Може има разлика во прегледот, мене само виде дали сум отворена може пробуваат некогаш да стимулираат при прегледот отварање...кој да знае
Јас планирам без епидурал да сд пораѓам, викаат епидурал може да ти ја оштети кичмата и дека децата се раѓале под анестезија? Не знам колку е точно тоа. И не знам дали може да се истрпат болките при пораѓај без анестезија.
Со првото се породив без никаква анестезија, природно и плус бебето беше карлично. Сѐ се издржува. А и сега ова бебе пак ми е карлично, знам што ме чека
Боли и таков вид на болка тогаш прв пат почуствував но се издржува..кога ќе излезе бебчето, целата болка како за чудо престанува...Се трпат болките...
Колку не има што сме 39+?? Како издржувате јас веќе значи само си викам кога ќе излезе ова дете.... Некако веќе многу ми е, докторката што ќе ме пораѓа не и се брза вика овие недели биле најдобри
Еве ме мене 39+, редовно ве читам ама никако да пишам, веќе не можам и јас... Денес чепот ми падна па си викам добро е има надеж дека бебе ќе излезе. Хормонско лудило и нервози ме пукаат... Плус грижа на совест имам како ќе го оставам првото 2 годишно маже, како да го изневерувам... Трудничко лудило...
Треба да јадеш кога ќе те фати киселина, ама можеби ете имаш јаки киселини па не ти помага. Пазете се во јадење, не јади многу лута храна.
Требало тука да се пожалам и да се породам... Завршив работа јас брзо и лесно, на сите ви посакувам лесен пораѓај!
Честитки, да сте здрави и живи двајцата Добро утро луѓе јас денес се разбудив со огромен апетит, не знам што ќе правам вака само мелам со устата Кичмата почна да ме стега, а превртување навечер станува се потешко и потешко. Се мислам како ќе биде до крај со скоро 3кг бебе во стомакот ..
Исто цела ноќ ме болеше грб/кичма/ребра. Во 2 го будев мм да ме мачка попушти малце па сум заспала. Дури ноќта отварав на нет да видам да не е припрема за пораѓај таквата болка. Денес утепана се ме боли. За апетит си пишала. Прво наточи се вода на празен стомак чаша/две. После овошје. И ќе се заситиш за едно два/три сати нема да ти се јаде. Него друго да прашам, многу менував страни синоќа де лево де десно. На грб не доаѓаше ни в предвид дека одма воздух снемував. Обично сум 90% лево свртена па ми е мисла да не сум му наштетила на бебуш што бев и почесто десно синоќа. Вака си мрдна малце сабајлево кога лапнав јаболко. Се јавува ама и он како да е изнамачен што не сум спиела добро.
Абе оставиле едно глупо истражување од 2011 на гугл дека десно не чинело за протоци. А од тогаш уште 10 пати е побиено тоа научно мислење. Матичната ми рече како сакаш спиј. Само мене дека ме болат страниците ребра и половина па мислам и на бебе не му е убаво. А ова од нет стварно треба да се тргне глупости толку моќен пребарувач плаши трудници со стари вести. Светлосни години сме далеку од вистински информации и знаење онлајн. Ако не истражуваш и го прочиташ првото гугл 90% од пребарувањата ти вика ќе си умриш хахах лудаци се