Да мачно е при крај се боли пробај со перници некако намести се да ти е полесно. Пиј си магнезиум или б6 па ќе те опушта за да можеш да спиеш ноќе. Уште малку и ќе се олесниш
Исто и мене ми се дешава ноќе кога ќе се разбудам за во вц ама не ме боли неиздржливо, може пошо пијам пред да си легнам магнезиум. Ставам перница меѓу нозе, ќе си најдам позиција да заспијам и кога ќе станам и ќе се раздвижам не ме боли ич. Нормално е на крај се стежнува Инаку од почетокот нс 8ми месец така знае да ме боли. Пред тоа, во 7ми месец повеќе со половината и страничните мускули на стомакот имав мака.
Може ли мислење денес сестра ми беше на цтг во Чаир а е 37 недела и 2 дена ќе ви ставам во прилог извештај па ве молам за мислење
Супер е извештајот, бебе одговара на 36+6 што не е ништо страшно штом е сестра ти 37+2 (неколку дена е назад по мерки) но се си е во ред за тие недели.
леле како јас да сум го пишувала ова хаха , иста сум преходно благо воопшто а сега во 8 ми ми се јаде и си се врткам цело време пред фиока и гризам нешто .. а и така сум поправена многу + 15 кг до сега!! а и не јадам многу се чудам одека ми е таа килажа значи јадам исто како и претходно нормално и умерено , а не пак сега ако се навртам на благо кај ми е крајот ...
Од денес и јас тука До сеа 1кг во плус, тоа вчера беше кога се мерев и прегореа батериите на вагата, знаат кога треба, кога ќе се поправам наеднаш. До сеа фала му на господ немав ниту компликации, ниту ептен страшни симптоми на бременоста. Сеа овие 3 месеци мислам ќе видиме.
Здраво сакам да прашам за 2 дена влегувам во 9ти месец утрово имам крварење не мн обилно ме интересира дали некој знае дали да одам на преглед веднаш или е нормално бидејќи имам закажано за 3 дена а и претходниот месец имав крварење на оваа дата па оф овде ме пратија во Скопје на предвремено породување и едвај се објасни дека ми е рано да се пораѓам затоа сега не ми се оди на преглед веднаш
По мене крварење не е нормално. Јас би отишла на преглед не се знае што може да е...е сега да не имаш сукрвица или баш е крварење? Ако е сукрвица може да е почеток пред чепот или нешто. Прошли месец штп ти кажаа зошто е крварењето?
Не ја знаеле причината бев на државна во ск кога ме гледаа на ехо не ја знаеле докторот рече ништо страшно од односи е ама од тогаш навака не сум имала а ова сега не е обилно малку е и со темна боја
Почекав до сега и гледам намалување ептен розикава крв на бришење може џабе дигав паника незнам сега да одам или да си чекам за 3 дена имам закажано
Мене ми беше така за чепот ама имав и болки ,па после 12 часа се породив.... Ама бидејќи си имала и минатиот месец можеби е подобро да те прегледаат...
Сѐ што не е вистинско крварење со чиста крв. Сукрвица може да има и помеѓу две менструации, како розев исцедок, во бременост, а може да биде и кафеав.
да ве прашам јад дум 8ми месец викаат ско ди имал млеко демек да си се стегнела ке ти потекло дали е вистинс ?