Вртоглавици те фаќаат од што ти се притиснати органите и срцето. Не можеш да дишеш едноставно...Јас во 38ма си кажав дека не мислам дека ќе можам да издржам повеќе и така и бидна. Со првото не ми беше лесно ама така не се чувствував ни во 42ра кога се породив, а не 38ма...
Во право си. Читам и сега по нет дека ова можно е да се знаци пред пораѓај па ќе видиме. Инаку да останувам без воздух често мора мм да ми пафта со хартија за да ми се врати душа.
Јас 29+3 почна пак да ми се лоши после секое јадење, навечер киселини ме бидат од сон, нос затнат од сам старт неможам да дишам се гушам, срамната коска дополнително ме искона од болење едвај се движам, некако крш а што ќе правам до крај
И така денес сум цел ден на нозе, се бркам со документи де ваму де таму. Синоќа се изноповраќав, па денес ете малце подобро ми е, ама не ги земав витамините ПреМама и Магнезиум, се надевам не е проблем за еден ден. Имав случка во А1 кога ставав кредит, монетите од новчаник ми испаднаа долу сите, па вработената секоја и чест стана и ми ги собра и посакувам се најдобро. Толку сум уморна а навечер никако не можам да спијам од тежина на стомакот, само лево десно се превртувам и во вц нонстоп си одам... Ајде уште два месеци останаа, да помине што побрзо.
А ти што ќе облечеш? Барби за мајките прашувала и јас одма за бебе одговорив. Па чекам и јас идните мајки да пишат може ќе дадат идеја плус
Ех луѓе јас си направив карта за патовање со авион утре, летот е 2 и пол сати, јас сум 28 недела, се надевам нема да ми е лошо во авионот, сега на тоа мислам цело време. Имам потврда дека можам да патовам и тоа е.
и јас не сфатив дека за нас прашува Јас сакам да се дотерам во некое фустанче пошо после дотерување нема 2 месеци барем Се шалам. Некоја широка туника со хулахопки за трудници, ниски чизмички и мантил/дебел џемпер. Јас кога ќе се породам сигурно ќе е доста поладно од сега Едит: Тие сите работи треба ли со нас да ги носиме во болница или само да ги спремиме да ни ги донесе сопруг на излегување?
На крај памет не ми беше во што јас да се облечам, сега ме натеравте да мислам Ќе ти донесат на излегување и за тебе и за бебче.
Јас добив нешто алергија и завршив прво на цтг-се беше во ред, ехо - се беше во ред. Имам мали акни црвени на градите, на стомакот, на рацете, па ме боцнаа Метилпреднизолон. Се расправав со докторот 20 минути дали е во ред да се боцкам и аман ајде се одлучив да ме боцне, многу ми е страв иако докторот вика да не се грижам тој како доктор секако не би му наштетил на бебето. Што мислите вие?
Во право е докторот алергија не е зафрканција. Леков не ми е познат ама секако дека би верувала на доктор
Метилпреднизолон е кортикостероид, како, дексаметазонот што го примаат некои за зреење на плодот при ризик од предвремено породување, само со пократко дејство, за 6 часа му поминува дејството, не се секирај не е штетен за плодот, брзо се исфрла
Јас го прашав каков лек е, ми рече "урбазон" еве чешањето ми помина малце, само заборавив да го прашам кога можам да се туширам после боцкање?
Хело Да напраам еден чек ин во темава. Уште сум тука Од вчера сум со менструални болки, така за мене не многу јаки. Отидов на цтг до 40 одеа линиите рекоа дека се уште припремни па викам добро бе веќе 3та недела сум со болки малтене цел 9ти изгледа со болки ќе ми помине Денес и се зголемуваат ама не се на некој редовен интервал. Али кога ќе заболи заболено е до коска. Се надевам на другите ќе ви биде 9ти многу полесен и без болки
Ајде па за цимерка да те земам. А замисли вакво цтг не биле вистински Но закажав царски. Со врски дека второ а на ехо е вејќе 4кг40гр