
За стрии и кај мене од првата бременост еве гледам сега си тргнаа нагоре. А една лилава боја темна страшна. Од прв ден мачкам мустела џабе.
Јас немав до сеа ниедна, вчера влегов да се бањам ама моето бањање е по саат време и од што стоев во едно место, ми стежна стомакот и ме заболеме ептен кичма неможев да се мрднав, видов на огледало стрии од двете страни под ребра, ептен се напнав
Исто, со првата бременост ми се направија некаде 8ми 9ти и сега почнав да се мачкам од кога забременив и еве во 9ти ми се раширија, се продолжија. Туку сакав да ве прашам сега тие шо треба да се породите како ќе ги облекувате бебињата на испагање? Со шпикозни планирам и боди оздола
Јас планирам шпикозни и боди по долги или кратки зависно какво ќе е времето и камче. Ќебенце посекако ако е ладничко
Јас ставив 2 бодиња по кратки - едно потенко, едно као подебелко, две шпихозни - исто едни потенки, едни подебелки и со едните шпихозни оди капче во комплет, со другите не, а не знам ни дали да ставам кспче воопшто.. 10 метра се во прашање што ќе биде бебе надвор.. и да, едно тенко мекано ќебенце. Не е уште ладно за да ги тунтаме со многу облека
Капче обавезно се шалам...не знам дали е обавезно ама мене само тоа ме прашуваат бабите Капче дали имам, морало капче и ракавички
Хехе не се ни сомневам дека бабите за капче прашуваат Јас не би имала толку капчиња колку што имам (12-15) да не одеа во комплет со шпихозни
Ја па немав само со 1 шпикозни одеа во комплет. Мислам мајка ми болна падна кога и реков дека немам отиде купи 10
Само за излегување му ставив капче, го сликнав и во кола му го соблеков, пекол беше. Од тогаш уште не сум му турила, а ги имам многу 4 нови како за сега од комплетите и другите од батко му. И ракавички не му турам, а имам исто повеќе, се гребе ама побитен ми е развојот. Нека го осознава светот Ти што направи со болките ?
Хахахах Кај мене ни мајка ми ни свекрва ми не се мешаат и не зборат ништо до сега. Цело време е муабетот - друго време е сега, како си знаете и како мислите, така терајте си. Мајка ми само вчера си кажа ‘критика’ сама за себе - пред некое време купи бањарка и два пешкира за бебуш, преубави со нив купила и 3 лигавчиња, памучни, ама скроз бели.. да не кажам најобични на свет, ‘старински’.. и вчера беше кај нас да види како сме наместиле креветче и шкафче и ги гледа ‘модерните’ лигавчиња - како марами, па дезенирани.. вика што се овие? Викам лигавчиња.. леле дури ко да се усрами ‘па што сум купила јас? Старински обични.. не ги користи ич тие, види сеа какви имало нови, не сум знаела’
Ракавички за од болница до дома инаку на внук ми ни за од болница не му ставивме ама па не се случи да се изгребе. Болките вчера ми престанаа после тоа и толку вечерта шетав се беше ок. Денес сум на цтг и ќе видиме што ќе кажат мислам па ќе ви пишам
Ти среќа имаш мајка ми ај горе доле поише се разбира затоа што внучето пред 5г се роди тогаш излезе се модерно шаренко само го дотерувавме. Ама свеки не разликува ни машко женско ама ќе се искористи секако. И да она само збори како било пред 35г и дека и ние истото треба да го прајме...