Девојки здраво. Јас сум 29 недела утре.. Пред два дена бев на преглед кај матичната. Го мери бебуш 28 и некој ден а главчето поголемко како да спомна јас се здрвив и не ја ни препрашав.. Грло на матка 3.39, ми вика повеќе одмарање и утрогестан вагиналети ми даде.. Дали е во ред? А и еве ми вика си зазема позиција со главчето надоле.. Па нели е рано бе и викам, све си е во ред без нервози ми вика.. Два дена не сум спиела
Стигнав и јас да се префрлам тука, направив 29 недели и 1 ден. ДО сега бременоста си ја поминав супер, без некои компликации, се си се одвиваше во најдобар ред. Првпат ме фати паника овие два дена, бебко не клоца како што клоцаше пред тоа. Не знам дали дека беше многу активно пред тоа, овие два дена има периоди кога ја нема и тоа ме замислува. Се мислам да закажам да одам на преглед утре, иако имам термин за 6 дена додека од друга страна си викам да не си правам паники и стресови.
30+1 денес, луѓе значи не знам како ќе терам уште два месеци, многу ми тежи бебуш, главата му притиска на бешиката едвај одам. Позади долниот дел од грбот ако се движам премногу ми се закочува, тип сум што сакам да се движам, а допрва треба да се спремаме за бебето. Ќе се роди некој главоња, главчето ме убива како ми тежи надолу... Некоја вака да била 30та недела?
Јас веќе две три недели сум само во лежечка положба, бебко ептен притиска на бешика и срамна коска ме убива. Почна и ќичма да ме боли, сите мускули од грб ми се оптегнати. Немав стрии ниту една, влегов да се бањам од што стоев подолго време толку ме фати кичма едвај на кревет седнав и на мачкање со лосион осетив одма сум испукала, од тежина
Добро ни дојдовте мешиња во трет триместер. Не паничите мрда не мрда, мало/големо, тежело/не нетежело. Ќе оттрпнете до крај. Три пати на ден де пресекува, де се грчи, де ќе го снема па ќе се истепа цел ден. Тука сме да се посоветуваме. Леле ни летна времето ко вчера да аплицирав во групата. Оли уште не ни беше породена и Јана исто кога чепкав тука и од радозналост читав што ме чека во 9ти. А ако спомнеше некој торба и болница пресреќна мислиш со нив ќе одам заедно хахахах Незнам како ми се ближи крајот така некако се опуштив си легнав на брашно деновиве сум изрелаксирана 100%. Денес бев на депилација требаше цела испадна само интимна ме згрешиле. Ниту се изнервирав ниту се напнав. Онака лајт ќе му дадам на мм да ме измерачи/избричи уште еднаш пред пораѓај оти после царски пак 2/3 месеци ќе си чека кутриот. Многу сум среќна и возбудена веќе си го замислувам првиот бакнеж и мирис на тоа меко косиче. И нека болело до месечината и назад имам сила клекни стани да правам за него кога ќе си дојдеме дома. Само јас ли сум преплавена со хормони на љубов и релаксирање вака или ми појачале доза на некои апчиња што за кои не знам? хахаха
И јас одамна ја читам групава и не ми се верува дека сме при крај Тогаш се толку далечно ми изгледаше и одвај чекав и јас да стигнам да местам торбица, да перам и средувам алишта... Од следна недела почнувам со спремање, чистење.... Се молам само се да биде до крај во ред, да не ме фати некоја настинка сега на крајов со ова променливово време..Не размислувам на болки, на пораѓај, гледам колку можам да се опуштам во тој дел- знам дека е неминовно да боли, ама и дека вреди најмногу на свет Иста сум со хормониве не се секирај, дури кога ќе си помислам како би изгледала првата средба, си поплакувам од возбуда Вчера поминав покрај еден пар со мн мало бебенце и во моментот почна да плаче со оние крици на новороденче, па се стопииивв брее...И солзи ми дојдоа дури
Само да ви кажам додека сте тука, спијте, разубавувајте се, читајте книги, глејте филмови, купете си нешто, довршете што немате довршено, прошетајте тие што можете зошто после немааа... И читајте теми за бебе, доење, грчеви, жолтица, скокови во развој, пелени, каки...ќе немате време после. Ама немој да ве исплашам сега...се вреди, само што нема да се сеќавате баш од замор, пишувајте во радосница, сликајте, снимајте...
Девојки дали е нормално веке накај 30 та недела зголемен секрет накај жолтеникаво приметив светло посебно денес , па и сега почна да ме боле долу ниско и сеа 101 филм , денес бев доста активна цел ден у покрет.. пред 5 дена бев на преглед рече дека се е ок , и нему му спомнав за секретот ми брцна со некоја лента и кажа дека нема инфекција..но ете сега сум загрижена ..
Нормално е при крај е зголем исцедокот, само да нема чуден мирис а и штом ти рекле дека нема инфекција уживај
Тие ленти покажуваат боја и според тоа како ќе се обои лентичката, докторите знаат дали има индикација за инфекција или е чисто. И мене така ме проверија, бидејќи имав зголемен секрет и се беше ок, немаш потреба за грижа.
Јас сум 34та недела и претерно мн брзо се уморувам.... значи мијам садови и клапнувам мора да одморам. Плус сум позитивна на корона, среќа без јаки симптоми. Вениве на ногата мислам ќе ми пукнат. Клексаните веќе партал ми ја направија кожата. Идам во тоалет на пола саат. Навечер спијам ама малиот цело време почна да се пика кај нас во кревет и се укочувам од што неам место. Ете така да се пожалам... не ме сфаќаат мислам сериозно луѓево околу мене
побрзо да оздравиш и да мине се во најдобар ред .. како се зарази дали знаеш... и слободно пожали си се , мислам дека другите не не разбират само трудните си се сфаќаме ..
Од сопругот или деверот не знаеме точно Маж ми еден ден беше малце омалаксан а после девер ми пријави дека останал без мирис и вкус па правец тестирање. Имав мала главоболка само и сеа немам ни јас мирис и вкус... многу е чудно. Што да кажам толку пазење на крај се заразив.. стрес ај за мене и па и за моите тоа ми е највеќе жал. И се загрижувам што многу се уморувам ама таква бев и пред коронава. И се надевам што побргу ќе бидам негативна да си отидам на преглед... веќе две ипол недели ми поминаа од последниот и плус сеа уште две Пазете се стварно последни недели да не си напраите нервози... ептен е раширено јас знам многу заразени
@Mermaid побрзо да оздравиш мила. Не се плаши до пораѓај ќе си бидеш негативна. Чувајте се со семејството.
како да се испазиме и јас незнам и мене ме фака паника мн заразени , и дома да седиш ако треба да те фати ке те фати, ете од фамилија некаде .... ништо одмарај и не се заморувај многу, и мисли позитивно господ да не чува сите
Бидна и царскиот. Сѐ е во ред и со бебето и со мене, боли раната, ама издржливо е. Сепак, кога би бирала, би одбрала природно породување. Со лесно на сите што си чекате