Чудно стварно ај може ќе пише некоја што повеќе се разбира. Ремедика се 2 такви магнети си ги викам едно на пулс на бебе друго подоле и 2 каиши...Па која е поента само пулс да му мери на бебе не се разбирам
И кај мене е еден каиш со едно такво пластично, ама на листот има 2 линии, втората е права до сега (Чаир) . Па нели се мерат двете одеднаш со еден каиш?
Како се става спојлер? Не можам да најдам морав вака. Вака е во ремедика или си на грб или на страна ама вака се поставени каишите
И јас незнам... На матичен ми мереа и контракции ваму ништо барем да знам дали има некоја контракција или ич
Не баш загледав другиот каиш не ми го ставија и 2 пати ми е рамна линија на контракции, а на матичен ми ставаат 2 каиши и има одредени движења и на втората линија всму значи не ни ги мерат само може ако си со болки...
Па и јас баш се чудев, пред некое време и кажував на @Milkiway дека воопшто немам никакви контракции, а утре сум 39 недела, што е стварно чудно. Немам некои болки, ама па ниедна контракција...баш ќе прашам следен пат. Минатиот пат таа сестрата не ми го постави убаво, па 2 пати правев, и тоа го притискав цело време ми кажа држи го, не се слушаше добро
Може и да си немала денес беше една девојка 40+ исто со рамна линија. Јас 2 недели бев со контракции до 100ка ама испадна лажни болки. Изгледа нема правило. Е сега да не си мерат они и со тоа едно што си го поставуваат...тоа да каже некоја пресно што била и што имала контракции..
Мене докторката ме советуваше да престанам да пијам магнезиум бидејќи магнезиумот ги смалува и ги спречува болките, и стварно еве само два дена што се немам напиено почнав да осеќам поголем притисок во долниот дел од стомакот и болка во срамната коска, имам повремени менструални болки. Па се надевам ќе се убрза процесот, иако искрено стварно не сум баш психички најспремна и свесна дека ќе раѓам и после ќе имам бебе, баш ми е чудно и за не верување, милион мисли и прашања ми се вртат во глава, па паники дали ќе се снајдам, а во исто време и со душа чекам да го видам и гушнам.
Е ваму едниот го Истооо и мене го држев тоа ми се запнаа да не не сум јадена што не се слушало, во Чаир и двете сме така? И мене тоа ме зачуди јас во сабота сум 39та а цело време рамни линии и кога појдов кај матичниот видов што било работата. А те прашуваат дали имаш болки пред да те уклучат? Мислам дека пошто им викаме немам затоа не ни мерат контракции
Јас денес треба да одам на контрола во државна , предходниот пат кога бев , беше баш рано за ЦТГ , но докторот кој ќе ме породува сепак инсистираше да се направи . Дали погрешно ме разбра дека термин ми е на 20 септември ( а всушност ми е на 20 октомври ) дека со маската на уста и сум релативно тивка .. не знам . Денес ќе видиме што ќе покаже ЦТГ .
Одам јас пак во петок, досега се на дежурства ми закажуваст баш ќе видам дали овој пат ќе ми мерат контракции
Jas 2 dena bev na pataloska vo cair, so 2 kaisi mi pravea ctg i pokazuva kontrakcii povremeni. A sekako prasuvaat dali imas bolki a i se gleda od ctg. Inaku 5 pati povtoruvav ctg pa od koga me kacija na pataloska na 2h mi pravea.
Ова со магнезиумот ми нема логика, не можеш да запреш природен процес кој ќе се одвива без разлика дали пиеш магнезиум или не. Или јас не разбрав нешто? Мене срамната коска ме искина! Секое движење ми е хорор. Единствено имам приметено дека болката престанува при подолго пешачење. Во врска со пораѓајот и мислите буквално исто се чувствувам. Веројатно е нормално.