и мене ми е денес неверојатно топло , за болкиве во кичма јас пијам дупла доза магнезиум и мене ме боли кичма веќе цела недела , одмарам повеќе и ме опушта туширање со млака вода , претпоставувам дека до пред некој ден на работа седев по 8 саати на ден , а сега лежам повеќе и се движам низ дома ... би требало да е нормално бидејки се шири карлица , натежнува бебе полека , ако не ти се смирува консултирај се со гинеколог
28 + 1 сум и јас , болки во кичма во поодмината бременост се нормални се додека не се како интензивни менструални болки ОК е .... мм ме масира попладне и ме опушта ама мене ми е 5 та бременост и од бременоста со син ми има изместени пршлени во кичмата така да не ми е чудно да имам повремени болки се додека се трпат за да бидеш сигурна прашај си го гинекологот утре
Кичмата е нормално да боли, прави вежби, јас кога имав така силни болки во кичмата на YT си пуштав вежби за трудници и многу ми помагаа.
Фала ви, не ми се верува колку испаничив, секој ден сум на штрек, едвај чекам да се олеснам. Се надевам на мирна вечер, вчера око не склопив, дремнав сабајле и тоа чуден сон како сум се породила, а детето не личело на мене и на маж ми
Девојки 34+2 сум . Некако многу затегнат го осекам стомакот и мн често деновиве како да ми се стврднува на моменти.Бебе го осекам ама како влечење како да се тегне ,удари како удари поретко и послаби.Болки немам никакви сега за сега.Некако ме фака некоја паника како се ближи Дајте некое мислење,за овој период.Искуство барем ...
Не знам како треба да изгледа тоа стврднување... Мене кога ќе заземе бебе некоја чудна положба ми се стврднува стомакот, исто без болка и се испакнува на едната страна и така уште од 22-23 недела... Си велам од што се поместува е така.. А го осеќам дека е повисоко поставено..34 г.н сум од утре.
Жени дајте некое ефикасно решение за мојот проблем ЗАПЕК ќе полудам више, пак 5 дена не сум била во тоалет и неможам да издржам ќе си пукнам
Ленено семе со јогурт да испиеш, суви сливи...кафе пиеш може да ти помогне, магнезиумот исто така ако не го зимаш редовно почни. И стај се на режим на храна избегавај леб биди на течно поише
Луѓе стомакот почна грчеви да ми прави, испушта звуци од левата страна пола сат не знам што да прам страв ме фаќа? Од сабајле се наведнував доста, да не е од тоа?
Јас болки до солзи, а затворено грло ни малце не сум отворена бебе расте време му е и ми е страв да не биде големо многу веќе за природен пораѓај Има ли некоја од породените што била со болки а затворена ? Се движам качувам по скали клекни стани сум и ништо не помогнало...цтг регистрира лажни болки и така...
Уште ли ти трае или ти се смири? Нормални си се грчеви магнезиум напиј се и одмарај а за наведнување избегнувај во иднина бар до 9ти месец
Цело време го читам форумов ,поретко одговарам заради обврски.Во последно време најчесто отварам темава да видам до кај си. Ти посакувам лесен пораѓај како јас со првото за 25мин. се породив.Знам веќе 3 недели се мачиш со лажни болки. Биди силна и издржи дај Боже брзо да се олесниш ❤❤❤
Фала ти многу на поддршка дај боже да биде така и кај мене Мислам @Izzy_0504 отиде со царски ради големо бебе? Изи дали беше отворена 38ма недела?
Да се смири, ама кога кивнав на истото место ме запржи на 2 секунди и кога се наведнувам ме пржи. Ок ќе пробам да избегавам, денес мораше да се одпаковам и плакарот да го средам. Од сега како инвалид значи
Посилни ти се болките од претходниве денови? Другарка де породи баш како тебе ситуација имаше послаби болки дента појде и рекоа затворена е да оди дома лажни болки се до сабајлето со ист интезитет на болки 6 прста отворена и многу лесно се породи ете може и кај тебе ќе бидне набрзо