Честито, @eli.karameli. Големо да расте. Едвај чекам да се префрлам навакЕ. па тука да почнам да кукам))
Ај добро утро еве да се пожалам одма цела ноќ дремев ради киселини... Мислев киселините поминуваат при крај...тоа цела бременост не ни имав нешто многу, сега ми гори душава
Доброоо утроо. Исто и кај мене како и да легнам пак гори во тие моменти само викам што не пукне сега водењак да го родам веќе
28 недела денес имам контрола , аман не сум спиена цела ноќ, бебе некако мрзелив преткаше и удираше. Се надевам ќе се вратам до добри вести. @Milkiway мене оваа недела ми почнаа полека киселини, ама одма земам јаболко јадам и се смируваат.
Јас киселините си ги имам од почеток на бременоста ама можеа да се третираат некако, дали со сода или гастрогард, сега во 9ти ништо не помага, буквално цела душа ми гори до грлото до горе, и мислам ќе се задавам веќе во киселини. Истово си го викав и јас цела вечер, од 3 до 6:30 не можев око да склопам и само сакав болки да добијам и да одам да раѓам.
Здраво. Да ве прашам дали пред да влезете во 9ти месец, бевте на фризер за фарбање и шишање? Во текот на бременоста не сум била ни еднаш, ама од една страна ми е мерак да се средам, а од друга страна ми е шубе, дека повеќе од час ипол ќе се задржам. Благодарам и поздрав идни мамички.
@Milkiway и кај мене киселините почнаа да се почести, па или со пола лажиче сода или со јаболко ги смирува, а таблети никого не ми помагаат. @BabyD0ll убаво да си поминеш на контрола, и те чекаме да не известиш како напредува бебе и бременоста. @eli.karameli Живо и здраво да е бебчето. Големо да расти. А тебе побрзо закрепнување. Инаку да ве прашам за некој ден ќе видам 32 недела, дали овие лажни контракции се карактеристични за овој период. Значи претходната ноќ во спиење стомакот ми се стврдна како баскет за кошарка и така можда беше 20 дел и толку. Сношти шетавме со мм и само додека се движев на 5-6 пати исто ми се случи без интервал и без болки, само она непријатно чувство на стегање. Кога седнавме на кафе нити еднаш не се случи тоа. Дали има место за паника или не? Со првата бременост вакво нешто немав,па сега некако чудно ми е.
Јас киселини на почетокот немав кога влегов во 7 ми тогаш почна и они , и болки во половина .. и не се наспивам убаво , денеска станав изморена од спање .. малце ме гребка грлото па си правам филм сега да не ми е недај боже некоја корона хаха ...
Искрено радо би одма! не можам да се поднесам ми доаѓа сама да се ишишам ептен ми фали да се средам и дома со брич само се препотувам Искрено не ми е ради короната веќе колку што стравот дека нема во ремедика да ме примат. Верувам во салони со добра заштита нема шанси од пренос ама сакам да спијам "мирно" 9 мес веќе сум на каучов дома во уфлекани маици и пижами Вака си викам седи си мирна...
Да одиш и да не му ја мислиш. Мене ми е криво што не отидов порано, сега веќе сум при крај и не можам толку долго да седам на столица. Јас не сум шатирана од Божиќ, а еднаш се шишав сама После здравје и со бебе, нема шетање, така да до Нова Година белки ќе заличам за нешто Ако одиш, откако ќе те исфарба поседи надвор, белки ќе ти се погоди времето
Јас стврднување осеќам само кога ќе се размрда бебето и ќе фати некоја без врска позиција вака не сум осетила, ама се додека немаш болки мислам се е нормално
Се си е во ред со бебето. За мрдањето така ми изгледало мене, вода имало доволно, килажата малце понапредна од што треба. Потврда за патовање си извадив и тоа е. Недела со Господ напред ќе патовам, ако ме пуштат на граница, ако не Мк ќе си се пораѓам.
Отидов на нормален преглед, им го покажав осипот, ме задржаа за цтг, па за соипот, на крај почнаа да влегуваат и да ми проверуваат цервикс, тројца ми брцнаа... Јас сва збуњена. На крај ми рекоа дека ми е закажан рендген за утре затоа што коска ми стоела на патот(срамната), и не се сигурни дали ќе има доволно простор да излезе бебето. После утрешната проверка, ќе одлучуваме дали ќе биде царски рез или ќе ме ставаат на провокации. Зошто провокации побогу, не знам. Сега им текна да го проверат ова и среќа што отидов ради осипот, инаку немаше ни да проверат. Држете ми среќа! Мачно ми е веќе и колку и да ми е страв, сакам да се олеснам.
Еее глупости, ренгени, зрачење, ова она, шо не ти напраат царски, шо те мачат. Ај што побргу да се олесниш