Да баш вчера имав јаки болки таман да одиме во болница толку нема ништо. Останавме дома. Се надевам и јас дека ќе бидне значи се случува тоа брзо отварање..фала ти
Се што пиша од ова практикивам и пак неможам и два чепа ставив незнам што ќе беше ова, пијам мг од 400. Во аптека ми кажаа за сируп порталак ама неџнам дали смеам и тоа да пијам?
Оф оф баш ми е жал нема мислам позезнато од тоа. Прашај матична не знам тие алкалакс чај дали смее во бременост не знам друго што можеш да направиш
Маки мои, мислам дека нема полошо.. ја прашав матичната ми даде ефекол кесички сега како што вријам од лутина пиев ленено со јогурт еве сега сливи јадам па ќе пијам тоа ефекол и да видиме се живо ќе се напијам и ако не отидам ќе се мрднам готово
Даа а прворотка беше а и чепот не и беше паднат така да може брзо да е. Ако многу те боли топли крпи на кичма ставај баш ми кажа и смирувало
таман да ја пофалам како ми помага низ дома, ја усра работата. Треба да си ги пишуваме досеткиве во некоја посебна тема наменета само за тоа, ќе биде забавна за читање. Иначе, 40+2, денес бев и закажав за провокации од утре сабајле(ако имало место) со таблети и ќе морам да останам во болница 2-3 дена пред пораѓај и после. Таблетите се примале на секои 8 часа. Имала некоја искуство со ова? На два пати ми брцаа да го омекнат цервиксот, наводно помагало нешто...
И јас од вчера сум со болки ама не знам какви се, како менструални ама со појак интензитет и болка во кичмата истовремено, не знам какви се тие породилните ама најверојатно вие се лажни бидејќи се издржливи, на моменти знае и појако да заболи ама пак се издржува. Друго не знам дали е нормално ама осеќам како вибрации во вагиналниот канал?
Заради големо бебе бев.. полна 39та го родив, нит спуштено, нит контракции, нит болки, нит отворена.. абер немаше за исксчање, а го мереа >4 кг..
Моето пред 2 недели беше 3800, сега е над 4 и не сакаат да го мерат, било премногу мерење. Втф? Царски исто не, тоа било последна опција. Држете ми среќа!
Оф се надевам дека ќе бидне кај мене, тоа ме плаши само. Уште не сме до преголема килажа ама и јас само лажни контракции друго ништо
Не бев со болки ама бев затворена на вагиналниот преглед 39та недела. За неполни 2 дена се породив многу брзо и лесно. Јадев урми да омекнам грло на матка, може помогнаа
За ананас сум чула и сакав да земам...ама знаеш што ми е страв. Немам никогаш пробано викам да не испаднам алергична уште тоа.
И јас исто прашував ми рекоа ќе виделе зависно од карлицата а и моето е поголемко иако имам другарки што родија деца по 4 кг природно ама некои беа и со епидруална и ме фаќа страв на секое мерење. Каде ќе се пораѓаш?
Може и тоа како Другарка роди 4.300 бебе природно и тоа од што одел толку брзо процесот ни епидурал не стигнале да и стават. Замисли со 2 напона да излезе човек од 4кг Е сега не знам како мерат колку е широка карлицата за дали може природно да помине, еднаш читав со некоја направа како шестар мереле ама поима немам како точно. Баш некоја членка имаше и тука пишувано ама пред мноогу време. Како е кај тебе, спуштено ли е веќе бебе? Со силни болки те вратија дома или сами ти поминаа? Ајде лесно да поминеш!