Да стврднување на стомак. Но баш менструални болки немам. Ова си ги регистрира контракциите може и да не ги чувсрвуваме. Но вака шарено кога го видов реков готово ме задржуваат , кога ми вика а не не се вистински. Епа како ли изгледаат вистинските?
Исто и ја првиот пат до 100ка сега до 40 и јас прашувам какви се вистински сите викаат ќе знаеш. За стврднувања имам и јас. Ајде може се пријавувам за цимерка
Не мене еднаш само со рака ме проверија. И тоа доста порано 33та недела прв пат болки кога добив. Еве 37ма сега немам повторно таков преглед имано
Ех мене ме пуштија Скопје на аеродром, сега ќе летам, само страв ме фаќа во 28 недела леле. Се надевам дека добро ќе поминеме и јас и бебето. Па за на аеродеом граница Швајцарија ќе гледаме после дали ќе ме пуштат. Молете се за мене.
здравоо мамички јас сум 28+3 ама имам преголеми болки во половината .. се плашам , дсли на некоја и се случувабтоа знам дека е нормално ама јас имам многу
јас исто бев 28 недела сум сега , исто цела бев па бев на доктор ми даде јекодерм маст за 1 недела ми помина , ми кажа дека работат хормони и дека е хормонско пореметување
40та недела. Свекрвата дојде пред неколку дена, се трча околу мене, ми се готви, ама и ме напињаат да се породам. Се будам вчера и ми вика: шетња секој ден, после ќе лежиш во када со топла вода и свеќи наоколу, син ми ќе те масира, никаков стрес, да ни се породиш порано. Како да ѝ кажам дека напињањево да се породам ме стресува... За два дена доаѓа и золвата, двете доаѓаат од различни земји, осеќам ќе ми го влечат детето надвор. Свеки дури и се понуди ако сум сакала да биде со нас во салата додека се пораѓам и да ни била поддршка мене и на син ѝ. Се извадив со короната, а и него насамо ќе му речам додека е посовреме да ја заузда, да не се надева многу.
Со вистинските боли Неможеш да стоиш, неможеш да седиш... едноставно место не те фаќа. Мене цтг-то не ми беше меродавно, во првата бременост се измрцварив, одев од 34та па до крај и цело време до последен ден вакви мали осцилации. И во еден ден фатија болките и бидна. Со второто решив да не одам на ЦТГ ич Цел девети месец имав менструални болки но не се паничев, и едноставно кога почнаа јаките болки си знаев дека мора да одам во болница. И тоа е тоа Ова цтг само ги збунува жените.
Лелее што убаво вака си објаснуваш ко на шопинг да си била Само што те прочитав почнав да се препотувам
И јас само еднаш отидов на ЦТГ првиот пат во 38+5 и следното не го ни дочекав ,ми закажаа за нареден четврток ,а мене ме фатија болки и се породив во средата, така да не се оптеретувајте со цтг-то.
Вчера се испаничив малце, имав некоја чудна болка во стомак, како стврднување и болка во десна страна. После бев да мочкам и мочкав чудно без боја...чеп не видов, ми е страв да не ми пукнал воденик, еве денес е мирно немам болки, бебе слабо мрда. Можно ли е да ми паднал чепот да не сум приметила??? Не знам дали да одам на дежурен, денес немам никакви болки, само сум малаксана...(39+3)
Чепот ќе си го приметела сигурно на бришење јас имав како кафено и линии крв и после тоа чепот не се утнува. И да ти бил чепот 1-2 недели поминуваат до пораѓај како што читав. А за водењак те разбирам и ја се вадам од памет за тоа и се утепав читање дојдов до заклучок дека не моеш да не го приметиш. Ако тече наеднаш млаз се осеќа, ако е по малце ќе тече цело ова време не само на гаќи и по нозе ќе ти тече дури седиш. Во секој случај ти отиди си на дежурно и така си блиску до термин.. За стврднувањето и таа болка е нормално не се секирај
И јас сум малаксана денес може до времево е, а ми рекоа ако помалку од 10 пати го осетам во денот да мрдне да одам обавезно види како ќе ти е ако не појди да си мирна и така денес нема гужва брзо ќе те видат
Само да кажам дека ме пуштија Швајцарска граница без виза, ама морав да покажам венчанница и други документи. Многу сум среќна конечно сум со маж ми заедно после 3 месеци, и мило ми е што ќе се пораќам таму кај што е маж ми. Плачам од среќа. Во авион поминав супер, притисок ок, немав вртоглавици, се беше во ред.