Mesinja dali od 28ma nedela se poslabi udarite ne se ko prethodno mi fali porano koa po skoro cela vecer klocase
Мислам дека така ти се чини, јас бев така 27ма недела. Ќе почне сега поинаку да клоцкаи повеќе, ќе ти се лизга по стомакот, ќе ти се подига кожата. Леле јас 29 денес , лета времето, многу ми е страв од пораѓање прво ми е.
Ајде да си пишам еден апдејт и да си се пожалам/пофалам. Скоро 34та недела. Чекаме да помине 36та да здивнам малце. Цело време ми е страв од предвремено породување. Матичната ми рече не смеат да ме фатат контракции заради постелката и јас на секое се вознемирувам. А машала лажни имам колку сакам дури по два пати на ден. Ми се здрвува стомакот цел и боли додека не сменам положба или станам не поминува. Малиот е силен и голем веќе се превртува незнам каде што се понадевав на почеток на неделава дека се углавил ќе биде мирен. Не бе цел стомак ми го бранува и кога удира како да штипе Мислам ќе ме фрапира со тежината бидејќи за неполни две недели ми се дуплира стомакот во големина. 8ми сум а изгледам како 9ти. И ми тежи кога стојам. Мала обврска и снемувам воздух се задишувам. Со спиењето сум катастрофа ме болат колкови страници кичма. Таман ќе заспијам ми работи уште умот 100 на саат. Си го чувам син ми уште нероден на сон. Синоќа го доев ама брзо му ги мењав градите се нервираше хахаха. Убаво му викам на мм ќе се породам и ќе си полежам во бардовци. Поминав еден викенд со свеки дојде да ми чисти. Може само да замислите колку се напнав. Не ми е крива она јас сум си крива си имам свој начин веќе 7 год на средување. Перфекционист сум, за 8 саати правев генералки од тераси до влезна врата. Ама сега трт неможам. Ќе се вратам од царски ми се чини и ќе се фатам да пречистам се одново па после ќе го чувам бебето.... Ајде доста е од мене имајте убав ден мешиња
И кај мене исто за две недели стомакот се дуплира. Ме чуди како наеднаш рипна така, досега бев како надуена а не трудна. Ама сега леле бабачко. 33 недела за некој ден. И јас си велам леле што ли ќе испадне на следна контрола која ли килажа ќе ми ја каже матичната на бебе. Чудно некако наеднаш вака. И за удари се посилна и посилна станува. Клоца,мава се тегне леле дури и болно е повеќепати. А стомакот не да ми тежи леле влече надолу. А јас само 5,4кг поправена, изгледа се на стомачето е. Ух вака не ми беше во првата бременост.
Иста прича стомакот наеднаш ми порасна за некој ден 8ми влагам, бебешко силен на сите страни ми е стомакот а нозете му се долу и можеш да замислиш те во препони, те по бешика, незнам кај све не ме измава дури од место ме подига. Најтешко ми паѓа чистењето, и јас како тебе све да ми е на место, а сега со мм лаганац ко во студентски дом да живееме ептен се неервирам. Свеки не и чуе да сојде да помогне си ќути така и одговара. Штета што мојте се во друг град Го мислев истото кога ќе се породам враќање од болница и генералка правам ( не дека и пред тоа нема да се направи)
Има шанси од вагинален преглед побрзо да почне процес на порагај? Денес ме гледаа 1 прст само отворена а јас со надеж дека ќе биде до сабота да не го надносам
Ајде и јас да се испукам. Исто и мене нагло ми се дуплира стомаков како влегов во 8ми. Сега сум 34 недела и плус 11 кг. Бебе ме мава само десно таму и се нозете изглеа, и ми е страв да не е карлично свртена, досега си беше убаво со главче надолу Си остана нежна во клоцањето ама ударите се сега дефинитивно појаки, ми го поткрева стомакот, па се трти од едната страна ми се изобличува стомакот, и често ја осеќам дека ика. Како влегов во 8ми почнав да сум како стара баба. Овде ме боли, онде ме боли, офкам, туфкам, тешко ми е да се наведнам, да се исправам, ме боли горниот дел на стомакот одвреме навреме како да притиска на некој нерв. Апетитов ми е многу зголемен, стрвна сум ептен. Ако продолжам да јадам како што сум тргнала, плус уште 10кг не ми бегаат. Со спиењето сум хаос, ужас. 2 вечери спијам убаво, 2 вечери држурам или станувам во 4 наспана, а сум спиела 3 часа и после не функционирам цел ден. За 1 недела сум за брисеви, ехо и прво цтг. Не ми се верува колку брзо ми минува времето
Има. Мене ми го ширеа грлото на матката со надеж дека ќе се убрза процесот. Крварам секој пат после прегледот.
Јас сабајле бев ми рекоа да очекувам крварење ама нема сеуште ништо... Ајде се надевам ќе не биде за брзо
Јас и крварам, и ме отвараа, и втор ден провокации тераме. Дури сега почнав да имам појаки менструални болки. Ако на крај завршам на царски после сета мака, ќе се смеам на иронијата.
27 ma nedela, vtoro bebe ama strav isto kako prvo ) dali nekoja ima leg cramps, nemirni noze,navecer ne se spie poludev. Sto zemate za toa?
Иста сум и јас со нозете, неможам да заспијам од нив мислам дека.. Пијам магнезиум ама некако слабо ми делува..
Очекував дека после прегледот со рака нешто ќе се случи, според вашиве искуства, ама ништо не се случува. Ниту крварење, ниту болки. 39 ја терам и ми се чини дека ќе истерам и преку 40недела
Може зависи и од прегледот. Јас во 36-37а кога имав лажни болки ме прегледаа и се беше ок. А последно 38ма имав болки и ич неотворена тогаш докторката рече ајде да стимулираме малце и одма имаше крв после прегледот и крвавев дома уште неколку саати па фатија болки. Мислам е битно сукрвица да има
Па не беше баш нежен докторот И уште ми вика - опушти се, не се стегај . За некој ден треба пак да одам на преглед, па ќе видиме.