На мене баш ми се свиѓа бело за бебе некако ми е најубаво, порано така купувале зашто ги превривале алиштата Мене се што ми купуваа до сега и свекрва ми и мајка ми е розе, сега ме мава филм да купувам само бело, ама баш она чисто бело без никакви апликации
Него што големина земавте за излезе од болница, јас имам спремно 50ка ама бебево како тргнало 3100 е сега а не сум ни 38ма недела да не му бидат мали ?
и јас имам се 56ки 62ки дури по некоја 68ца, само 2 бодиња 50ки и едни шпикозни за од болница ги купив 50ка бројче божем да му бидат точни ама како тргнал буцко може мали да бидат на нив пишува дека се до 3кг ама некако не ми личат толку мали...
Му облеков комплетче од тие во кутија што се од wenice, пливаше во него. Се роди 3060, 48цм. Во 38ма недела се роди. 50ка ќе му беше таман ама овие во кутиите се поголемки, нема избор за број, а 0 пишува. Ваикики имаат 50ки ако најдеш поубаво комплетче. Ако се роди над 50цм и над 3500 грама тогаш 56ка облечи му.
50ка земав. Покрупно е и кај мене бебрво по мерки. Но мислам дека секое бебе старо 3дена или 5 дена 50ка ке му е точно
да од ваикики и земав 50ка и едно од картерс имам, ама ми викаат демек ако пишувало до 3 кг и бебиња од 4кг им биле таман ама некако сомнително ми е, за секој случај ке спремам и нешто поголемко
Иако ми е термин 28.11. јас уште сега имам спремен комплет 50ка. Мислам дека ќе и одговара во секој случај. Не сакам да и виси па. Па макар и еднаш само да ја облечам во него.
и јас со иста намера купив ама сега се исплашив да не биде ниеднаш битно да се живи и здрави па сега тоа е што е
Ајде сега есен, зима иде капче не е смешно да го облечеш, ама мене ќерка во средина на јули со 30 степени без клима во болница со капче ја облекоа А беше покриена со јорган дебел.Пред да си одиме дојде една сестра и не скара да го облечеме детето на куси кога ќе излеземе оти жешко било и за нив Фала Богу Ама после што се погоди еден август со 13 степени , ама капа не и ставав, а ракавички и ставав оти не и сечев ноктиња
За од болница 50 земав, друго се ми е 56 и 62. Ќе ги спакувам во торбицата 50ката и едно од 56-ките, за секој случај.
Каква капа стави мајка жити се? Топло беше. Јас само по куси ја облеков. Никакво боди немаше. 50ка. Се друго ќе е големо. Моево 50см се роди, па 50ките и се таман. Во 56 ко во торба би била.
Дури на крајов ја видов темата, не сум се најавила. 3ти октомври ми е термин, инаку 38+4 денеска. Малиот го измерија неќна 3700.