Аман бе кога ќе ни е време во 41 ли, следно да им кажеме болки имаме може ќе ни измерат хахаха. Кај кој доктор идеш јас сум кај Младен?
Денес на цтг, контракциите рипнаа и до 70(не знам што мерка е), бабицата ме прашува дали чувствувам нешто, јас буквално ништо не осетив. Како одат кај вас мерките за цтг? Чувствувате контракции кога покажува?
Кај мене одеа до 100ка и тогаш имав менструални болки и болки во кичма дури лежев. Лажни беа во мој случај. Да не мрдаше бебето? зошто и при мрдање на бебе покажува болка а не е (бар така сфатив)
Затоа ти покажало контракции а си немала болки. Кај мене така беше последниот пат ништо контракции а одеа до 70 од што мрдаше цело време.
Времево залади, па да ве прашам каква комбинација подготвивте за вас за излегување од болница? Уште не ми е спремена торбица, бидејќи не знам што да ставам, уште се мислам.
Баш зборевме во темата кога реков дали ќе му е топло во плишанко шпикозниче и сега ми е супер што залади бидејќи ќе си го облече Секако не е предебело потенко е, под него бенкица боди , капче, ракавички и ќебенце потенко ако има потреба во транспортер да се покрие... Би сакал и други да чујам ама мислам таман ќе е вака. Секако од болница до дома ми е нецели 5 минути
Бабите коа те гледаат сигурно шлог ги мава Едит Мојата свеки дури и вреќа ми даде да сум облекла како голо ќе сум го изнела
Јас мислев на нас мајките што да облечеме, не за бебињата..не сме се сфатиле. Инаку, за бебињата веќе е за подебелки шпикозни.
Аа извини може не сум прочитала убаво Мислам дека фустан или евентуално труднички хеланки е најдобро. Јас одбрав еден широк фустан најобичен што го имав на кратки не знам стомакот како ќе ми биде, горе палто и ниски чизми
Нормално ли е да се отекува во 9ти месец, јас цела бременост немав проблем со отоци, ама сега од кога влегов во 9ти сум цела отечена поготово во фацата како да не сум јас скроз ми е изобличена, дури и гуша ми се направи. Се плашам да не останам вака за стално, Бог да чува.
нормално е и јас претходни бремености само во 9 ти сум отекувала , како влегувам во 36 та недела така отоци почнуваат , со пораѓај ги снемува , не се паничи сосем нормално е
Честа појава е особено во 9 месец и во лето.Битно е да не ти се многу големи отоците, ако се ќе треба да се консултираш со доктор. Пиј почесто вода, лубеница и се што хидрира. Мене на секој преглед ме прашваат дали имам отоци, вени и бележат во мајчината книшка.Со првата бременост имав во 9 месец после пораѓајот се магично исчезнува,
Вие што сте при крај како стоите со апетитот? Овие 2-3 дена ми е толку лошо, се ми се гади, ми се повраќа Не знам дали е нормално Цела бременост бев голем јадач овие денови ништо не ми се сака
Мене ми е термин во ноември, уште немам купено комплетче за од болница. Ги гледав и ми се свиѓаат во Wenice ама на веб страната, не сум отишла во скоро на лице место да видам дали се тенки или дебели, ама планирам во памучни да го изнесам бебе, па и да е поладно, бебе повиено во подебело кебенце, капче, ракавички, секако од врата на болница до кола и толку, сигурно не ќе премрзне за кратко
И јас бев таква, си повраќав, ми се лошеше, скоро ништо не можев да јадам и спиев со рупурут до мене. Си повраќав и на царскиот, и после, а и сега 2 пати имам повратено откако сум дома. Уште ги пијам витамините па може и од нив ми е, може ми го надразнуваат желудникот, иако се испиени со оброк
Јас не се сомневам во витаминиве дека баш од пред некој ден ми е вака ама кој да знае прво почна со киселини сега па без апетит. И вртоглавици ме фаќаат фала богу од што не сум јадена убаво...