Баш денес се јавив и ми рекоа дека нема да има јули и август. Во Чаир ми рекоа дека нема. Останува само Систина, секоја среда предавања - денес од 19:00 - предавање за бременост во лето. Се надевам ти помогнав.
Мамичкии како се снаоѓате со спиењето? Леле мене многу ме боли мешето и препоните од вртење де на лева де на десна страна Никако да се наспијам, а и дали е нормално да боли толку? дури и откако ќе станам едвај до wc одам од болки...После 10/15мин поминува..
Да да нормални се тие болки, бидејќи плодот ствара тежина. А за спиење незнам што да ти препорачам, јас спијам како топ по 8-9 саатиПробај преку ден многу движење, шетање па може ќе се измориш и полесно ќе спиеш вечер, а башка и времето ни е во корист со температурите
Блазе си ти Јас не дека од времево неможам да заспијам туку од болките што ги чувствувам додека се вртам од една на друга страна...а се превртувам на секои 15мин и се будам и при секое вртење како грчеви во стомакот и препоните имам па затоа викам да прашам дали е кај сите така
Да да кај многуууу луѓе е така ич не се секирај ,се што не боли после раѓање ќе исчезне...Со лесно и со помалку болки
Здраво девојки да ве прашам,38 недела сум еве две ноќи имам старшни болки во грбот,сабјле и преку ден ми е во ред,немам болки ама преку ноќ болки големи што неможам и исправено да стојам..Прва бременост ми е а и по природа сум паничарка голема па ако некоја од вас го имала истиот проблем нека сподели искуство.
И јас исто, супер се чувствувам ама болки во грбот огромни, значи не во половината туку во грбот, се надевам брзо ќе дојдат нашите бебиња па може тоа е Инаку и на мене ми е прва бременост и ми поминува со малку масажа, мм ме масира, болката поминува но за кратко се враќа, ама јас многу шетам и не и обрнувам внимание а страшно боли те сфаќам...Само со бога напред и со лесно да ни е на сите
фала на одговорот мене ми поминува така што ке легнам на лева страна ама пак ѓи чустувам само со помал интизитет,и јас се надевам дека брзо ќе се гушкаме со нашите бебуши,од една страна ми е страв од болките и од породувањето но од друга страна сакам побрзо да заврши..нека ни е со лесно..
Мешковци, да ве прашам нешто...треба ли порано да си барам доктор/ка што ќе ме пораѓа на ГАК? или кој е на смена тој ден тој ќе ме пораѓа?
Јас колку што знам кој е на смена тој пораѓа,за доктор да бараш едино ако имаш врски па да дојде инаку вака кој е на смена тој те пораѓа,барем мене така ми кажаа..
Мене ми рекоа да си барам доктор што ќе ме пораѓа со време додека било порано, незнам зошто За врски имам, ама не планирав да ги користам освен ако нема потреба. Затоа викам да ве прашам вие што мислите на ова? Можеби требаше да ги прашам мајкиве што се веќе породени ама незнаев каде да го сместам прашањево
Последно како што знам е и да имаш врски, докторот нема да дојде ако не е на смена, ептен е стегнато. Значи може да те породи на негова смена или дежурство со провокација или царски, но ако добиеш болки мислам дека несмеат од дома да доаѓаат, ама најдобро врската што ти е да си го прашаш, бидејќи ако дојде ќе го навреди колегата што е на смена, јас барем такви информации имам. Сепак најдобро да си зборуваш со твојот доктор
Баш утρе ќе пρашам, и со мојава доκтоρκа ќе се κонсултиρам. Дуρи и да неможам да си биρам доκтоρ баρем ќе ги тρгнат студентите од κај мене во соба тоа ептен ме неρвиρа публиκа несаκам на поρаѓај
Со лесно на сите мешиња, ние сме 35+1, уште малку ни остана со малечката. Колку е само немирна и клоца. Беше поставена карлично, ама вчера на ехо докторката ми кажа се наместила како што треба и спремна е за излегување. Тешка е 2630 гр, наредна недела сум на CTG, ќе се пораѓам во Чаир краен термин ми е 3 август. А навечер постојано се будам ме боли кичмата. Вие идни мамички како сте?
Ние сме 34+4 исто и моето синче е се понемирно Но најбитно си се наместило со главче надолу пошто и оно беше карлично поставено..Ние сме веќе 2450гр За навечер и јас имам голем проблем и секое сабалје ме боли стомакот и препоните најверојатно од тежината, а еве сега неколку дена и ако седам подолго боли и кичмата ајде уште малку остана па да си ги запознаеме нашите малечки Со лесно на сите
Јас сум 32 г.н. болки во препоните имам цела недела, ко здвена сум дур да станам и да почнам да одам, си верглам у место малце па после правам што правам. Навечер се будам еднаш. бебе мрда и клоца ама нежно е, не ми прави болка сеуште. Инаку викендов ме фати паника дека сум осми месец и немам ништо ама ниииишто купено за џуниор и окапав 4 саата во сити мол и ништо не ми се допадна. Осеќам дека кај и да е ќе се пренапнам