Кога сме веќе кај земањето брисеви,сакав да ве прашам кога ви зедоа врис за стрептокока?Мене ми рекоа за 2 недели,во 36та недела да ми земеле.. Денеска ќе одам на преглед кај докторката па ќе видиме како ќе поминам.Се надевам дека се е во ред бидејќи ми се појави мало чешање долу и тоа ме плаши.Цела бременост сите брисеви ми се чисти си велам не сум толку голем баксуз сега на крајот нешто да се појави.
Девојки бев на преглед денес, мирна сум конечно. Бебчето качило малку на килажа не дека е без ич ама пак малку. Јас сум 39, а она е 37 и 2 дена. Докторката детално гледаше се, протоци во ред, плодова вода нема никаков проблем нигде само едноставно не јаде. Здравје рекоа среда, четврток или петок ќе пробаме со провокации бидејќи нема поента кога не качува повеќе, а се си е развиена. 2 недели веќе сум 1 ипол цм отворена или скоро затворена ко што вика докторката слабо се отварам, па ќе видиме како ќе биде. За клексани ништо не ми спомна бидејќи сум 39 веќе а викаат последните недели не се ставало не прашав зошто. Наскоро изгледа ќе се гушкаме тек сега почна да ме фаќа паника
Може ли некоја да ми препорача некои вежби за дишење и полесен пораѓај, знам порано дека имаше едукации и работилници, сега ништо...има свашта на youtube, во овие книгите што ги имам е многу оскудно опишано, да "се спремам" колку-толку
здравоо , конечно ви се приклучувам кажетеми во трето тромесечие што ме очекува искуства хаха иначе ние сме многу немирниии дури цел стомак ми се тресе
Јас никако сум оваа недела, ми се врати гадењето и во 5 на сабајле се будам и повраќам. Стомакот повеќе ми тежи, хормонална сум, не знам како ќе продолжам до крај, само знам дека нема да е лесно. Не знам зошто стомакот почна вака да ми тежи и понекогаш е тврд камен.
Ja od mnogu povrakjanje sum na pataloska vo cair. Nz so mi e denovive celo vreme jadam blago a bebe zaspano. Stomak epten tvrd i tezok
Исто така и кај мене, стомак тврд, тежок а бебе мрзеливо ќе удри малце или ќе се раздвижи. Едвај чекам контрола, на многу далеку прават термини, на месец... Машко носам, а ти?
И кај мене благо секогаш не пали ако ти е за утеха за мрдањето Стомакот нормално е да станува потврд и потежок.
Јас мислам тие 2-3 недели околу 28ма највеќе мака видов, грбот па и стомакот од страните страшно ме заболуваа од движење подолго, морав да седнам ако се движев многу, или ако стоев/седев долго во една положба, како баба стара се осеќав. Сега па како да ми се навикна телото, тоа ми е океј ама си имам други маки со неспиење, болки во желудник, станувањето ноќе за во вц ми е кошмар мислам се ми тежи додека станувам.. Ама издржливо е ќе помине за брзо