Фала ви девојки за советите.понекогаш колку и да читаме се осеќаме изгубено.Дали самата возбуда си го прави своето не знам. Јас си ја спремив торбицата за в болница нека ми стои спремна. Денеска ќе одам на преглед да видам до каде е состојбата,прв пат ќе ми прави вагинален преглед. Се надевам нема да боли многу. Со спињето се потешко се справувам.Ми се спие,сакам да спијам ама со самото тоа што станувам на саат и пол се рассонувам и не презаспивам. Ни преку ден не можам асално да се наспијам не наоѓам положба.
Ти си се водиш според твојата недела од последна менструација, а бебето си е по напредно и одговара за една недела поголемо, нема што да те буни.
Е сега и мене ме интересира, кога може бебето да се роди, според нејзината последна менструација или според мерките на ехо т.е две недели порано?
само слушам некои глупости бремена жена не требало да се враќа после 12 навечер дома требало пред , што мислите ?
Секој само нешто кажува некој суеверија абе да не си раат дај малце нека не олабават нека не остаат раат да си уживаме у бременоста
Јас стварно веќе не знам дали е до цтг-то во болница, или е до мене проблемот. Треба да се гледа долната линија, кај мене повеќе од 20 не оди, а веќе 39+4 сум, толку ли е успано детево мое или мрзливо па не сака да испаѓа, стварно почнувам да се нервирам. Додека лежам таму нигде го нема, кога ќе дојдам дома збеснува од претање и тегнење, некој некого заебава у ситуацијава.
Женички синоќа беше жустро. Болки имав некои чудни доле ниско над срамна коска. Како менструални ама низ цела карлица и колкови. Ќе фатеше да боли некои 10/15 минути па пушташе. Така од 1 до 4 саат наутро па сум заспала конечно. Утрово и цел ден ништо. Бебе умерено си клоца. Се раздвижив нешто зачистив и пак се си е мирно. Незнам што ми беше тоа вчера. На преглед сум од понеделник натака дури. Дали да закажам и порано?
Пред секое цтг и јадам и пијам и џабе таму го нема, само што излегувам да си одам и тогаш му текнува да се размрдува. Е дај боже и кај мене вака да биде да се надевам. Јас знам дека вака или така кога ќе му дојде време ќе излезе ама доста му е веќе нека излегува, да ми се олесни малце, почнав едвај да станувам од кревет тешко ми е.
Штом цел ден немаш ништо, не мора да одиш. Но ако пак имаш деновиве некоја болка оди на дежурен барем цтг да ти направат заради што ти е специфична ситуацијата со постелката. Јас бар така би направила Влезе ли во 36?
31+1 денес, нормално ли е да ми се гади? Некако надувано се осеќав и ми се гадеше, исповратив ама сеуште ми се гади.
Ќути ги бројам деновите во сабота полна 36та ќе сум. Во државна ми рекоа ако имам крварење да дојдам само. Вака на оф уф со коронава ќе ме примат можда ама гледаат напреку.
Можно е ,јас сум 35 недела па знае да ми се јави гадење и повраќање. Особено ако имам плус и запек е тогаш по цел ден ми се гади. Ради нелагодност и надуеност во цревата.
Имав и јас такви болки 36та 37ма ќе ме фатеа сред ноќ следниот ден како ништо да не било. Вистинските кога ќе почнат не престануваат да болат. Ама следи си утре пак ако имаш бидејќи си со ризична отиди на цтг на дежурно
Исто и кај мене 1 недела дури она си запишува така пример по менструација сум 29 а кај неа си е запишано полодот одговара на 30 недела. Кога ке отидам неделава на преглед ке ја прашам.
Девојки здраво. 27+3 сум ама утрово забележав како кафеав исцедок не многу. После тоа се смири и се беше нормално. Секој месец приближно овој датум ми се повторува истото, минатиот траеше 3 дена. Само еднаш имав крварење (во 5ти месец до тогаш ништо се беше во ред)и се среди со прогестерон и утрогестан, а се изостави дека било застарена крв. Сега матичниот вели дека нема простор за паника само со утрогестанот да продолжам. Дали некој има слично искуство и дали имам простор за паника.?