Со лесно нека ти е и без секирации, првите неколку дена е тешко после тоа ќе бидеш ок. Честитки Ќе поминат болките за некој ден, пиј течности и стани кога ќе собереш сила. Гушкајте се со бебе Сум запишувала, не сум испратила предходно
конечно и јас стигнав до тука. неделите после вториот скрининг си летнаа, многу поопуштена бев откако пројде и тоа и сѐ беше во ред. ве читкав скоро цело второ за да знам што ме чека. честитки до сите тазе мајки кои до скоро пишувале тука и со лесно вам што ви се ближи терминот.
Девојки, до која недела пиете редовно магнезиум? Докторката ми вика до крај да не го прекинувам, а јас не знам како би осетила некаква болка, лажна контракција или што и да е. Последниве денови сабајле кога ќе се разбудам имам некоја ептен слаба менструална болка ама толку е слаба што си викам да не се филмам После во текот на денот ништо, ама пијам сабајле и навечер магнезиум од 250. Си викам, ако не пијам ќе имам валда поголема болка,м? Од утре влегувам 36 недела. Стврднувања стегања на интервали немам такви работи.
Пиј си ич да не се секираш, неможеш да не сетиш породилни болки. Кај секое мускулче и коска болат во 9ти, па уште и магнезиумот да го оставиме Матичен ми препорача исто до крај да се пие.