Докторката ми го ширеше цервиксот, ми рече можно е да прокрварам и прокрварев темна крв со лигав слуз. Сега имам благи менструални болки. Јас се надевам дека го има убрзано процесот.
Кас мислев нема да смета и се ќе биде во ред. Сакаа и уште сакаат да изнајмат нешто за спиење, за да не ми сметаат, пак имаат осет. Испадна дека си сметаме едни на други, сепак е мал простор. Јас навечер се будам нон стоп за мочање и јадење, после бебе ќе се распишти, ќе станувам со него нон стоп, така да не се бунам, после пораѓај нека одат некаде за мирни да сме сите.
И јас сакам некако мајка ми (а и никој друг) да не дознае кога ќе одам на пораѓај, ма да реално тоа е возможно само ако одам на закажан царски. Нема шанси да не дознае, ќе звони кај мене, па кај маж ми, ќе звони на месинџер video call и ако не и се јавуваме одма ќе се посомнева. Ако сум природно тоа се повеќе саати и единствено да ме фатат болки навечер и до сабајлето да се породам, само така нема да дознае, ама и тоа не се планира
Денеска бев на преглед, скоро 39 недела сум, си добив и преглед со рака Чекам болки, така ми рече докторот, одиме на спонтано. Ако се закомплицира, ножот е тука. Инаку уште е карлично и така решило да излезе
Ајде, со убаво и со лесно да си поминеме сите, па да си пишуваме набрзо во темата за пораѓај. Јас уште крварам темна крв, не многу, малку. Бебето мрда, ама не многу. Се обидувам да сум присебна и се тешам дека се' е океј и нормално, па и докторкаѕа ми кажа дека ќе има крв. Минатата недела ми го направиле истово, нит крв имаше, нит ми кажаа што прават. Можеби и поарно...
Не сум. Кога ми го ширеше грлото на матката ме предупреди дека можно е да крварам. Утре сабајле одам на провокации, ќе провериме се'.
Јас само да ве поздравам. Терам 35та нрдела засега се е супер бебка си расте, последно беше 2380 грама. Активен е преку ден а особено навечер и вака поонекогаш како сега без сон ме остава, овој мој затнат нос не знам кога ќе се среди. А ништо не ставам од капки.Цела бременост апче за глава се немам напиено и не сакам сега на крај со капки да експериментирам. Ќе пројде ајде. Како што се ближи денот на пораѓај почнува по малце паника да ме фаќа. Гледам да се информирам и околу пораѓај и со доење вебинари слушам следам теми и првите недели до бебе како би течеле. Ќе ми прсне главава од информации..
Исто се осеќам за информациите, а се толку лесно изгледа теоретски, ми е страв дека во пракса и не е баш така Паника не да ме фаќа, се мислам не сум спремна, и мнооогу ми е страв. За носот мислам нормално е, а можеш да капнуваш обичен солен раствор, нема штета. И капки има такви безбедни за трудници.
Не се плашете од ништо.Кога бебушот ќе го имате во раце цела теорија ќе ја заборавите.Мајчински инстикт ќе ве води верувајте. Јас пораснав предвремено родено бебе се соочив со многу проблеми и правев се како што мислам дека е најдобро.Не отворив ни еден клип,ни книга да се учам,секое дете си е за себе не е детето од книгата. Ужувајте во бременоста коѓа ќе се породите ве очекува нешто сосем ново.Со лесно
Луѓе колку сум забегана од 1 до 100? Се разбудив со огромна желба за пециво и тоа не од било каде, туку од Силбо Ама дома сама, нема кој да ми донесе, со сиот памет фатив такси и отидов, и не само едно, ами две купив, фатив такси за назад дома и ги изедов! И двете! И сега не можам да дишам Морав да го запишам ова негде пошо прв пат ми се дешава ваква криза
Се разборевме за мекици сите во породилно хахах не ме чуди ич. Јас за еден саат два ладни сендвичи чашка јогурт и саат подоцна крофна и кафе. Уште да ми понудат уште тесто би мелела. Таков е денот...славиме за Милки
Аааа до вечер има и мекица да си лапнам Не спиев ноќеска убаво, станував за во вц 3 пати и со маки заспивав, па последото станување во 7 веќе не ни заспав. И стално вака кога не сум убаво наспана ми бара организмот многу храна и тоа џанк фуд Па си мислам, што ќе биде кога ќе сум вака ненаспана со бебе, стално ли вака ќе ми се јаде? Па ќе се направам слон!
девојки моите сомнежи дека сум почнала да се отварам се испоставија дека се точни , 28 + 3 бев на ГАК денес дидмери добри 1495 останувам на аспирин и ја напнав докторкава да ме види вагинално , викам нешто не е како што треба и на матичнава и кажував пред два месеци и на нејзината замена и кажав вчера ни едната ни другата не ме прегледа вагинално , ни во систина не ме видоа кога аламирав , брцна прсти докторкава во ГАК вика ај да не ми биде шубе и грло на матка омекнато скроз , цервикс 23 мм , отворена 2 см почнуваме со утрогестан под итно , контроли на 2 недели и движење од ВЦ до кревет и назад и толку ..... пак ќе кажам колку толку си го знаме сите телото и како функционира , верувајте им на инстиктите зашто ете го нашето здравство никакво ....