Цел ден тропаат во кујна местат нови цевки а мене место не ме фаќа.Сакам да помогнам некако а не можам,немам сили. Освен едно кафе што направив друго ништо Ајде барем нека се заврши се, да се сместиме веќе еднаш па да бидеме раат. Да се направи после генеталка па нека доаѓа бебето. Па и времево не чини барем ќе излезев малце да пуштам нога..
И јас да си се пожалам денес, исто како времево надвор сум Таква мрза ме има фатено, цел ден лежам се преместувам од дневна во спална и обратно. Беба е многу слабо активна денес, скоро и ја нема а вчера па ме растури. И на неа не и е денот си велам. Конечно ми се јавија наредна недела стигнуваат плакарот, креветчето и количката, ќе се заврши и со тоа. Ај нека заврши денов што поскоро...
Исто и јас немам што да се фалам. Се нервирам немам сила ни за алишта да наместам. Почнав перам диплам и само седнувам. Мали само го носам кај мајка ми со него неможам апсолутно ништо да средам. Само вади работи Ме убива бебево дополнително денес претерано ми се стега стомаков. Тек понеделник а цтг сум. Викнав жена понеделник за да чисти. Страв не страв од корона навистина немам сила. Не е мој стил но неможам да средам и тоа ме нервира дополнително. А како и тргнала работава и на бебе му се брза па да ја убрзам работава. Доста ги влечкав работите. Крш и денов а и јас
Вчера сите се испожаливте на времево еве денес е пре красно ...бар во скопје. Чист воздух ведро свежо таман за шетање. Ја само да ве поздравам
Само што влегов во 3 тромесечије и 2 дена сум крш немам енергија , не се наспивам , се ме боле , само се местам од дневна на кревет во спална ...по малце ме боли половина и чат пат вагинално осетам напон ... се надевам дека се е во ред
Супер си е времето само мене очи пак ми паѓаат денес само ми де спие а баш реков ќе излезам ќе го искористам денов. Станав во 11 денес и пак сум мрза
Денес времето е само за шетање, ме потсеќа на пролет кога почнува најубавиот период од годината пропешачив еднаш, приквечер пак па се надевам утре на преглед ќе кажат дека наскоро ќе биде, последен преглед рекоа до среда би требало да дојде бебче
Пак на цтг, се почесто и почесто ќе одам. Утре тест за ковид и здравје ќе ме спремаат за порагај неделава Битно лутицата ја направивме Ноќеска ич не спиев, дури почна главата да ме боли, само мислам како ќе биде, како ќе поминеме
Ајдеее само за убаво Се ближи денот И јас не спијам деновиве, а кога ќе заспијам само сонувам триста ствари... убави и неубави.. Здравје само, да мислиме дека за брзо ќе си ги гушкаме бебињата
Вас што ви се броени деновите ви завидувам. Јас уште сега во 8 месец кога ќе помислам на пораѓај морници ми поминуваат, до крај не само кошмари, не знам што ќе биде
Сакам да прашам од ваше искуство дали е страшно доколку бебето стои исто со килажа 2 ипол недели? Докторката вика дека се си е развиено само не качува на килажа и дека немам потреба од паника ама сепак сакам да прашам дали некој имал ваков случај во крај на 9ти месец. 39 недела и 2 дена сум
Колку кг ти е сега бебето? Како што знам мора да качува во килажа на неделно ниво ги следат. Ова ти го кажува докторката што ќе те пораѓа? Веројатно ако имало нешто ќе те земеле царски до сега. Само 2ипол недели да не качува ми е чудно аб нека кажат поискусни...
Бебето е 3100 и така стои, протоци океј плацента океј плодова вода океј, ди димери испитани во 29 недела 700 и нешто беа и тие во ред. Да докторката што ќе ме пораѓа ми го кажува тоа дека се е океј. Сеа може качува по некој грам ама не многу...
Како што знам најмногу качуваат во 9ти месец. А мерките какви се? Ако имаш ехо сликички спореди ги види како се дали се развива. Навистина ми е чудно но што вели докторката дека е ок и дека се протоците добри може и нешто до самите мерки да е... сепак има добра кг
Утре сум на преглед па ќе видам баш дали напреднала... знам дека сум при крај веќе и дека е добра килажа ама баш ме загрижува ова џабе што доктор ми кажува да не се грижам дека се е во ред и дека ако нешто било ќе ме задржеле.
Јас, и на докторот што ме водеше не му беше сеедно. Кај мене качуваше по малку килажа ама постепено заостануваше и стигна до 16-17 дена назад. Планираше докторот да ме прати кај негов пријател гинеколог во Чаир, ама мене ми пукна водењак и немаше потреба од тоа, дури и бебето си знаело дека треба да излезе. Протоците беа добри. Покриена бев со клексани. При вакви случаеви на 2-3 дена прават цтг и ехо и те спремаат или за царски или индуцираат пораѓај.