Ај јас посабајле уште кафе неиспиена. На бришење имам како точки слуз мислам дека е чепот. Не знам да не е реакција од четвртокот од вагинален преглед. Одма ли треба да одам во болница? Дека не знам која количина треба да биде. За болки...болки 2 нед имам веќе ама рекоа лажни биле Едит: Да се едитирам дека е и поголем слуз имам најверојатно е тоа. Изумив да ја прашам докторкава да ли се оди одма на лекар или не. Најскоро @lemon8ejt се породи и прашуваше за чепот. После колку време се породи?
Јас до 4 сабајле не можев да спијам, а 27 + 3 сум. И кај мене многу мрдаше посебно накај 3 сатот. Денски спие ме плаши едвај да мрдне, ноќе почнува и не ме остава да спијам. Троа вчера малце изнервирана и сега морам вака нененаспиена во банка да одам ред да чекам да платам нешто.
Леле, не збори аман. И кај мене цела ноќ само се тегне и болно е дури. Недела дена беше нежна, онака по малку ќе се протегнеше. Ама пак почна да станува груба. Клоца мава, со главата турка ли турка. Ама од се најболно ми тегнењето. И веќе почна да притиска на желудник,леле. А каде се уште 2 месеци. Од денес почнуваме 8 месец.
Не се оди ако немаш болка.Може болки да добиеш и по 2 недели.Така да уживај.Ако почнал процесот нека биде само со лесно
И мене ми падна чепот па се слеа голема количина на плодова вода,моментално 3 см и кај мене слабо болки,а и ми се случи мала незгода исчашив зглоб паднав тоа беше пред да легнам а сабајлево околу 5 почна да истекува и ме фаќаа контракции на неодреден интервал сега ќе ми индуцираат пород и така сум 38 недела петородка,матичната и ми рече дека можеби нема да терам до крај
Sega ja prasav sestrata vo remedika vika da ako projdat dve nedeli od prviot korona test pravis pak wooww
од денес 27 + конечно во темава да пишам и мене ме фаќа некоја паника , треторотка , а петта бременост , минат пород во 35 недела и упорно и кажувам на матичнава доле осеќам притисок од кој неможам по мала нужда да одам како што треба , она ме гледа со вагинално ехо само , преглед со рака не и вика се е ОК- цервикс е високо , јас мислам дека сум подотворена , вчера два магнезиума и пак цел ден бракстон хикс ама послаби и кратки.... среќа останувам дома од следната недела не одам на раб веќе ама се си мислам дека ќе се породам порано , нешто такво ми се увртело во глава
И ја цела ноќ не сум спиена многу ме клоцаше дури мислам дека цел стомак ми го креваше на моменти инаку сум 27+1
Кај мене пак, денски повеќе клоца, особено попладне. Ноќе кога ќе станам за во вц малку ќе изровари и тоа е тоа. Нормално ли е само на десна страна ја осеќам? Од 26 недела е со главата надолу, грбот и е под моја лева страна а нозете под десна и само од десно ја осеќам долу ниско и горе кај ребра. Левата страна од стомакот ми се изобличува само кога ќе се протегне. 32 г.н. сум сега, нели треба да менува положби, да се превртува, или може и во една да си седи?
Исто комплетно ми е наместен. Нормално е. Моли се да не почне допрва да се меша страни. Мислиш од папок ќе пушти некое раче или ноџе.
Истата положба ја има завземено и мојава беба од 29 недела. И само ја осеќам на десна страна како прета со рачињата и ноџињата. А на лево само ако се под сврти лево или десно. Ама слабо се врти. Ама затоа се протегнува со цели нозе на десно, нозете и излегуваат од слабинава моја десна, цели стапала се познаваат.
Луѓе колку сум болна немате појма. Ееј од дома седење ме префати од малово. Нос тече грло боли, а треба царски да правам. Јас не знам како ќе ме оперираат, ќе се мрсулавам во сала
Има шанси наредна медела веќе да те закажат? Имаш време да се опоравиш таман. Паѓа имунитет во бременост тоа е ајде со помин нека е поскоро да се опоравиш
Oфф кај те снашло. Ајде со помин. Пиј чаеви, течности, тоа е. Сега и времето како што наеднаш залади нормално е вакви настинки. Јас лани овој период бев крш цел месец затната и кашлав. И таква испозатната хистероскопија опртативна правев, добро поминав. Сега па и со коронава раат да не си. Не за друго, страшно мава на психа, скроз параноични станавме, некој да се накашла пред нас ко чума да има бегаме. Имаш закажано датум?