Постелката и е созреана, има калцификати и лакуни. До некоја мера тоа е нормално за овој период од бременоста Е арно што ти се расипала,и јас до 7 месец имав само 2-3 качено...е после уште 11 А јадев исто и не ми беше јасно од каде дојдоа
Женички малце кревам паника. Не ми мрда нешто малото цело попладне. А јадев и солено и благо и кока кола. Утрово клоцкаше. Сега ич не го осеќам. Да одиме ли на преглед?
На грб легни,пробај,јас мојава одма ја активирам штом легнам на грб. Или па протреси го малку стомакот, и тоа функционира кај мене. Па пиши што си сторила.
Девојки онака да се испразнам од стравов, а и ме советуваа и во труднички ама пак ми е неубо 28 нед сум и ставив флостерон за зрење на бели дробови на бебчето и сее ама ич го нема одручеква нешто нежно шо мрдна и тоа беше се ,а иначе бебчо си мрдаше леле мајко и ме фајќаат паники ми кажаа дека е нормално ...вејчем да незнаеш што е исправно ..
Штом ти кажале дека таков ефект има од инекцијата немај гајле. Сигурно и феминкиве исто би ти рекле. Може чудно е за тебе,а и за секоја од нас, навикната си на активно бебе и сега наеднаш мирно станува ама што е тоа е. Штом морало да е така издржи. Верувај во себе и во бебето. За некој ден пак ќе биде активно.
Два три пати клоцна ама многу послабо. Овој период ми е најактивно. Читав да не е ова затишје пред пораѓај?
Фала ти срце на убавите зборови стварно добро ми дојдоја така е сите ми кажаја дека можи да се очекува ама стварно колку и да знаеш е грдо чуството да го нема ама мора да се издржи ,а и плус за негово добро е да не му текни да излези порано оти сум со скратен цервикс серклаж контракции
Ете штом клоцнало,ти дало знак дека е тука,ама малку поспано. Ти дало знак да не се грижиш. Па и да е затишје пред пораѓај веќе си во безбедна зона, бебе ти имаше супер килажа па се надеваме на убави вести. И кај мене еве скоро 36 недела овој вечерен период журка прави момата.
Осекам благи меструални не дека се болки ама ај така да се изрзам,како некое тезнеје долу , како пред добивање ... дали е ова нормално во 31 нед
Кај мене од 35-6 недела е веќе мноогу помирна. Има дури денови кога ептен слабо мрда. Цтг во ред, друго се уредно, па решив веќе ич да не се замарам. Легни на грб и да осетиш мало движење тоа е тоа...Ај што стануваат помирни, туку и движењата веќе не им се исти како што растат.
и јас имам болки , баш завчера и кажувам на докторката овие лажниве интензивни дури и притисок осеќам а цело време лежам она се смее ми вика: ако ако имаш болки , треба да имаш , викам а бе малку рано а она се смее.... утрогестанот како ги почнав првата недела само ми се смирија и од таму навака имам секој ден ..... денес едно 5 пати сигурно ме стегна и тоа јакичко
38+5. Мене ми ствара болки од што е активен многу.. Еве веќе 1 час не можам да заспијам од што е активен ме боли од бешика до граден кош. Се напив еден магнезиум, џабе е. Барем водењаков нека пукни и да одам на болница да се олеснам тешко ми е веќе, по цел ден како тешка категорија сум.
бев во таква ситуација со керка ми и си отидов на преглед и се си беше ок.За два дена ми пукна водењакот и се породив
Луѓе дали ви се случува бебче да се намести така што двете страни измеѓу папокот десно и лево ги подигнува, а папокот се вдлабнува внатре. Се мислам која ли позиција ја зазема и кај му е грбот газето, па главата.
Кај мене бебушка вака си лежи така ја лоцирав хехеех доле и е главчето с горе кај што ми е другата рака и е ноџето
Денеска сум на едно цтг кај матичната. Да видиме кај се укотвил толку што ни е успан. Цела ноќ спиев на штрек да видам дали ќе зачести до движењата како што прави секоја ноќ. Ама слабо он спиеше јас не. Сабајлево вибрира како телефон, доручкував овошје се размрда. Ама бидејќи ми промени ритуал ќе одиме да го зирнеме. Таман и ќе ми кажат проценка. А јас ќе си се смирам да не го мислам. Можда ме осети вознемирена ми јавија моите дека се позитивни на корона. Ги немам видено 6 месеци. Немам контакт ама сепак кај ги најде сега ова по толку пазење. Ништо ќе си го гледаат внукот на вибер.