Пробувам, ама можеш да ја замислиш агонијава, 9месеци не сум излезена од дома и дете ми се разболува пред пороѓај. Све ми е собрано.
Знам те разбирам, и ние ептен пазиме од март навака ради корона, детево во раце го фатиле само луѓе од блиско семејство,па кревав паники кога крена тт, а се работеше за обичен вирус. Биди во контакт со педијатарот,јас го носев и на преглед и кс со урина правевме. Освен тт немаше други симптоми
А се мешало детето со други?! Ако не, немаш простор за паника. Знам дека е шубе. Јас кога дојдов на прием не ми беше готов тестот и ме пукаа нервози, а нит со некој се имав мешано, нит мм и детето. Коронава не полуде сите! Кај не фати па баш нас. Од тоа што сум ги слушала луѓето, најчесто мн висока температура не се качува со корона, а твојата има висока. Знам нема да те утешам, црвот ќе те јаде, ама до утре мислам ко нова ќе е малата. Летните вируси толку се, 3 дена.
Леле луѓе се тресам уште, бев во град и на одење дома точак со голема брзина ми излезе од лева страна, ама не знам колкава среќа имам па закочи, ако ме удреше по стомак со таа брзина не знам што ќе беше сега. Се тресам целата не можам никако да се смирам.
Истово пред 1мес ми се деси. Дете со голема брзина право у мене среќа еден човек го фати пред да ме удри директ во стомак. Од тогаш бегам пазам поготово точаци ме вадат од памет периодов. Напиј се б6 и легни одмори. Јас тогаш само баталив, не ме удри добро поминавме живи здрави. Колку побрзо се помириш подобро за бебе.
Ќе се смирам, ама некако страв добив сега. Не знам која среќа имам па детето закочи. Ова не ми беше десено кога не бев трудна, баш сега...
Е ајде де од што многу внимаваме пазиме се тресеме на се и ќе те извади вака нешто од памет. И ја претходно не сум се плашела од точак сега ми се темни и само разбегувам.
Нормално, си се преплашила. Убаво ти вика @Milkiway напиј се Б6 и одмори. Јас во 8ми месец стомакот огромен со мм отидовме на викенд и со тие глупите хотелски влечки се лизнав на излегување од вц, ми летнаа нозете како на жаба, кога лупнав на плочки мм од спиење го кренав. Се беше во ред среќа.
Не се плаши битно не те удрил, ако ти е за утеха јас сама се имав удрено во врата и модрица имав на стомак па еве супер е заштитени се во меше среќа добро поминало те чувал господ одмари сега и позитивни мисли само
Еее готово поминало. Сега наместо да си го враќаш филмот што можело да се случи, кажи си дека не се случило и биди пресреќна за тоа. Смени перцепција Не плаши се, преубаво се заштитени бебките во стомак
На секоја втора ни се случило да се подисплашиме. Јас на тераса се засопнав на влагање во спална од кутијата од креветчето. И тоа залетана бев, среќа ја држев уште рачката од вратата дури и ја расклатив за да се задржам иначе право на стомак. Го отцвркав малото прсте на ногата џигер модро цела недела. Битно не паднав.
Site sme isti znaci kako so dvizev po skali so vlecalki (poso nozete niso drugo ne mi gi sobira preoteceni) se izlizgav i padnav, srekja majkami me fati za raka i direkt na gaz lupnav ... paniki zvonenje kaj doktorkata plachki miljon... doktorkata vika ne se grizi bebche kako e zastiteno nema gajle- slednata kontrola se si beshe super... mnooogu pazenje treba mnogu
Фала Богу не те удрил. Јас во 9 месец(т.е еден ден пред пород) се сопнав и паднав на стомак, малиот го уплашив пола ден не мрдна. Само осетив како се спушти и се наместо ниско доле како за раѓање. Одма отидов на контрола, се беше ок, малиот само беше склупчен а јас преплашена. Ништо немаше фала Богу. И вечерта добив болки за раѓање ама не е од падот туку јас со термин надминат бев, па се смеев откако го родив абе синко да не се сопнев тебе не ќе ти текнеше да излезеш. Прошлата недела отидовме со мм и синот на планина во прошетка. Како национален парк е и слободно можеш да раниш припитомени срни. Арно ама имаше врнато дожд и јас сум се зализгала абе на газ сторпав. Среќа едната нога на пола газ сум ја ставила како заштита а другата ја истегнав. Хеланките лом ги направив се зезам сега ми велам на мм како дете од 5 год сум со гребаници на ногата. Ама ете кај мене традиција еднаш во бременоста на газ да си тропнам. И момата ја растревожив малку ама се помина во најдобар ред.
Фала ви многу на сите, баш се смирив сега сум подобро. Него имам прашање, планирам да патовам на 8ми октомври тогаш ќе бидам 29+1 со Виз Аир, ама читам дека жени после 28ма недела морале да извадат потврда дека можат да патоваат со авион. Кај да ја барам потврдава, кај гинекологот матичен?
Мене во купатило ми се случи. Го чистев купатилото тоа водено јас наваму натаму се лизнав за среќа се задржав за мијалник, ама како се исплашив, почнав дури да плачам од помислата шо можеше да биди.
За нигде мила. Мене ме фати грлото како загноено ми е, имам и блага температура, малава два пати крена денес до 37.8. Јас се напив парацетамол, ама грлово ужасно ме боли.
Жени не можам да спијам. Дете се превртува дури боли. Само што сум заспала ужашен сон за неполн саат. Кошмар од што имам нелагодност поврзана со мрдањето. Кога ќе заземе позиција да подзабави малце. Вака две кила не е мала работа да ти се тркала низ стомак.