Девојки здраво 26 недела сум и пред 2дена ми се појави розово фала му на Боже беба е во ред..докторката ми зеде брисеви и излезе ентерокок дали некој ја имал во бременост оти се изначитав се и сешто и дали имаате земано клиндамицин тоа ми препиша фала
Душа убава, затоа сме ние тука да си пружиме подршка една на друга, да си помогнеме колку можеме стално те читам и пратам, не сум меѓу најактивните, но се трудам што знам и можам да си дадеме совет и мислење. Колку што пратам сите имаме ок бремености, да истраеме до крај потоа да се гушкаме со нашите ангелчиња кога ќе ни дојдат на свет затоа сите живеемеl: те гушкам силно издржи, ќе биде се добро
@Lovebug01 ох леле како го опиша со претечени образи. Милина. Буце мило. Јас сум сл. недела на контрола кога ќе бидам 34 +4 па да видиме колку ќе биде крофница моја. Некако стомаков ептен ми рипна во рок од 3 недели, дури како пингвин почнав да одам.
Девојки мукозниот чеп мора ли да е ко лигаво и исцедок? Денес имав вагинален преглед докторот ми рече да очекувам сукрвица и еве од прееска има кафен исцедок ко крв но нема слуз или нешто такво? Со надминат термин сум има шанси да почнал процесот пошто немам болки
Хаххах баш крофне ајде уште малку ќе грицкаме образи А исто и јас веќе како пингвин почнав да одам. Јас не се примеќам, ама мм ме гледа и ми се смее Инаку какви стврднувања на стомак се уствари контракции? Јас имам скоро секој ден стврднувања ама на горниот дел на стомакот па мислам од што се трти или тегне ми се прави така...Болки немам никакви освен дијафрагмата. Др ми рече повеќе да лежам на моја десна страна а заборавив да прашам зошто Баш како изгубена бев денес, се што сакав да прашам, заборавив
Контракциите јас ги чувствував како со каиш да сум стегната и во стомак и половина. Трае трае па пушта. Така некако бешениско долу. А за на десна страна незнам зошто ти кажал др,но јас цела бременост ја прележав на десно и преубаво ми беше Ајде во безбедна зона си,уште малце и ке штипкаш образи. А мене па мене желба ми беше девојче со образи. Ни тоа ни тоа не добив
Исто како што опишуваш, како со каиш стегната, ама под гради дури и кожата ме боли во тие моменти.. Ама цел 8ми ми се дешава тоа. Ајде веќе почна да ми станува тешко а не сум ни 9ти влезена
До лесно до крај мамичка. Дали земаш терапија Утрогестан за постелката? Мене 3та терапија по ред ми ја препишува докторот бидејќи бебуш е ниско и 32+5 сме а има 2500 гр. Постелката е околу 3 цм и ме плаши, а си беше 4.5. Треба да одмарам повеќе ама имам и домашни обврски и тешко иде.. Со лесно да истуркаме дај боже до крај❤
Терапија примам од 12та недела ради крварење. Не си играј со домашните обврски или префрли ги на друг или редуцирај скроз. Јас од 23 до сега сум само кревет/вц. Примам и прогестерон депо инекции и но-спа апчиња против контракции. Најодалечена постелката ми беше 1.75. Ми рекоа ако е над 2 ќе можам и природно со тоа што прво главата на бебе ќе излезе. Ама малово мое си има други планови нејќе да се малтретира. Си ја повлекол до сам излез. Слушај ги докторите и одмарај си последниве недели. Најискрен совет за тебе и бебулето. Со лесно до крај.
Тука сме некаде со термини, ама јас и во 9ти дали ќе влезам за неколку дена е прашање. Ич не сум исплашена. Во безбедна зона сум, бебе е над 2800гр, одмарав 2 недели ама грло на матка си се намалува од 2.3цм на 1цм, па и отворена 2-3цм. Лежам уште ама и чекам да бидне во секој момент да се запознаеме со бебе Не сфаќам ова со постелкава само што значи џеб 5цм, ми рекоа дека е супер, ама не знам што значи Ти посакувам со лесно да си поминеш
Еден мал апдејт од мене, вчера бев на прво цтг и немаше ништо посебно, после имав преглед со рака и воопшто не беше болно како што повеќето тука имаат пишувано, бев отворена само 1см и докторката рече дека ќе потрае процесот додека се отворам, ама проба и да стимулира за побрзо да биде. Па сега кога отидов во вц ми падна чепот, и имам некој слаби болки во стомакот, се надевам за брзо ќе реши бебе да испаѓа. Ме фаќа трема малце.
Тоа со постелката џеб 5 цм е супер значи прво бебуле ќе истуркаш после постелка. Нема да има одлепување и крвавење. Најнормален пораѓај во безбедни услови. Ти посакувам лесно да си поминеш и да се гушкате што побрзо. @Snowflake97 ајде ми се успеавте некако мешиња сакам мекици а и ќе си искористите убаво сончево време за сликање по пораѓај.
Фала ти за убавите зборови. До сега под 2 не сме биле па се надевам ќе истураме до крај. Јас терапија сега почнав протестерон апчиња само и ништо друго. Се најдобро драга и со лесно❤
Ајде ајде, не има во бебе и со еден и со два царски, добри сме, те чекаме да ни се придружите си бебето