Не сум почната јас, 32 недела сум, рано ми е. Прашувам да знам сакам сликичка од бебуш не ни даваше да ја видиме, се криеше @firequeenn не паничи, и кај мене секој ден во различен период си мрда нема некој ред. Во ред е прашав доктор. Ќе се јави сигурно во текот на денот.
Еве го се јави конечно. На сок од цвекло ми реагира бе. Си сака здрави работи изгледа Ама стварно паника е ова луѓе, колку што можеме негативни мисли настрана најдобро ќе е.
Цела бременост се грижам за мрдањето. Колку треба, како треба..уште толку кога читам како тука ве растурале од клоцање, па ве болело итн. Јас такви удари не сум осетила а досега на ехо се е во ред, и постелка и протоци и бебе си напредува убаво. Едноставно си прифатив дека имам мирничко и мрзливко бебе
38+5, Denes ctg okej se naredno ponedelnik vaginalen pregled... @Izzy_0504 @Milkiway pominavte vakov pregled ?
И мене не ми го најавиле...само со сонда ме гледаа ваинално грлото затворено. Вчера пак имав контракции ама не ме проверија @eli.karameli како си денес? Се потсмири малце и кога треба да се видиш со докторката?
Денес бетер, ми иде усвит да фатам. Ем дете ми се разболе со температура ем мојава докторка дури во понеделник ќе била на работа, овие два дена не. Како ќе се пораѓам, сега па и со детето се напнав си викам 9 месеци седам дома, да не закачи детево корона па да ме префати. Абе хаос!
Лајкот е за поддршка. По сестра ми гледам сите деца биле болни рашмркани не мора да значи дека е корона. Промена на време нагло... Оф таа твоја докторка. Добро ајде ќе биде
И на сестрами двете деца исто ги фати настинка со температура и носот им течеше па еве сега се подобри докторката и рекла обична настинка од промената на времето
Ние во една продавница гледаме колички. И доаѓа жена со количка спакувана и вика: Јас вчера бев ја купив количкава ама не им одговарала бојата па ако може да ја вратиме и газдава уште и вика: Ти реков јас на свекрви не продаваме без снашки кога доаѓаат ја зеза Она си отишла си купила количка и ја скарале. Ја се изнасмеав Да вака ќе звучи незахвално демек ете ама креветче количка е нешто што ти си го бираш. Бар требала да те викне заедно со тебе да гледате... што да се каже повеќе
Мајка ми ми купи количка, ама отидовме заедно, да си одберам јас. Ако веќе купуваат нешто што мене ми треба, јас сакам да си одберам. Свекрвата преферира таа сама да бира, пошто таа знае се најдобро, па после Цацко и е крив кога и ги враќам стварите назад.
Извини го избришав постот од тука мислев во погрешна тема дека е. Проблемот е што јас сум сеуште Македонија, а таа е во странство затоа не ме викна, ама ми прати слика на вибер и ме праша дали ми се доаѓа. Креветчето е убаво, ама сакав со мажот ми заедно да гледам кога ќе заминев. Ајде нека е живо и здраво бебето, со здравје да си спие, тоа е најбитно.
Не ни приметив дека е избришан нема врска. Аа јасно да . Е и ја на моменти како тебе си ќутам место одма да кажеш да видам на лице место или со мм да видиме. Ама ај што викаш нека спие со здравје купила купила без многу замарање
Колку често ви се стврднува стомакот, јас сум 37ма недела постојано ми се стврднува немам ни болки ни ништо, ама чудно ми е вчера докторката вели околу 10 пати дневно ли е или повеќе кога реков повеќе се зачуди, цтг мирно не покажува контракции...
Да не си менува бебе положба па затоа да се стврднува? Од 22 негде така ми се стврднува ама без болки. @eli.karameli докторката ми кажа до крај се пијат магнезиумот баш ја прашував.