Девојки бев на преглед/брисеви ми земаа. Највероватно ќе сум чиста бидејќи направи и пх тест испадна нормален. Во меѓувреме го измери и видовме протоци/зрелост и положба на постелката. Бебуш 34та недела скоро 35та е 2550гр. Го нарече мало ама дебело. Тоа ме радува исто како и тоа што се супер протоците и цеевиксот е 4.1см. За жал постелката не само што не се кренала него и ја повлекол со главчето према канал. Паралелно е со него на излез. Не смеат контракции да ме фатат. А веќе лажни ме тераат по два пати на ден. Белки ќе се сочуваме до 37ма барем. Страв ми е искрено.
Ќе се сочувате до крај, не се секирај ти досега се пазаше па уште малку ќе издржиш со мирување. Читај книга, гледај филмови опушти се и не мисли на тоа, најубавото секако ти доаѓа за кратко време...
Ке се сочувате ти до сега издржа па за две три недели ќе издржиш сигурно верувам во тебе одмарај мирувај гали меше и за брзо ќе се гушкате
Опушти се пиј чајче некое. Мислам дека сте безбедни веќе. Супер килажа си има. Недај боже нешто да биее пред 37ма пак сте безбедни ама сигурна сум дека ќе издржите.
Добра му е килажата,над 2500гр веќе се рачуна за безбедна тежина при пораѓај. Јас сум утре на преглед се надевам се е во ред бебево активно си е..
Термин дојде и пројде, јас уште непородена Вика докторот изгледа ќе мора да се оди на царски, отпаѓа варијантата природно. Не ме плаши самиот царски, колку она после него. Се изначитав во темата "царски рез" и ич не ми е подобро.
Јас сум со царски и одлично поминав, најголемите болки се првите две станувања после е полесно и не е толку страшно, за некој ден ќе помини. Да треба да бирам, пак би одбрала царски воопшто да не се плашиш.
Колку си над термин? И дали е сѐ во ред со бебето, доплер и плодова вода? Нели се толерира до 2 недели над термин, можда уште не му е време.
Вчера ми беше последен термин, сѐ е во ред со плодова вода, протоци и сл. Грлото на матката не е ни скратено, ни омекнато, ни отворено. Пошто бебето е карлично и не притиска надолу. А плус и покрупно е, па докторот одлучи да се оди на царски.
Баш е како пулсирање во едно место и може да трае и 10-15 мин. Од 28 некаде осеќам, не бев прво и јас сигурна што е.Ама како што расте станува појако и не е како другите движења, нема шанси да не препознаете.
@IJAE ; @ivance.. ; @Milkiway ; @firequeenn & @Krofna* и останати ве гушкам сите за подршката. Незнам што ќе правев да не беше форумот и да не беа вакви добри души на него. Кога конечно ќе ја биде, а благодарение на вас знам дека ќе биде, сите ве крстам за тетки/заштитнички на малово. А @kukla21 ќе биде кумата . Само како да ве најдам и да ве почастам убаво за да се шири позитивната и лекувачка енергија понатаму и на други мешиња
некаде 15 та недела почна да мрда а недела после тоа почнав да осеќам икање , многу лесно се препознава , благо пулсирање е или како нежни удари на исти интервали и на едно исто место
Тука сме за што и да треба нека биде само па после ќе се частиме сите и ќе шириме само позитивна енергија иако ми е прва бременост и јас многу научив од вас и ве гушкам сите
Ќе издржиш без гајле. Лежи само. Во безбедна зона си веќе. И јас бев денес на преглед, 35+2. Цтг регистрира контракции се изненадив дека ништо не осеќам Др вика тешко дека ќе одам до термин. Друго се во ред, протоци, постелка уредни, плодова вода доволно. Бебе е таман за неделата, 2700г со претечени образи