Некој да ми даде совет како да се контролирам од благо јадење? Претходните месеци немав проблем не јадев многу, сега 8ми многу ми се јаде благо и не можам да се контролирам..
Не сум репер да ти одговорам пошо цела бременост јадам благо ко никогаш да не сум видела ама пробај со поздрави варијанти, оние барови со житарки и чоколадо, мед, или благи овесни каши за доручек
Нема како освен да пробаш со поздрави варијанти. Не знам колку јадеш ама толку шеќер не е воопшто добро ни за тебе, а не за бебето. Стави си во главата дека можеш да развиеш гестациски дијабет, а тоа може да предизвика компликации. Со јадење шеќери бебето ќе расне многу брзо и нездраво што не е добро. Не би да те исплашам ама ете при крај си, стрпи се, па после јади колку што сакаш. Бебето нема избор.
Пробај со црно чоколадо 75% или повеќе. Јас купувам со 90% најчесто. Имам читано дека се препорачува во бременоста има многу бенефити и за притисокот и за се. Не е највкусно ама многу заситува потреба за благо. Кога ќе те фати криза земи еден ред изеди и ќе те засити јас така правам. Нормално во умерени количини треба се да биде не да го изедеш целото
Девојки и јас ви се приклучувам 28 недела ...е до сега бебушо го чуствував мн убо денска еве 3 сатот дали сабајле од двај 1,2 нежно и од тогаш до сега јас го немам почуствувано дали има место за паника ...
Иста сум и јас до 7ми месец неставав благо во уста, сеа само на благо мислам и по можност домашно правено, среќа и на свеки и се јаде па само нарачувам еклери, бомбици, рафаело, сутлијаш, пудинг.... до 7ми едвај 5 кила качив сеа почеток на 8ми веќе сум 7кг хахаха
Леле кај ми ги спомна овие работи, баш сакав утре торта да правам ама како што кажа @Jana06 морам малце психички да мислам, подобро банана да изедам или овесни снегулки. Од сабајле јадев малтесе после некои колачи, аман доста е за денес.
Здраво трето тромесечје Многу брзо ми поминаа месеците досега многу. Сеуште ич не се осеќам како трудна, освен што ќеркичката знае и тоа како да ме клоцне посебно дур спијам За јадење, исто сеуште апетит ич! Уште едвај 4 кг имам само качено се надевам веќе ќе почнам асално да јадам. И така сум само на маслинки и сирење. Припремите за ново бебе веќе се готови. Се ми е спремно само нова торба уште да купам Сите работи по величини си ги наредив во нејзиниот плакар и едвај чекам да ја дотерувам. Синко, веќе е спремен за дадичката, доага ми става играчки под маицата да се играло и бебето. Паметно мое
Еве направи си утре нешто благо ама не торта Најди ги kokarche на инстаграм има многу убави ниско калорични десерти.
Обавезно, фала ти многу. Ете и за вечера си направив овесни снегулки со банана, јаболко, цимет и суви смокви. Баш заситува, а има доста витамини.
Подобро прави ги за доручек овесниве каши, ем заситуваат, те полнат со енергија и ако е блага каша може да не осетиш подоцна во денот потреба за благо. Јас многу често знам да си направам: 4 лажици овесни снегулки, малку чиа семе, ги варам со 250мл млеко и еден ред црно чоколадо на тивко, убаво да се згусне. Настрана пасирам пола банана и кога ќе се свари кашата ја додавам во чинијата со бананата. Одозгора ставам што имам-суво овошје, јатки, кокос, малку сецкано сезонско овошје..било што. Или истава комбинација ја правам со тоа што наместо чоколадо ставам 1 лажичка мед и цимет. Можеш и некој путер од јатки 1 лажичка да додадеш. Ем благо, ем здраво за убав почеток на денот
Мешиња јс вчера се попарив со чај несакајки и после тоа мислам дека малава се шекна од клоцање претпоставувам дека и она се вознемири денеска ми е подобра раната само да не има она белег иначе на стомакот се изгорев Види го прикачениот фајл 636577 Види го прикачениот фајл 636577
Ооо склони сме кон незгоди и јас често белји правам. Ти може ќе имаш белег ама она нема шанси преку стомак да има белег. Нека поминува побрзо
Девојки, овие денови почнав да се препотувам во спиење, 38 недела сум. Имате ли слично искуство или потсвесниот стрес од тоа што доаѓа ми работи. Иначе никогаш не се потам во спиење
Мила маст од невен да мачкаш или масло од кантарион и нема да имаш никаква лузна. Нека поминува побрзо.
И јас сум 38ма ама ова со потењево ми се случуваше некаде 2ро тримесечје. Тогаш и од киселините во делот кај срцево бев жива вода кога ќе станев среде ноќ. Не знам какви ти се соновите, можеби сонуваш нешто па од тоа потиш, ми се има случувано. Не ја затоплувај многу собата во која спиеш и не се прејадувај пред спиење.Општо познато е дека покалоричната храна која ја јадеме повеќе го загрева телото па вечерата нека биде полесна варијанта.
Девојки помош 37 ма недела сум,последниве неколку дена имам големи болки во колковите ноќе.Како тупа болка ама неиздрлива.Од искуства некој како да си помогнам?
Се движиш ли шеташ? 37ма си веќе и треба што повеќе да се движиш немој да лежиш освен ако доктор не ти кажал поинаку. Бар ја така два три дена ако се улежев и колкови и кичма се ме болеше
Искрено не се прибирам дома пешачам секој ден.Ама ноќе кога ќе се опушти се вероватно почнува да боли.Не сум улежана ич,само спиењето навечер ми е у кревет.
Нормално е, ти се шири карлицата и не ти е навикнато телото на новата тежина. На крајот буквално се боли Напиј си се магнезиум.