Не знам за вас ама јас едвај дишам со маската. Кога да излезам ја ставам не сум нигде без неа ама веќе многу смета. Сигурно дека бебе веќе притиска на бели дробови и ми се одзема здивот уште маска ми фалеше. Косава некако си ја осеќам како намалена,поретка. Наместо сега да ми биде побујна од витамините што ги пијам кај мене 2 влакна се останати. Ќе оќелавам пред време.. Порано ластичето едвај 3 пати го врзував сега без проблем 4 пати околу репче.Ќе морам да ставам малце пена да ми добие бар на волумен. Ајде се друго нека е во ред па перика една ќе се купи..
Леле ќути за со маските. И јас едвај дишам преку неа. Особено кога чекам на ред на каса во маркет. Тогаш ми е најјтешко, некако да губам здив и ме облива ладна пот. Морам да ја подспуштам малку под нос инаку готово ми се кратат нозете, ми се чини би се онесвесила. Се мислам како ли ќе биде ако морам да раѓам со маска на уста?
@firequeenn @Fatalnata јас кај што ќе се пораѓам, со маски и на бокс за природно и за царски раѓале. Цело време мислам како ќе се дише со маска
Јас ја носев на бокс штом почна веќе пораѓајот си ја извадив...ај нека не се занес секако не тестираат. Стварно не се дише на бокс во таа еуфорија со маска
Епа ако гледаш спортистине зашто не носат маска, епа не треба ни родилки, сепак е физички напор и тоа голем
Јас до бокс ја носев, потоа ми рекоа да ја извадам. Негативен ми беше ковид тестот. Тие сите носеа маски, само јас не
Јас царски цело време ја носев. А па Јадранка кога ке влезеше педијатарот на визита ме тераше бебето додека било кај мене да сум била цело време со маска,а јас тестирана мислааам.
Добро бе луда сум или ме напаѓаат хормониве. Жал ми е за синко што нема место во стомаков и што е стуткано, ми се плаче.
како мислиш е стуткано? ако мислиш дека нема место, треба да знаеш дека таа позиција што ја имаат во матката им е најудобна позиција од сите позиции што постојат на светов ти може мислиш не му е удобно, ама толку многу му е удобно, толку многу се чувствува безбедно, што дури и одкако се раѓаме и стануваме возрасни личности, дали си забележала како при непријатни ситуации, кога сме тажни легнуваме на кревет со колената свиткани во таканаречена фетус позиција? Тоа во психологија е потврдено дека е несвесен механизам кој телото го прави за да се почувствува поубаво, побезбедно исто како што сме се чувствувале во матката. Каков жал, најубаво му е
Фала ти многу, сега ми е подобро, некако жал ми беше што е така собрано со нозете главата долу, ама добро било ми олесна.
Бтв ова ми е од синоќа кога се завртив од десно на лево, па му се нацрта цела нога на десната страна ја осетив со раката, ама за 5 секунди се повлече и страв ме фати и жал, мислев и дека го повредив и дека му е неудобно. После кога сакав да се превртувам прво се кревав да седнам па да се превртам на друга страна.
Една книга еднаш што ја читав ми остана во памет еден пасус што вели Бебињата се толку многу во допир со себе си така што ако било што му дадеш, му направиш, а тоа да не им одговара, одма плачат. И што повеќе луѓето растат, тоа повеќе го губат тој допир со внатрешната природа па сите како возрасни правиме работи кои знаеме дека ни пречат и се штетни, а сепак ги правиме. Верувај ми, ако постои период од животот кај што човекот најмногу ги отфрла работите кои му пречат, тоа е кога е бебе. Ако им било неудобно, досега ќе сме еволуирале во друга позиција. Не постои чувство на неудобност кај бебето дури е во матката. Тоа чувство одпосле го учиме, ако на некое место ни е најудобно, тоа е матката. Секогаш кога ќе ти дојдат такви мисли повторувај си дека така си мислиш затоа што ние многу се идентификуваме со бебето во матката. Ние да сме 9 месеци во таа позиција, ни се чини којзнае колку е неудобно, ама бебињата не се исти како нас и матката има буквално се што му треба на едно бебе
јас останав дома и апетит 0 , денес јадев само еднаш и испив 2л чај , неможам големи оброци да јадам и тоа што го изедов пола го оставив ,сега кога спомнавме јадење и ставив батерии на вагата дури 2 кг сум симнала бебево ми го смачкало желудникот па нема место за храна
Мене исто така ме фаќаше жал во првото кога икаше Леле уште што не правев за побрзу да престанеПа ја галев стенував од сон за да ја смирам Луди хормони
Синоќа богами не можев да спијам кога ја нацрта ногата на десната страна од стомаков, па се мислев да не му ја скршив се обвинував самата како сум непретпазлива и тн. Остај тоа и кошмарите ме најавнаа абе ужас.