Денес бебе наутро си мрдаше во стомак така нели сега посилно го осеќам. Си бев легната на страна и наеднаш нешто пукна во стомак. Таков звук помеѓу крцкање на коски и тапа вадење. Не беше мојот колк дека лежев мирна и ќе осетев да беше. Дојде од внатре ниско доле десно кај сто е бебенцето и неговото торзо. Читав на нет као им се местат коските рамењата и со помалку простор ги крцкаат. Бебе си продолжи да си мрда цел ден без промени драстични или таков звук повторно. Дали на некоја и се има случено и дали знае од што е?
Мене ми се случуваше со првото да слушам како пукање на коски, како пукање на прстите поточно таков некој звук и се вадев од памет. Докторот немаше објаснување хаха ама ете се си беше ок. А колку шо се сеќавам ко споделив искуство тогаш на форумот имаше и други шо кажаа дека слушнале такво нешто.
И јас имам слушнато таков звук. Како пукање рскавица. Не многу гласно ама сум чула 2-3 пати. Од бебето е дефинитивно, не од мене, ама немам објаснување...
Девојки ве молам за совет 29+2 сум, и од вчера попладне после јадење имам како болка над папокот, а повремено и како низ цел стомак. И во спиење ноќеска во вртење ја чуствував таа болка. Сега станав не е толку голема, но имам како малку грчеви во долниот дел. Дали е за плашење. Дали да појдам на лекар или е нешто нормално, да не се лажни контракции или нешто незнам... сега ја немам болката над папокот
Не се лажни контракции не се секирај. Штом ти поминува со промена на положба не е страшно. Плус горе е на стомакот не е менструална болка. Бебе си пригиска на органи,кожа се шири. Јас од крај на 7ми месец некаде имам болка во дијафрагма и под ребра, како жежење, баш тука пишував. Поизразена е после јадење или во некои позиции на лежење, но поминува ако се протегнам, така да мислам дека е нормално.
Помали оброци меше и почесто по малку ако си уште гладна. Пробај два саата пред да си легнеш да поминеш со полесно течности да не полни стомак. Така нема да те пресекува. Ако е бебе поактивно ноќе а и плус си јадела поизразени се клоцањата и тегнење и болки и несоница. Во пакет се оди
Дали некоја од вас имала појава на црвени точки вобременост!?? Ми се појавија пред неколку недели наобразите мислев алергија, но не исчезнуваат еве и денес сабајле мм ме примети на левата страна од деколтето исто.. се плашам дали ќе останат или се повлекуваат!?? И ако некоја знае да ми каже што дамачкам, многу се нервирам кога се гледам
@IJAE кај мене еден ден ги има еден ден ги нема. Наутро образите ми се жар црвени. Највероватно циркулација е во прашање. Ќе прекинат да се појавуваат откако ќе се породиме и ни се стабилизираат хормоните.
Дајбоже Tsukinory, јас ептен сум загрижена, сепак со вас да споделам дека знам сите горе доле минуваме низ истото, фала на одговор
Леле ј....м ти кошмари, сонував како предвреме се породив, па бебе имало проблем со главата. Па не знам што, се потресив цела.
цела вечер не сум добро спиела , бебе се превртува во стомак преактивно е , сега дури ме фати еден јак грч на една секунда и сега се плашам што ке беше тоа , дали од превртувањето на бебе или можеби не сум одела во вц добро 2 дена па дали има шанси од тоа да ми е ...
Која недела си? Јас утре 30та и мене ме растура навечер, понекогаш во сон ми се внесува кога прета, сонувам како гледам нацртани раце нозе. Аман психички почнав сега да се уморав остај физички... А прерано ми е. Пробај ти магнезиум земи и олесни се, па ќе видиш.
Јас сум 29 та недела , тука некаде сме ... магнезиум си земам редовно ... незнам синоке доцна јадев палачинки си велам од благото да не го расмрадав , со тоа си се тешам рано ни е за др работи од памет се вадам ...
Не бе од благото, од јадење не можеш да наштетиш. Сега е поинаку тропањето, лизгањето во стомакот, цели раце, нозе, газе, глава ги осеќаме, кај мене поживо го осеќам за разлика од порано само клоца ќе осетев. Мислам не е ништо страшно, не мисли на лошо. И јас што повеќе време се ближи се плашам од предвремено, а рационално да мислам немам никаков проблем. Еве и кошмарите почнаа да ме напаѓаат.
Не би се согласила. На ГАК имаат брзи тестови и родилките се тестираат, што не е случај со Чаир! Јас не би во никој случај да делам соба со нетестирани, а посебно не па бебе таму да ми е измешано со секакви. Може е бизнис во приватниве со тестот, ама бар знаеш тие што се таму се безбедни. Јас не би се осеќала сигурно така. Дека ќе носам/носат маска сите чисто се сомневам. Гледаме како тоа е.
Ај и јас да се приклучам со кошмарите две вечери по ред сонувам дека ми пукнал водењакот па треба да ср пораѓам јас упорно вика не не се пораѓам рано е и цела ноќ брканоца си играат докторите со мене кога ке станам насабајле испотена жива вода ама да ви кажам право се тешам дека не сум била само јас Па сношти почна да ме боли срамната коска па и со тоа се замарав цела ноќ кога лежам немам гајле кога се движам тогаш боли додуша сега сабајлево помалку ама да не е раат човек Ај уште ова да прашам кажете лек за кашлица сува поднастинав малку и сега мора и да кашлам за да почнам и корона да сонувам а не сум била во контакт со никој нема причина да се сомневам немам темп малку нос ми тече и кашлам што можам да пијам некој сируп за сува кашлица или ништо
Не знам дали е безбедно во бременост ама за сува кашлица ептен помага чај од ловоров лист. Ќе земеш 5 ливчиња малку ќе ги издробиш и ќе ги свариш во 250мл вода, малку да отстојат. Го пиеш чајот голтка по голтка, полека. Цеди си лимон со топла вода, земај витамин Ц од 1000, можеш и мед по 1 лажиче да јадеш во денот за кашлицата исто ја ублажува.
Веќе ја терам 38ма недела, ама од вчера почнав да осеќам болка околу анусот, а денес при бришење имав и крв по што заклучив дека се хемороиди, јас до сега никогаш во животот сум немала проблем со ова и не знам како да ги третирам, и дали е нормално во бременост да се појават, после породување ќе исчезнат ли или ќе ми останат како траен проблем?
Скрос е нормално и во бременост и при породување да се појават, ако ги третираш ќе поминат, нема да остане траен проблем.
Мене што ме посоветува пријателка која се помачи со хемороидите подолг период по бременоста. Е ако се пораѓам природно да слушам бабици и доктори за кога да туркам. Постојано туркање и без контракција ги влошувала. Друга пријателка се пожали првата недела две дека уште и сметаат па ете и поминаа одамна. Ќе си ги третираш најнормално по бременоста и ќе се повлечат скроз. Сега и од самиот притисок и тежина се појавуваат.