Со лесно на твојте на нога да го поминат. Изгледа цела МК е позитивна веќе...еве и од кај мм сите позитивни. Сва среќа ја клуч на врата ставив па никој не доаѓа Ич не можам да се сетам како беше движењевп при крај кај мене. Ама мислам активен си беше до крај ребра ми искрши дури и откога се породив во соба лежев и ме болеа ребрата од ударите со ноџе Се сеќавам дека не го осеќав ни движења ни ништо откога веќе пукна водењакот и дури бев во болница..пред пораѓај. Така што без грижи уште ништо не мора да значи се е индивидуално.
Јас за два дена 36 полна недела, малава сеуште е баш активна. Сите ребра од десна страна ми ги "искрши" . Се намести така лошо на денес нерв од колкот притиска леле почнав да куцам. Секоја ноќ штом легнам таа забава почнува да прави, цел стомак ми го искина. Велат се смируваат тој период бебињата, помалку мрдаат, ама оваа баш и не е таква. Кај тебе вака е? Пошо тука ни се термините, да си прашам.
Не клоца кај мене веќе толку многу ама се растегнува и ногата и ја осеќам под ребрата странично на стомакот, ептен се испапчува на тоа место.. Што знам, има периоди кога е поактивна, има периоди кога е ептен мирна и само ќе направи некое минимално движење.. Ма да кај мене цела бременост е мирно бебе, но досега вака на прегледи било се во ред...А и често ика.
Бев добро е цтг. Нема контракции бебуш се изнамрда како нарачан. Ме подучи матичната да не чекам од преглед до преглед да одам почесто за било каква сумња или болка. Исто така да зачестам со движење. Па малце се прошетаме нормално купив некои ситници плус за бебе и конечно одлучивме и со кои пелени ќе тераме. Сега одмарам бидејќи и тоа малку шетање многу ми дојде. За килажата да не збориме...надминати се сите очекувања.
Здравоо, 31+6 сум, и имам многу вагинален исцедок, некогаш и жолт е, а и гакичките повеќето се мокри од што би можело да биде тоа. Сабајлево на бришење и видов како точка кафеава крв. Многу се плашам за све. Некогас имам и слаби тапа болки како менстриално во долниот дел...совети,мислење?Последно бев пред две недели на контрола кај гинекологот све беше супер, бебето дури понапредно за 10дена,плпдпва вода си имаше, за грлото ништо не кажа, само имав лакумии во постелката ама проверивме ддимери и супер беа, и скриен шеќер супер.
Мајки, денес сум малку исплашена, на контрола бебко 2,700кг во 33+2гн, докторот рече крупно веројатно со царски и сум попарена искрено, јас и онака бев преплашена а сеа сумм Незнам што да очекувам, каква е процедурата? Нека пише некоја искуство, ве молам
И мојата матична инсистираше за царски од 28 нед. Па Еве таа што ме води во ГАК вика природно ќе се породам. Не се секирај на крај само ќе си каже. Ќе се намести. @Buca24 да си провериш брисеви да не е некоја инфекција. Јас кога спомнав доле болки ми рекоа цервикс не болело туку уринарна инфекција имав. Кога ја средив болки снема. Исто и за исцедок, примам терапија против кандида. Болки за пораѓање почнуваат најчесто од кичма.
Мамички едно прашање, дали ви се случило грчеви да имате, како болки за добивање ама и кичма да боли.. 35та недела сум, и бебче одговара 1 недела плус.. грчевите кога ќе ме фатат неможам да се движам 1-2мин
Јас имам менструални грчеви од 35 недела ама не се воопшто болни. Немам болки во кичма. Најверојатно се и кај тебе подготвителни контракции, ама оди на една проверка за секој случај..
Како помина со терапијата за кандида,колку вагиналети ти препишаа. Јас имам зголемен исцедок 17 недела сум ми земаа брисеви иако уште не се стигнати рез. почнав со Полигинакс
И јас прашав за полигинакс ама ми рекоа тие се со широк спектар за други дијагнози. За кандидата ми дадоа гино - дактарин. 7 вагиналети се примаат и толку е. После тоа имам орално апчиња уште малку да продолжам за одржување на нормална пх и флора. Задоволна сум. Полигинаксот мириса многу.
@Lovebug01 Последниве 3 дена секое утро па после престануваат во текот на денот. Денес скоро цел ден, на секои 2 часа имам стврднување на стомак, ама со ист интензитет се болките но непријатни се. Сонот исто така за никаде ми е, кога се вртам во спиење во болки од една страна на друга Ваква припрема ми прави телото за животот со бебе изгледа
Најверојатно лажни контракции, ако се вистински ќе се редовни, нема да престануваат. Лажните се сосема нормални за неделата во која си