Само што станувам од во сон,жи не можам да спијам паника ме фаќа, слабо удира денес бебе во стомаков, моментално ич. Што да правам не можам да спијам дур не го осетам?
Се мрдам секако лево десно, никако да мрдне, секогаш се мрдаше ко ќе сменев позиција во кревет. Многу ми е страв тапа е стомаков не мрдат.
Легни на грб и касни нешто благо, кај мене исто почнува да мрда и ако малку се свртам да легнам на стомак
Еве сега јадам чоколадо, абе цел ден некако мрзеливо преткаше и пред спиење секогаш го осеќав многгу мрдаше кожата ја подигаше, ама врчерва не и ај легнав многгу уморна бев и сега од сон во вц бев и се враќам во кревет и уште не мрдат и не можам ќе полудам значи.
Има период кога се по мрзливи и спијат ама те разбирам дека го мислиш и не можеш да заспиеш.Пробај раздвижи се ако не малку низ дома,растегни се може ќе се размрда, да можеш и ти на раат да спиеш
Дали е доволно ако мрдне само малце со тегнење без да удира ? Не му се случуват ништо нели? 32+3 сум иначе, почна да ми се врти од секирации.
Се е во ред ако имало нешто да не било како што треба каб бебето ќе се видело до сега на контролите така бебиња здрави прави од чиста мира не престануваат со движење Смири се малку раздвижи се лежи на грб и најмалото движење е движење не го чекај да те клоца или удира кај некои ептен се слаби при крај движењата
Доволно е, ама ако до толку се исплаши оди ако не на итна каде имаш најблиску нека те видат, иако и мало мрдање е доволно, сигурно спие
Добро е ете малце се растегна, ќе се вратам и јас на спиење, големи паники среде ноќ, катастрофа. Не сум била на контрола 4 недели затоа.
Денес ќе го следам како се движи и дали е активно како до сега, еве од сабајле полека пак мрзеливо подмрдна. Јадам благо ко луда, кафе пијам сега, после кока кола се надевам ако се наспие ќе се размрда како порано.
Оди на контрола ако ти ствара паника. Знам како ти е и јас секој втор ден за истово се секирам. Но да знаеш дека си имаат подолги периоди на спиење и не секогаш се исто активни во исто време, остај што пишува така по интернет, немаат бебињата секој ден точно навиен 'саат' кога се будни и активни. И положбата многу зависи како е во моментот, дали со грб е свртено кон твојот стомак, каде му се нозете..Еве кај мене цела бременост е мирно бебе дури чудно ми е кога ќе е малку поактивно. Кога не е, ни благо, ни размрдување на стомак, ништо не го размрдува. Последниве денови па одвај го осеќам, но се си викам бев на цтг и ехо пред неколку дена, и се си беше во ред. Немој да си ствараш стресови, доволно е и само едно мало движење или протегнување, кое можеби и не си го осетила во моментот. Ако се мислиш подобро оди да те видат да ти се смири душата но те уверувам дека се си е во ред
@BabyD0ll добро запамети ја оваа реченица бидејќи и јас не го осеќав вчера цел ден само 2,3 пати како нежно го осетив и малце се испаничив и сабајле докторката ми го рече ова
Кај мене знаеше и по 3 дена да го нема па после да не се смири со денови од клоцање...али се што ти е сомнително појди на лекар ама знај дека он си клоца ди мрда само ти не можеш да осетиш зашто се со помал интезитет неможат и они нон стоп да клоцаат треба да спијат и да растат