Следи ги советите. Лежи си ако можеш и јади в кревет. Немој да клечиш, креваш, да стоиш или седиш долго. Помагаат утрогестан. Јас немав проблем со цервиксот ги примав и мирував од други причини ама на следен преглед го измерија и дури беше поголем од претходниот пат.
Само јас ли се радувам за новава мерка од влада да нема гости повеќе од 4ца?? Па реално добро ќе ми дојде меркава со оглед на тоа дека ни се ближи куќна слава и ова е еден начин да се одбијат гости по дома сепак со мало бебе ќе бидиме.. Да не зборувам за понатмошни собиранки како давање крофни. Мојот план да разделат домашниве крофни по куќи од пред врата се остварува Денеска зимница правеа и ајде да помогнам и јас и сета сум сета како здрвена и долниот дел од стомакот ме боли малце. Не требаше толку да се напрегам клекни стани,како да нема кој да ја направи зимницата.
@firequeenn крофниии.... а да иначе и мене добро ми дојде идејата. Ќе се спаси мм од славење а понатака она иди ми дојди ми по 40 дена ќе го лимитираме без пардон. Многу ми се допаѓа што размислува заштитнички откако ќе се роди бебето.
мила советот е реалноста , јас не го давам на некој мене ми го дал , докторот ми пристапи со муабетот : со тебе ќе зборам како што зборам со "нашите" ( сурово искрено и реално ) , во поглед на стресот поминат пред пораѓај додека се чекаат резултатите од тестот и секако големиот процент на асимптоматски заразени кои НЕ би требало да излезат на виделина .... само ќе те замолам да ми одговориш ако имаш избор да бираш дали ќе идеш во установа со задолжителен тест за ковид и установа каде воопшто не се прави тестот , ако бираш 4 до 6 жени во соба , и сама да бидеш во соба , да се ризикуваш себе и новороденото бебе каде го правиме балансот ? Тука драмиме дека жив човек не сме виделе со месеци и дека не се ставаме во ризик со никакви контакти , и после на крај идеш и влегуваш во контакт со преку 50 луѓе и ризикуваш СЕ на непроверено и нетестирано .... не судам никого кој кај сака нека се пораѓа и не сум коментирала на темава ама дека има разлика од едната болница до другата има , реков идете прошетајте и видете , јас тоа направив... пишав каков бил пристапот према мене а не према другите пациенти , и не се сложувам со тоа што ми било кажано. Членката рече слушнала муабети дека во ГАК било пуно со заразени и болни , нормално дека е кога во чаир нема буквално никаква евиденција или проверка за постоењето на вирусов значи не се споредува едно со друго, два различни поими , два различни света ......
Јас те разбирам дека тоа ти е кажано тебе не дека измислуваш или таква ти била намерата ме чудат докторите. Кога ќе заболат фрчат со изјави дека пациентките се несовесни кријат контакти ги заболеле а тука што советуваат. Ништо лошо спрема тебе ти посакувам да поминеш најлесно и живи и здрави сите да излеземе од болница па кај и да се решиш
пред неполна недела дена излегов до толку разочарана од здравствениот систем што никој тука не би ми поверувал , не навлегов во приказни да кажувам зашто еден човек сам неможе да направи никаква промена, се е така не фер што ние пациентите плаќаме за нивните грешки ..... секој прави индивидуални одлуки и тоа јас го прифаќам без никаков проблем и осудување , само ситуацијата е страшна моментално и сакам да бидат малку по свесни луѓето, повеќе морал да има , ама тоа е што е
Така е, ама не се сите исти ти размислуваш совесно а некој и ќе знае дека има корона и пак ќе преќути и ќе отиде негде каде уште 5 други жени ќе фатат... Од тоа си патиме сите само господ да не чува и со лесно
Добро утро луѓе, свеки денес сабајлечки на телефон со сестра и ја слушнав како и вика, "колкава е Бог нека и поможи, има уште два месеци" Многу се исплашив и само на тоа мислам сега, бебето беше 1319гр во 28 недела. Сега не знам колку е, среда сум полна 30 недела.
Не знам што толку се потресе за мислењето од свекрва ти. Пушти ја нека си тресе зелени, а ти опушти се и уживај. Да се потресував јас на сите "бисери" на свекрва ми, досега во лудница ќе завршев.
Е сега и јас се напнав од ова што го прочитав, ама опушти се и не се замарај воопшто не може сите трудници да се исти. Чим ти се осеќаш добро и бебето е добро, ништо друго не е поважно од тоа, поготово не мудрата мисла од свекрва ти.
Не мислеше за килограмите, за стомакот мислеше дека е голем, па затоа се исплашив. Мислам дека имам нормално бебе за пораѓај 28гн 1319кг не е многу.
Одма да ти кажам. Со првото имав огромен стомак се роди глувче едвај 3кг. Сега стомаче имав и бебе од скоро 4кг.
Овие коментари се одвратни. Не се нервирај трудна си и нормално стомакот да ти е голем и нека си расте со тоа знаеш дека и бебето расте радувај се и уживај си
Охоо за мене какви муабети правеле со другиот син и ко ме воде девер ми ми вика па што лажат тато и мама дека си огромна до огромен стомак останав со отворена уста Ич не им се замарам, немој ни ти уживај си во бременоста ич да не ти чуе
Те болат, крварат, те чешаат? Јас имав еден од претходно, па уште еден истуркав од напон на првиот пораѓај ама немам мака, само некогаш знаат да чешаат. Ама тоа е. Сами не ми се повлекоа.
За погоре што пиша @BabyD0ll за коментарот од страна ич да не се нервираш тие многу не му ја мислат што зборуваат и пред кого! Еден куп бисери има. Еве и мојата пред некој ден требаше да излегуваме и ми вели стави си дупла маица за да не ти се познава папокот (малце ми е испапчен) Ама тоа е нормално што е таков природата ми го дала и мене а верувам и на повеќето трудници.Не е ништо за криње и покривање тука.Па си слегов со најтесната маица што ја најдов и реков јас вака ќе идам. Виде дека е инат во прашање и си поќути. 36та недела од денеска