Зарем урмите се за побрзо омекнување на грлото? Да не играм тогаш, да не јадам уште сега дан си направам некој проблем во 32 недела. Ми рекоја дека во 3то тромесечие се јаделе урми за побрз и лесен пораѓај, и јас удри, секој ден по 4-5 урми јадам
Мене ми ја снимаа карлицата, наводно било океј и имало место. Немам друг избор освен да им се препуштам на докторите и да им верувам. Во Шведска.
Да и братучедка во ремедика со раков шестар ја мереа дека 4кг бебе ама кај мене изгледа не е до таму работава. Бебе е спуштено се наместено. Инаку ме вратија со болки дома, дека лажни и за 1-2ч си поминуваат болките и тек нови за 10 саати ме фаќаат бар до сега беше отприлика така Еве од синоќа лажни болки до сега немам ама баш ништо.
Ама е наместено денес, ми тежи и само кога ќе се истегне раката му се црта цела како бокс на стомакот, кичмата ме фати исто, ај ќе поминам денес некако. Само да кажам за големо бебе, мајка ми ме роди мене 4.200 природно без епидурал. Маж ми е роден 4.500 и јас не знам колку ќе покачи моево до крај поради генетиката, само знам дека на моево главата му е понапредна 2 недели, се надевам не е страшно, (докторот рече ок е и кај машкиве било нормално) ама поболно ќе ми биде за породување, планирам ако раѓам природно без епидурал да раѓам.
еден совет што мене ми помогна во првата бременост , ако се ближи терминот почнете со интензивни односи , битен фактор : Вие оргазам и ејакулација внатре .... прави слаби контракции ама во семенат течност има протеин кој многу го омекнува грлото на матката ... јас во 41 ва недела после триста чуда така почнав да се отварам , болки имав а отворена ич па ме тегнеа на неколку пати на гинеколог демек да ме подотворат и ми рекоа само секс ... имаше ефект кај нас
хахахах неможе бебето е високо над цервиксот има мускули и постелка и водењак па црвикс , а пристапот е само во вагинален канал , ( пак да биде внимателен а не груб секс ) ако не сте со цирклаж и спуштен цервикс и е уредна бременоста може слободно да се исконсултирате со гинеколог прво ама збориме за последните недели од 38 па нагоре , претпоставувам сите би добиле одобрение за оваа работа
Се што кажуваш ми е јасно и се е супер, уште да го убедам мм 8 месеци не сме имале секс, јас го спремам психички за во 9ти, ама му е страв Мене највеќе ми е заради инфекции инаку ја би цела бременост, иако либидото ми е на нула Добро, без свршување внатре
Мислам такво нешто е само глупо е што не мерат однапред јас еве 39+2 сум не ми измериле а ми кажаа ќе мереле барем ако мора царски психички да си се спремам, е сега незнам на приватнивр може мерат
Јака ти душа, од ова се плашам најмногу Кај свекрва, па и золва Како што стојам слабо со живците у последно време, може да избие Трета Светска. Инаку зготвив по нешто однапред за да ми биде полесно, само што ниту имам контракции, нит мачнини, како да не сум 4 дена пред термин. Уште некој да ме напнува за побргу, ко ние да не сакаме да се породиме, Боже сачувај
Хаха, мојата денес дојде од на работа и ми донеса широки маички и ми вика јатрва и ќе дојдела на кафе па да го скријам стомакот??? 3 месеци не ме имаа видено иначе. Ај и викам ќе го скријам ги зедов маичките, не се мој стил ама и не се баш лоши.
Јас бев со првото.Прво добив 1 таблета , па по 8 часа 2 и добив билки за 7 ипол часа Од првата таблета не се отворив. Добов исто таблета за омекнување грло.Па од двете таблети се отворив брзу.За 5часа се породив Побарав на 5 прста епидурал додека дојде докторот јас бев 10 прста за 1час 5 прста.Епидуралот ми беше само за напоните.Брзу помина не се ни сеќавам на болките Со лесно само Братучетка ми се породи со провокација со 4350 кг бебе.Таа е ситна Така да не се плаши знаат они.
А зашто да го скриеш не разбрав? И моја свеки замараше кај мм секој ден се јавуваше и прашуваше Што ми рекле лекариве и КОЈ ДЕН ќе се породам Сеа со мм не кажуваме ништо више нит кога сме на преглед ни цтг ни ништо. И ја осетив притисок и од неа и од мајка ми викам бог да чува
Не знам така ми рече, да не ми се покажува премногу подобро пошироко да носам. Претпоставувам да не ме урочи? Јас не верувам во тоа нормално, ете на форумот голо меше вадам.
Прв пат слушам цела бременост во тесни фустани ја пројдов Имаше некој пишано и претходно треба посебна теми Бременост и Свекрви како за снаи и свекрви што има
Сируп од смокви и сливи исто е наменет за трудници. Јас за ќерка ми го имам користено,доста ефикасен е.
Иначе ќе и кажуваш на мајка те денот кога ќе се пораѓаш? Мене ми рече да не и кажувам ќе де мислела многу и нема да и кажувам и сите ќе ги опоменам да не и кажуваат додека не се породам.
Да и мене ме предупреди да не сум и кажувала да не ме мислела а пази секој ден во 9 ми пишува на вибер, ако не и вратам во рок од 1 минута одма ми ѕвони. И и викам не ми ѕвони јас ќе те барам...џабе Се надевам ќе се породам навечер и така нема да знае никој со мм сме договорени дури не биде да не се јавува нигде за никој да не ме мисли
лелее ко мајка ми да ја опишуваш ем да не и кажеш ем звонат ако не кренам одма кај маж ми да проверат да не има нешто