Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    Од душичка:hug: Ако имате зелено светло од гинеколог што не го охрабрите дечкото со прошетки, романтика прочитав дека и обилен оброк може да направи контракции ако се разигра бебе. Мајка ми изела пола тепсија еклери и тулумби па следниот ден сме се родиле јас и брат ми :D
    Ни го зашеќерила хахаха
     
    На Cherry blossom89, Broki5, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Еее мила, не му се излегува уште на малиот, 38-ма недела терам...
    Вчера бев Чаир на цтг, беше све добро иако малиот се избуткал на десна страна најверојатно од миомот...
    И сега сум во четврток пак таму па ќе видиме...
    Ноќе имам страшни болки во колковите ама до степен на вриштење сум кога треба да се свртам на страна или да станам...
    Искрено едвај чекам да се породам веќе...
     
    На Broki5, Snowflake97, Kom.pot и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    @Vojdana ќути цела вечер на саат сат и пол се будам до вц на мочање и да сменам страна. Нагло качуваме тежина а ни се шират карлица/колкови повеќе време на една страна ми се чини нерв ќе воспалам. Ајде дома некако ќе се префрлам ќе ме турне и мм ко кит ако треба. Али на тоа креветите болнички како ќе се разгибувам стварно незнам. Од што поминав толку време лежечки сум претромава. Да клекнам не ќе може да станам после (facepalm)
    Се надевам ја имаш потребната нега и внимание во Чаир. Со лесно до крај мила уште малку остана :l:
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Толку ли е тешко последниот месец? Да знам што ме чека:sweat:
    Мене уште сега почна да ми станува тешко 8ми месец само што влегов, до крај не знам :sweat:
     
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Јас влегов вчера во 9ти. Спијам ко топ, ама кога ќе се разбудам и треба да станам ко некоја бабичка сум. Зависи и бебе како е наместено, некогаш ко подлабоко да се пика и тогаш ни стомак ми смета ни ништо, без проблем станувам. Ако немам перница меѓу нозе во спиење ме болат колкови. Вчера и завчера ми беше укочена десната страна на грбот под лопатката, ни масажа ни ништо не помагаше. Најмногу мака имам од седење јас. Но издржливо е.
    Бебе е веќе послабо активно (не дека претходно којзнае колку лудуваше), не удира туку ќе пропрета малку и се тегне, изгледа и е тесно. Ноќна птица е навечер се јавува, денски спие.
    Скоро секое сабајле имам менструална болка, како да треба да добијам, еве веќе неколку дена, ама си поминува и толку е, само сабајле се јавува и константна е, трае на пример пола саат, со ист интензитет е и после попушта. Немам стегање на стомак и контракции сеуште.
    Си се искажав тука јас :D
     
    На Fatalnata, LivingGlam, Tsukinory и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Активна сум цело време, демек и вежби од yt правам за побрзо отворање и све џабе засега, уште ова не сум го пробала со обилен оброк, ама по се изгледа ќе треба да го применам. Ама и синко ако е инат како мајка му ни благото нема да помогне :rofl: :rofl:

    Бар мене ми е стварно тешко, веќе од болка во колковите и кичмата како шатка почнав да се движам, кога лежам вртењето од една на друга страна ми е посебна приказна, среќа навечер мм ми помага. Во 8ми немав проблем со ова, дури и страв ми беше се жалев по темиве како толку брзо помина времето а јас не сум спремна да раѓам, ама сега од што ми е смачено со душа чекам да ме фатат болки и да тргам во болница. Ама сепак за малите душички се ќе издржиме, дури и вака да се осеќаш како кит на моменти. :whew:
     
    На Broki5, LivingGlam, Tsukinory и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Ако искажува се да знам што ме чека :D
    Добро ти со вртењето од 9ти месец имаш мака, јас почеток 8ми не можам да се завртам од половината ме сецка, а не можам никако само на една страна да лежам, па за вц морам да станам, туркам со рацете на креветот кога станувам да си помогнам самата.
    Сега и парното во собата ми смета, синоќа го изгасив скроз.
    Господ нека ни е напомош. Ко ќе се сетам, златно второ тромесечие само хормонална бев, а тоа не било ништо во споредба со ова.

    А бебе мрда лом ме прави, понекогаш мислам надвор ќе излезе, понекогаш ко ќе фати да скокотка долу кај јајниците8-|, па сега почнав да го осеќам и ко ќе ика, најмногу ика ко ќе почни да лумпува во стомаков и ќе се заикат :D:D

    Само мислам на пораѓајот исто, дали ќе имам сила да го родам, дали ќе ја издржам таа непозната за мене болка. Ме фаќа страв :worried::worried:

    Па после си мислам здраво да се роди, да не му фалит ништо. Лом сум значи. ;(
     
    На Ava.84, Lovebug01, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав тоа болката не ни е непозната. Комбинација е од менструална, болка во кичма, и болка како при запек. Почнува слабо па си се зголемува и шири. На крај само ќе ви се кака и така и ќе го истуркате кога ќе ви речат. Иначе не е константна. Имаме паузи измеѓу ќе си дишете и одмарате минута минута и тоа е нешто.

    Телото женско е спремно за овој чин само ќе си го слушате. Некој клечејќи полесно ги толерира контракциите, некој со свиткани нозе в вис, а некој на страна во фетална поза. Битно е да го "исурфаш" бранот на болката без да губиш сила во урлање, хипервентилација и она сечие "неможам".

    На крај кога ќе тргне главата тогаш викајте така и неможам и дајте царски и ќе викам полиција (Како што рекла некоја членка тука хахах). Бидејќи тука неколку напони и минути ве делат од тоа да си го гушнете бебето па нема да ви замерат ако ги отерате сите во три лепе ***. Само силно и без откажување настапете на почетокот и средината. За дишење ја гледав и учам од сестра Забе на јутјуб. Еве линк кој сака да вежба по дома.
     
    На Ema.Sk, PurpleMind, Chanell* и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Така е! Дишењето е најважно за време на напоните.
    Да те дополнам посебно да знаат тие по државниве што се пораѓааѕ како што читам не им кажуваат како да дишат.
    Глејте обавезно видеа. Штом го осеќате напонот земате воздух го држите и туркате како за какање со сета сила.
    Значи викањето само ќе ви отежне. Паниката ќе ви отежне. Смирено. Мислиш на тоа дека се ќе е готово за брзо.
    На бокс ако дишеше правилно не боли ништо. И точно самиот процес дал време за одмор меѓу напоните и тогаш дишете си мирно сталожено до следниот напон.
    И ве чекам во Бебе :l:
     
    На wannababy, Ava.84, IJAE и 11 други им се допаѓа ова.
  10. maca050619

    maca050619 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2017
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    почнав со 60 кг сега имам 80 а сум 31 недела дали трена да намалам или ? како ненормална јадам ама јадам мн овошје премногу ..
     
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Мила, ти си станала специјалист и за природно иако ќе раѓаш царски :D Фала ти за клипчево, баш периодов мислев да почнам да гледам и да вежбам дишење, иако порано кога одев на вежбање аеробик и пилатес, техниките за дишење многу ми помагаа за да совладам некоја вежба за која требаше поголем напор или ми беше потешка за изведување, но сега сум ги заборавила сигурно..
    Не мислам и јас на пораѓајот и на болките, повеќе ме загрижува со корона ситуацијава искрено, веќе кај и да се свртам по некој позитивен има :worried: и не само корона, туку и настинки многу има. Да не дочува Господ, само тоа се молам. Ние се чуваме колку можеме...па сега тоа е :)
     
    На Klara91, Bravenewmama, Broki5 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Девојки нели во 36та недела сањ зимаат брисеви за стрептокока.... колку време ги чекавте реултатите?
     
  13. wannababy

    wannababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2020
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    2.379
    Пол:
    Женски
    Здраво здраво трето тромесечие... се поблиску и поблиску до среќата :inlove: :o: the countdown can begin :o: :inlove: 107001403-expecting-something-sweet-pregnancy-baby-quote-lettering.jpg
     
    На Klara91, Ava.84, Cherry blossom89 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Јас стигнав 37+4. Ме интересира дали пред да ми пукне водењакот треба да осетам некои болки?
    Што е прво водењакот или чепот? Кога ќе падне чепот што треба да правам?

    Сопругов ќе го нема 4 дена дома и одма паники почнуваат да ме фаќаат бидејќи сум во поодмимата бременост.Одма се замислив како одам со такси на болница ноќта:D
     
  15. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    Уште чекаме јас и @Lovebug01 ми рекоа 7 работни денови. Ваљда кон крајот на неделата. Незнам зошто толку касно ги земаат од 35та недела па натака ако има нешто не ќе можеме да се долечиме. Па после како на Милки што и направија превентивно на бебулето антибиотици зошто да биде така? Болје спречи него лечи.

    Добро ни дојде меше! Таман има кој да не испрати нас, староседелците...:lol: Договарајте таму ред за мекици месење и нешто блашко оти има тука мешиња кои 9 месеци не се откажале од благо па таман работа на крај :D ( читај јас 8) )

    Ехее колку си ми се возбудила. Не не ќе си го чека бебуш татко. Не си прави филмски сценарија хехех.
    По некоја логика прво чеп па плодова вода. Ама читав скоро над 60% прворотки им пука водењак во болница или рачно им го отвараат.
    Ако немаш кого ќе ти го испратам мојот да те однесе. Онака за вежба. Многу ми се возбудува пустиот. Оној пат за да ме примат државна на прв преглед и цтг кај докторката која ќе ме води. Се залетал удрил таксист. Кога ќе ме фатат болки карамбол ќе направи.

    Кога ќе размислам болје и двете да си одиме со такси...:!:

    Имајте убав ден мешиња. :*
     
    На Ava.84, Nefertiti., Broki5 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Не се паничи породувањето не е толку брзо и експресно како на филм што ние си замислуваме, тоа е процес постепено што се одвива. И јас само што влегов во 9ти мислев готово одма ќе се деси болки и породување и паничев, бидејќи по цел ден сум сама мм касно се враќа од работа, плус работи во друг град па како ќе стаса, јас што ќе правам и слично.

    Еве веќе 39та недела ќе ја завршам уште малце, скоро две недели сум со паднат чеп, освен лажни болки навечер друго не се дешава иако цело време сум во исчекување.

    А и да се деси да ти пукне водењакот и да те фатат болки додека си сама не се паничи, пак до самото раѓање има уште доста време, па ќе имаш време и да се спремиш и да се смириш и да отидеш сама ако е потребно.
    Мене докторката моја така ме советуваше, ми рече не трчај одма во болница на првите болки или само што ќе ти пукне водењакот, подобро е дома да издржиш колку можеш повеќе, кога ќе започнат на 20 минути болките да бидат тогаш оди, колку порано отидеш повеќе ќе те измачат само.
    Со лесно и без паники. :l:
     
    На Ava.84, Broki5, Rina1992 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, како сте? Ај и јас да си се пожалам овде... 30та недела сум, последниве два дена кичмата ме искина, ни можам да седам, ни да стојам, ни да лежам... Едното бебче ми е поставено под пупакот, другото е над пупакот... Пред една недела ги меревме на преглед тежеа по 1370 грама.. Како се справувате со ваквата болка, како да си олеснам..?? Најмногу ми помага масажа ама моментално додека се масира местото, после тиа пак иста песна... Ви благодарам однапред. Гушки до сите :hug::hug:
     
    На Klara91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Нема правило тоа. Со поголемото чепот и болките скоро истовремено се случија, во болница ми пукнаа водењак, а сега ми пукна прво водењак и наеднаш и болки и чеп. Може само болки да имаш, а друго да те средат во болница. Може чеп да почне да паѓа па недела две ништо друго да не се случи...
     
    На Snowflake97, firequeenn и Tsukinory им се допаѓа ова.
  19. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Мал совет и од мене за тие на државно што одат незнам колку ќе се погоди да ви кажат нозете ги држите и ги влечете накај себе при напон, главата потпрена надоле и напнувате баш како при какање но посилно, зимаш воздух и напнуваш додека можеш или не ти кажат да запреш пак наново воздух и пак напнуваш се додека трае контракцијата. Велат да не губиш сила во викање јас искрено и викав малку како ви е полесно така но сепак без страв кога ќе дојде до напони веќе е крајот и еве јас веќе без епедруал, исечена па заборавам на сите болки се се трпи боли но завршува:*
     
    На Ava.84, Nefertiti., Broki5 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. maca050619

    maca050619 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2017
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    денес бев на контола според моите забелешки дум 30+3 а денеска одам на преглед ми викат 32 бебенцето е 32/33 , значи сега де водам според бебенцето ?
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.