Сама ли си ја најде дијагнозата? Зошто читаш глгл само ќе се нервираш.Јас со првото исто чешање имав како луда при крајот.Нозите особено ќе полудев,грб, стомак , гради.Земи си некој лосион и мачкај се по цело тело.Избегнувај врела вода и сапун тие ја пресушуваат кожата . Сигурно кожата ти станала сува и не ништо од горната дијагноза
@PurpleMind и јас како Ава мислам. Те прегледа ли кожен лекар и каков тест ти прават...преку крв или? И мене кожата ме чеша од сувост а може и алергија некоја да ти е од прашок омекшивач. Знам дека си во странство ама крема на база на невен ако успееш да најдеш ќе те смири мене бар ми помага. Не мисли на најлошото сигурна сум дека ќе биде Ок. Мора и други симптоми да имаш не може туку така...
Кога ти се појави чешањето? Истово го читав околу 12-13 недела ми се појави исто чешање до степен да не можам да спијам, и јас се раскрварував. На стомак и гради само. Мачкав бепантен и невен, помина за неколку дена. Ама додека чешаше беше кошмар, дури и болно. Ноќе станував се одмивав со ладна вода за да можам око да склопам. Мачкај се додека чекаш резултат, се надевам не е тоа
Да се пријавам и јас во чешачите. Може и прв знак на бременост фа ми било, ама кој да знае. Знам идев на работа и во кола се ме чешаше, посебно рацете, надлактица.
Мила те гушкам силно, но немој да читаш на интернет и сама да си наоѓаш дијагнози. Во ситуацијата која што си не ти треба никаков стрес. Опушти се и на доктор можеш да провериш за што станува збор.
Еве и да е точна дијагнозава, нели си 39-40та недела, нели е подобро да те породат, и онака терминот е дојден веќе?
Од денес 36та недела ја терам, на прегледот бебето одговара за 37+, за две недели ми закажа прво цтг докторката, бебето си е убаво наместено веќе и спремно за излегување и до тука се беше океј. Денес ми земаше и брисеви, е сега јас не знам дали сум единствена толку трагично и болно што го доживеав тоа, не е прв пат да испитувам брисеви, ама овој пат толку многу ме болеше кога ми го стави тоа железното внатре (не знам како се вика) што мислев ќе се онесвестам од болка и почнав дури да викам, од што се стегнав толку што ме болеше тоа испаѓаше само, едвај ми зема брисеви, дури и почна крв да ми тече. Сега ми е смешно што зборував таму и што кажував од болка, и се прашувам како јас ќе се пораѓам кога од едни брисеви волку препаднав.
Се јавив денес на лекар и ми рекоа дека дури и да се врати позитивен тестот, нема опасност за бебето засега затоа што дотогаш или ќе се породам, или ќе ме породат со провокации. Тестовите се прават преку крв. Оштетување на џигерот немало, имало покачувања ради бременоста. Ме смири телефонскиот повик, ме уверуваа и убедуваа дека се' ќе биде во ред со бебенцето... иако се раскрварев од чешање. Фала ви многу за поддршката, многу ми значи!
Може и до "раката" на доктор е ама пишав претходно ја железото не го осетив овој пат. Да не беше многу стегната на бокс? Да знаеш и за вагинален преглед напни како за вц и диши длабоко. Ниту брисеви осетив ниту ништо. Лани кога правев ептен бев напната и стегната и ме болеше...
Јас па брисеви досега само кај матичниот сум земала и користи пластичен спекулум за една употреба никогаш не ме здоболело. Кога правев абортус-киретажа Ремедика прв пат со такво железно требаше таблетка во цервикс да ми стават и многу трагично го доживеав, болеше, ептен се стегав. Па и преглед со рака имав тогаш два пати не ми беа толку страшни колку тоа железото Сега во 35та ќе правам таму брисеви баш ме интересира дали површински земаат или со спекулум, ако има некоја скоро што ги правела нека пише.
Во Ремедика последните брисеви за стрептокока не се зимаат со спекулум, тоа железното, туку само со рака и воопшто не е болно.
Pravev brisevi sega vo remedika, ic ne e strasno nitu bolka osekjas (a racunaj na zemanje krv se onesvestuvam). So takvo plasticno kako chepkalka za uvo... ne znam strucno kako e
Телото уште не ти е спремно. Кога ќе почне породувањето, друга приказна е. Ни јас не поднесував ништо и се прашував како ќе се породам. Кога почнав да се породувам, не приметив ни кога ме сечеле, ни водењак кога ми пукнаа, ни канили кога ми ставале...
Јас се чешам од почеток на бременоста, и кажав на матичната рече ништо нема да ти дадам нормално ти е тоа, не ми направи никакви анализи. Си трпам и си се чешам, понекогаш навечер во рацете ќе се искинам ид чешање. Види туширај се почесто и тоа ти е.
Спекулум мислам се викаше. А зошто со тоа ти земале брисеви, треба да се површински за стрептокока. Инаку да, убаво пишала @Milkiway, само дишете длабоко и напнете како за какање и брисеви кога земаат и за преглед со рака. Не се стегајте никако и никогаш на гинеколог. Не се фокусирај никогаш на болката туку на тоа дека скоро ќе заврши. Кога ќе те фатат болки што ќе правиш? Ќе се изгубиш од паника, а тоа бебенце на тебе чека. Мораш да бидеш силна, спремна и мисли само дека за брзо ќе го гушнеш Со лесно девојки.
Со муабетов за 'не се стегајте' ми текна, замисли да му заглави раката на Др внатре Да се насмееме малку де А најубаво е што поопуштено.
Па 4 бриса ми зимаше, не знам за што се, а тоа железото го стави за да го видела грлото на матката или од него да земе брис не ја разбрав од болка убаво што ми кажа. И претходно ми има ставено железно исто и повеќе го рашири ама тогаш не ме болеше волку многу, од сега ќе знам дека треба да напнам. А за болките учев техники за дишење и опуштање па ќе видам колку ќе ми помогне тоа или ќе заборавам и нормално да дишам.
Кај мене беа 3 бриса 1 цервикс и за него користеше спекулм за да ме подотвори и да земе. А другите 2 беа вагинални. 2 стрептокока и 1 кандида ако не се лажам така беа. Не знам дали и ремедика се 3 бриса или 2...