Јас кога почнав до цтг во 39та, докторот што ме пораѓаше ми рече да си продолжам да си пијам магнезиум навечер. Си ги терав до крај, 42ра.. Тие болки колку и да пиеш магнезиум неможе а да не ги осетиш
Знам дека така викаат нема врска магнезиумот со болките , ама еве те фатила 42 недела и јас пиев до 38 и мене ме фати 42 недела па мораше со провокација.
Ти си неколку дена после мене, јас немам абер од контракции (рамна линија до 20) ниту болки. Само си јадам клоци
Поучена од претходната бременост уште почеток на 36та прекинав да го пијам. Цел девети си имав некои стврднувања, дури и навечер појаки болки што од страв неможев одма да заспијам ( со првото ми пукна прво водењакот, и сега имав уплав да не не знам кога ќе почне процесот за да бегам накај болница). И баш му кажав на докторот дека секоја втора вечер стресови му правев на маж ми кога ќе станев во ниедно време, и тогаш ми кажа да си пијам мг навечер да ми се потсмири да можам да поспијам. И јас исто како тебе 42ра со провокација, али ептен брзо помина
Лел и јас не знам што да кажам. Дури и денес пак бев. Ме фатија болки ама ептен со стврднување, со менструални болки,кичма... контракции си има се тоа ама лажни болки. Си добив вагинален затворено грло ( Ич да не му се плашите мене бар не ме ни болеше вагиналниот @Lovebug01 нежна докторка имаме да знаеш) И сега кога ќе биде како ќе биде врска немам Си викам ако треба со болкиве уште 2 нед да се бафтам...
Хахахах добро е Ќе тераш сигурно уште 10на дена, 2 недели мислам јас Јас од вишок слободно време си размислувам глупости, за да не мислам на пораѓајот дека боли. Како ли е сега, ги сликаат ли мајките и новороденчињата на пораѓај Ремедика? Сакам таква слика Како се ближи време уште не сум свесна што ме чека. А како си одите една по една од темиве, вие што сте месец пред мене ме фаќа страв ептен дека е блиску, дека не сум доспремана, ми фалат работи, а почнува веќе да ми стежнува стомакот, да не можам да се наместам за спиење. Уште не ми е стигнат плакарот што ми го прават Количката, креветчето и кадичката исто ги очекувам деновиве пошо пред месец дена ми се купени а не ми се уште доставени. Кога ќе дојдат тие работи мислам ќе станам малку свесна дека иде бебе Работите ми се уште во кеси, ништо не ми е испрано ама рано е си велам. Тоа ќе спремам кога ќе влезам во 9ти, првата недела. Си се 'испукав' јас.
И јас исто мислам уште 10тина дена. Ама па болкиве не се поднесуваат ама ај... ќе биде Инаку фати си со време. И јас чекав 36та па еве уште не ми е допрано, допеглано, досредено. Уште ми е некако се хаос а немам сила за ништо. Посебно кога ќе ме фатат болки лежам 3 4 саати во денот. Па дошло време ручек да направам, па вечерта користиме за што повеќе да шетаме. Знам дека и да се породам нема да остане несредено ама пак подобро е сам кога ќе средиш
твојата е рамна во 20 мојата е на 0 а мислам тука сме со термин... да те утешам дека повеќе абер има кај тебе него кај мене
Морам да се пожалам деновиве ептен сум тапа, све ме боли, колковите ме кинат искроз до долу ме болат нозеве, за срамната коска муабет да неправам значи едвај кревам нозе на спална да легнам, неможам ни 5 мин да постојам ме кине кичма, а си реков да залади ќе искочам да купам нешто да се спремам полека за мене изгледа тешко мрдање од дома... Плус со јадењево не сум нај нај ептен по малку јадам мислам дека од две залчиња сум сита, коселини се тука секоја вечер од сон ме будат. Кога читав овде дека е тешко трето тромесечие не верував ама стварно така било, инаку сум 28+3 се надевам малце ќе се освежам со расположение вака небива
На царски те сликаат. Анестезиологот ти седи до глава и он те слика. Па сестра го зема телефонот и ти го слика додека педијатар го прегледува. Се надевам не смениле. Тоа се слики за цел живот А баш сега треба да сликаат повејќе бидејќи таткото е тука запоставен па веднаш да му се пратат. Штета какво време дојде
Па да ти кажам во сала со телефонов ке си влезам. Нека го премачкаат со алкохол ако им е шубе. Јас слики ке ги натерам да ми направат
Јас па мислев со нивни телефони сликаат и после ти ги праќаат сликите Не ми текнува некоја скоро породена таму да ја тагнам за да каже...
@Jana06 еве ке каже За пред корона со мојот телефон сликаа и пред да ме носат на интензивна ми го земаа и го дадоа на мм. Тој пред сала чекаше. Е сега со корона ке кажат
Не ти е само до снагата мајче. И хормоните си маваат повеќе во трето тромесечие. Ако се разбудиш расположена ништо не ти смета ако ти се споиле живците се те боли и нервира. Ајде го поминавме летово, жешки температури, карантини. Уживај и земи си го 7ми месец биди си само за себе активна и за бебуш што ќе си планираш. Јас со толку лежење 8ми ме фатија црвците да не слушам и чистам. Цел ден ме караат. Ама чудо како пукам од енергија кога е во прашање синко и да ми е спремно. Баш nesting fever кога најнетреба. Добив опомена следен пат ме врзуваат за кревет.
Си го носиш телефонот во сала, ќе го сликаат бебето со твој телефон и после ќе ти го однесат во соба. Едит: Сега видов погоре сте пишувале дека анестезиолог ве сликал, претпоставувам мислевте на оној прв момент кога се гушкате со бебе. Нас не не сликаа зашто од 2 метри го видов само, го сликаа само него интересни фотки испаднаа, педијатарот го имаше демек седнато, а тој рика ли рика Во Чаир блиска што се породи ми прати слика како го бацува бебуш само што изваден и она без маска, абе убавини, се утепав од плачење. Ајде за второто ќе имам и јас таква слика
27 недела сум, овие денови го осеќам бебето ама многу послабо од порано ми се чини дека нешто не е во ред. Да не спие повеќе од порано или па нема толку многу простор да се превртува сега? Следен преглед ми е среда, не знам дал да одам утре, да не паничам?
Не мора ништо да тргнеш, мислам дека на секој телефон може да се отвори камерата без да се отклучи. На мојот може. Го едитирав погоре мислењето.