А на овие часови само трудниците идат или заедно со сопругот може да се оди? Претпоставувам заедно, ама да си прашам
Да заедно со сопругот беа сите трудници, барем во нашата група. Е сега ако човекот е зафатен можеш и сама, ама битно можеш и со него, кај нас сите беа во пар...
Се јавив денеска да закажам и ми рекоа дека поради одморите најверојатно нема да има часови јули и август..А средина на август ми е термин Дискриминација Некоја друга алтернатива?
Има срцка часови и во чаир и во систина и во државна...негде мора да ти се погоди ...секаде се бесплатни ти каде се јави?
Јас знам дека има и во Систина иако немора таму да се пораѓаш, најди си ги на FB и таму си пишува кој ден и од колку саат има, или јави се во Систина на централа ќе те поврзат кај треба за тие часови...Со среќа и со лесно
Izvinete za lat. od mobilen sum...se javiv na klinika...utre ke svrtam I vo cair I sistina. Fala vi mnogu
Мајки од вас некоја што термин и е август??? Како се справувате со жештиниве? Јас последниве 3-4 дена мислам дека ми е многу тешко. Најтешко до сега.и Воздух ми фали....А како ли ќе е до сам крај. Сеуште одам на работа, се разладувам и со клима и со ладна вода, ама проблем ми е и спиењето.Ниту добра позиција веќе можам да си наместам, а и жешко ми е..... Давајте некој совет И уште нешто. Втора бременост ми е ама прва летна.....Дајте некој совет за бебуш што да спремам ко за од болница и првите недела две. Во смисол боди, шпикозни....не сум нешто паметна, долги ракави, кратки ракави...????
Во истата ситуација сум само што не ми е толку тешко ,а за детево немам ни јас појма како ке излеземе од болницаи како ке се функционира по жештиниве со 2 мали деца
Мене термин ми е уште две и пол недели, и јас уште одам на работа, а гледам дека топлото никој не го поднесува, а не пак ние трудниците...Така да не се секирај, јас без вода не излегувам од дома, во канцеларија сум со клима а за спиење се вртам нон стоп, ама спијам по цели ноќи со исклучок на одење во wcЈас мислам дека и тоа што бебе те притиска на белите дробови затоа ти фали воздух, уште малку ќе почне да се спушта надолу и тоа ќе ти олесни, ќе си дишеш полесно. Инаку ние земавме боди на прерамки, на краток ракав, на долг ракав, шпикозни, комплетчиња и на краток и долг ракав, памучни ќебенца по тенки,чорапчиња, фустанчиња ама тенки и памучни само, а за од болница купивме комплетче памучно тенко бело на долг ракав, како фустанче со панталончиња, ама многу е тенко, ама плус и во торба ќе имам нешто на краток ракав за ако е премногу топло тој ден. Со лесно на сите по овие жештини
Термин ми е средина на септември, ама ми иде да си збеснам до тогаш. Колку е топло, колку е мачно, стварно не знам како ќе се издржи! Со ќерка ми се пораѓав во декември, мука немав ич со температури. Малку бев трудна тогаш по горештините, не ми беше тешко. Сега, на праг на "трето полувреме" со жештиниве, ми иде да се скријам под клима и ич да не искачам.
Девојчиња како сте, мешиња, @irena.1 нешто ни ја снема, да не има нешто ново кај нејзе @danichap како си ти мила, дали има нешто ново кај тебе : Другите мешиња како поминуваат...Ве гушкам сите и ајде белки ќе паднат малку температурите
Еве сум Си седам домче и си го галам мешето. Ме фаќа некоја претпородилна трема и чмаам. Не е нервоза, не е страв не е дури ни возбудување...едноставно трема. Бебуш си прета, ми деформира стомак, од време на време по некоја болка, ептен сум бавна. Чуствувам дека се ближам кон крајот.
Фати сега лакирај нокти, чупај веѓи... Јас така убивав време и трема...плус се средував да не го уплашам бебето кога ке се роди
Еве ме и мене официјално тука, прв ден од 7-ми месец! Кога помина, кај отиде! Имам многу големи проблеми со притисокот, па некако второто тромесечје во сенка ми помина. Денес ми ги дадоа резултатите од холтерот, и пак ми појачаа нокјната доза Метилдопа, навечер ми е многу висок притисокот. Дали знаете некој природен лек за спуштање на притисок кој е ОК и за трудници?
Леле Еспадрила Истото сакав да го пишам...Мене ми е термин средина на август...Вчера вечерта многу бев среќна што залади...Денеска уште ме држи Ладничко дури ми е...А ноќеска ко бебе спиев...Инаку спијам строго на страна, бидејќи на грб кога лежам не можам убаво воздух да земам...Меѓу нозе ставам перница, зошто кога се топли ноќите ми се лепат нозете И јас сакав да пишам за совет да ми дадат феминки за што да му купиме на бебчо...Прва бременост и не знам точно што ми треба...Посебно имајќи предвид дека најверојатно во средина на август ќе биде пеколно топло... По кратки да купувам ли? Негде прочитав дека не треба по кратки...Добредојдени се совети
Негде имам прочитано дека ѓумбирот и лукот го симнуваат притисокот...Ѓумбирот како зачин го имаш во секоја продавница за здрава исхрана...Во секое јадење можеш да си го ставаш...Лукот...прави си пинџурче...Сол намали... Тоа знам од природни лекови...
http://www.ringeraja.mk/statija/prvata-sredba-so-bebeto-doma_4867.html Повелетее, нешто што сигурно сите не интересира
Јас сум 28 недела, термин 19 септември.Сакав и јас да одам на вежби во ГАК ама никој не се јавува на телефон.Има ли некој информации за тоа кој ден се вежбите и дали ќе има во јули.