Јас пијам по 750мг магнезиум плус лекарства за опуштање на стомачни зад и матка па пак ги осеќам тие затегања. Уште ќе си пијам.
Девојки како ви се зголемуваше тежината ова тромесечие? Ја накачив 13 кг до сега ама веќе две недели не мрдам со тежина дури ни во грамови... Помалце јадам ама сепак дали постои причина за грижа, мислам во поглед на бебето. На контрола бев последен пат пред две ипол недели а уште недела дема сигурно нема да можам да отидам
Јас сум 11+ сеуште, последна контрола пред две недели бев 10+ кг. Мислам дека сега не се дебелеам јас, само стомакот расте. 30+4 сум, не знам ќе видиме за две недели како ќе биде.
Женски ако може да споделите околу броење на удари од кога и како. На интернет има 100 различни работи и некако мн стресно ми делува. Некои денови бебка е многу активна некои не. Незмам како ќе се прави треба ли да се трча у болница директ од се што изнапрочитав коса ми се крена. Иначе сум 27 недела.
Не се вознемирувај не си прави филмови. Бебе има денови кога е многу активно па спие и расти. По правило после 32 треба да си приметиш ритам кога е будно. Мене обично наутро од 4 до 6 и навечер два три саати. Во меѓувреме си мрда ама незабележливо дека мрда во сон. Тој период кога ти е активно тогаш се мерат 10 движења. Во рок од саат два. По правило не мора да мериш ако не ти каже гинеколог дека е потребно. Како расте така повеќе ќе го осеќаш. Пола од ударите не ги приметуваш затоа те фаќа паника. Се реагира и се звони на лекар само ако повеќе од 12 саати ама баш ништо не осетиш не дај боже. И во тие случаеви имало мајки отишле на преглед и таман ќе легнат за ехо дете почнува да крева стомак како лудо. Се си е нормално не се преоптоварувај и кога си опуштена повеќе ќе си го осеќаш.
И на вас ли ви се појави целулит во нозете? Абе до 6 месеци бременоста е супер кога влегуваш во трето тромесечие се нешто ни фали и се нешто не е во ред.
Хахаха ќе научите да не се замарате за вакви работи. Ви следуваат во животот многу поважни нешта. Јас имам и целулит и стрии. Како поинаку ќе си знам каков борец сум цела бременост. Кога ќе се роди бебушот ќе му биде само едно нешто неопходно, мајка. И нема да ме оценува по тоа како изгледам. Исто важи за сопругот. Ми нема дадено забелешки во неговите очи јас сум жената која му носи живот/потомство. Сакајте се себеси бидете пример за вашите деца за и они да се сакаат.
Што пиете/мачкате за болка во кичма 39 недела сум,3 дена како ме фати кичма со болка дури накај десната нога,да не можам дури да одам воопшто без помош....
Не мачкај ништо, пред пораѓај си, само масажа од тм со baby oil. Знам дека ти е тешко но движи се повеќе, пешачи. Сепак сега си најчивствителна не си прави шокови на кожата со гелови за опуштање на мускулатура. И мене ме боли кичмата многу и кога движам подобро се осеќам
Аиии душаа Овој гел помага, баш пишуваа и другиве девојки за истиот, а за пиење само МГ појачај друго ништо
35 недела сум , ми се појави кандида. Ужасно ме чеша , матичната ми даде вагиналети гино дактарин но не осеќам подобрување. Имате некој совет?се надевам ќе се среди пред пораѓај, дали е штетно со кандида да се пораѓаш природно?
Пак консултирај се со докторката, можеби ќе ти рече да се повтори терапијата. И не, немаш гајле за пороѓај дури и да имаш кандида.
Мене брисевите ми беа чисти немав никаков симптом за кандида или било ко друга инфекција. Ама бебето ми примаше антибиотска терапија и стои дека јас сум имала кандида нетретирана само поради тоа што имав зголемен исцедок. Чисто подобро лекувај ја отстрани благо шеќери... не е штетно ништо во тие терапии секое второ бебе прима (така ми кажаа)ама имаш време таман да ја средиш.
Добро утро/добар ден мешиња. Прво да прашам дека ме копка за тие позрелите @Vojdana @KiviOdMaldivi & @Snowflake97 како сте? Има ли промени? Да не не изненадите наеднаш Јас полека се укотвувам во 9ти. За три/четири дена ќе влезам. Меше тешко за вртење. Само спијам на рати. Таман ми се приспие малото ќе се расклоца па се молиме да се смири да фатам бар еден саат дремка. Кога сум будна оно спие го нема. Тимска работа. Чекам резултати од брисеви. Ги правев претходната недела во средата можно е да се готови? Во меѓувреме сум фатила некоја уринарна инфекција па ја лечам со дематоза од синерџи...Помина и тоа. На преглед следната недела мислам и прво асално цтг ќе правиме. Изговор да си побарам сендвич + кока кола + чоколадо Па така слушнав ги прашуваа мешињата во амбуланта на државно. Мора нели? Ве поздравувам имајте си лесен/без стресен ден
Здраво жени , дали сметате дека е нормално што веке некое време ме здоболува од време на време доле ниско , пред 2 недели бев на преглед се беше ок , наредната котрола ми е после недела ипол сигруно ,, осекам како притисок и од време на време болка како истегнување , незнам дали да отидам до докторот на еден преглед порано , 30 недела сум и мешко ми е прилично доле па дали самото бебе си праве притисок ...
Се молиме со синко да испаѓа ама изгледа поубаво му е кај мама во меше и абер нема, утрово пак бев на цтг и ехо, уште е мирно. Веќе 39+2 сум и премногу ми е тешко, не можам ни да седам ко што треба, а за спиење да не правам муабет тоа е веќе непознат поим за мене, по цели ноќи си дежурам и зјапам во таван или во телефон ко будала, ретко кога преку ден малце ќе поспијам, ама се тешам дека ова ми е тренинг за со бебе кога ќе дојде.