И јас им реков за царски, тоа би било последна опција ако нема друго решение... Фала. Лошо ми е веќе и тешко, и од неизвесност и од бременост и се'.
И јас сакам да се средам на фризер и на депилација да одам. Косата ми е како метла направена, пред 1 година ја шишав последно, нема никаков облик. Сега ако не се ишишам, сигурно нема ни во наредните 5 месеци, така да, секој ден се наканувам да закажам и никако да закажам, а фризерката ми е во зградата кај што живеам. На депилација последно бев во февруари, среќа па не сум нешто многу влакнеста ама пак ме нервираат тие што ги имам. Доле се бричам површински на слепо, па кај фатил бричот-фатил Сакам да одам пред пораѓај ама ми е страв. Планот е околу 36та недела ако соберам храброст, па сигурно нема којзнае колку да пораснат до пораѓај, па и во 40та ако се породам. Искрено во целото спремање за бебе, најмногу страв ми е од корона тестот да не испадне позитивен
@Lovebug01 мене ми е план кон крајот на следната недела полна 34та да се исдепилирам. Пошто сигурно нема да терам до крај мислам преку сила на 38ма би бил царскиот. А пред тоа баш брисеви ќе ми земат таман да не ја преплашам докторката. Не ми растат зимно време воопшто брзо а и доста се проеретчив со лежењево. Ако треба ке се поминам уште еднаш мислам подобро сега додека сум подвижна, ми е страв да не отидам 37ма и од ширење вртење да ме фатат контракции. Во мојот случај не смее воопшто да ме фатат.
Девојки, Сега сум 29н. Уредна бременост. Пред 2,3 недели започна да ме чеша телото (стомак, препони, грб, раце, нозе) и си велев нормално е. До сега не се појавија стрии. Почнав да паничам последниве денови кога навечер се будам и ме чешаат стапалата. Досега трудница ми се нема пожалено за ваква појава. Не знам кој ѓавол ме натера да прогуглам и се ме наведува на холестаза во бременост. Во петокот бев на последен преглед и бебе беше одлично, дури1. 500гр, крвна слика од понеделникот супер, во урина билирубин негативен. Молам некој доколку има искуство со дијагнозава да ми одговори дали истата се утврдува преку крв или урина и дали имам простор за паника. Фалаа ви најмногу однапред.
Мене ме тестираат моментално за истото, ама ќе си почека м за резултати, а може и да се породам дотогаш. Тестовите преку крвта. Обавезно зборувај со лекар.
Две вечери по ред многу ама многу ме боли левата града различно ја осеќам од десната, чудно неможам да ви опишам значи ме пече ме боли некое необјасливо чувство како со нож да ја сече нешто страшно.. што би можело да биде!??
Сцијастичен лев нерв ти е фатен од тежината на бебето или ако лежиш постојано на таа страна. Поместувај се често. Побарај масажа и користи повеќе перници и меѓу нозе и околу тебе. Треба да попушти кога малото ќе завземе поцентрална положба. Мене движење ми помага ама пустото неможам да се движам. Сведена сум на минимум.
Неможам да се допрам, ептен језиво чувство. А поготово навечер кога ќе легнам на таа страна, дали дека прслук носам преку ден и позаштитени ми се градите, дај боже да е тој нерв јас одма филмови си правам, а да мачкам некој гел или слично!?
Јас прслук баталив цела бременост освен за излагање. Тргни го нека не ти смета. А од креми користам Многу ми помага. Само лади. Не грее. Велат е безбедна за трудници ама пак го избегнувам торзото и стомакот и мачкам само раце и нозе по потреба. Ти сепак консултирај си се со лекар пред да ја земеш. Едит: Ау срце сега прочитав си пишала града а не страна. Јас мислам за нога/колк лева страна си пишала. За града само зелка! Ти се извинувам за недоразбирањето. Трудна жена со пола мозок функционира.
Мене почнаа да ме болат градите како пред добивање што болат, брадавиците мислам ме печат на моменти, од внатре како да имам ситни иглички во брадавиците и ме пецкаат цело време, е такво чувство. Ама јас цело време си се тешам дека надоаѓа млеко па од тоа ми е така.
Ќе прашам, ќе се јавам пошо многу е чудно, деснава града ми е ок, а левава како да не е дел од моево тело. Неможам да ја допрам дури
Левата града и мишка во бременост повеќе се осетливи/развиени. Јас бев на ехо на дојка за да си бидам раат.
Денес баш ја прашав сестрата во Чаир, ме мереше со еден каиш, ми кажа дека мерат само срцева работа, не мерат контракции. Докторот исто ми кажа не мереле, рано ми било затоа (39 недела)
Само да ве поздравам Дома имам ручек да правам, да пеглам, да мијам садови а ја си дремам и си викам како не се деси да се породам сега па да не морам ништо од тоа да праам...Мрза левел 1000 Беба ме боксира да е жив и здрав. Имам слаби болки некои денес менструални и така