Денес 33+5 сум, ама имам ептен силни болки во вагина, прво беа болки во срамна сега се спуштени баш во вагина. Искрено ми се плаче, дали има некоја друга со ваков проблем? Бев на контрола во четвртокот се беше ОК, уринокултура ми е чиста, не е до инфекција. Едвај се движам едвај седнувам едвај легнувам, дајте некој совет
И јас тој период имав болки во десната страна па дури и внатре во вагината. Како грч. И велам цервиксот ме боли на матичната. Вика не е можно. Бев го измерија се си е во ред. Од што расти бебето ги шири тие мускули доле и притиска на некој нерв. Пробај пред спиење тушни се со потполна вода да се опуштат мускулите. Ако не полека јога ако смееш. Или зголеми магнезиум можеш до 1 грам дневно ако ти дозволи гинеколог. Период е ќе помине чим се намести убаво бебе.
Дај боже да е период, секоја вечер се туширам со млака вода, снемав магнезиум сеа ќе го пратам мм да иде да земе, инаку баш болка чувствувам ко тегнење, незнам како да објаснам дури мислам дека е отечено местото наоколу
Можеш и со потопла само не долго и да не пуниш када да легнеш внатре. Само стопли го местото и завиткај се потопло легни со колку преници ти е потребно. Ако ти студи и самите мускули се постојано во грч. Јас држев една перница позади грб една посплескана под стомак странично пикната и една поцврста меѓу нозе. Магнезиум од Џејмисон ми помага многу, поевтин е и повеќе има од натурал велт. 20 мин пред да легнеш земи. Ако не се укочиш многу во ноќта нема да те боли преку ден. Нека поминува побрзо
32+3 и јас ги имам истите болки кај мене траат веке една недела и јаа бев на лекар ништо нема се е ок ама боли леле мајко посебно ме боли навечер кога треба да станам за во вц со маки станувам или преку ден ако лежам па да станам пак боли се надевам дека бебуш за брзо ке се намести па нема да боли толку
Мене не само навечер, туку постојано, едвај седам, едвај станувам, едвај се движам, еве сега и во лежење ме боли. Земав магнезиум, вечер пак ќе земам, се надевам ќе се смири до утре, веќе неколку дена ми е вака
Мене кога лежам или кога мирувам не ме боли само кога ке се придвижам најизразено е навечер незнам зошто Вчера па и како лажни контракции да имав цел стомак ме стегаше и како менструални болки имав ама се смируваа брзо кога ке сменев позиција Девојки што сте породени или во покасни недели дај утешете не станува подобро или да не се надевам дека до пораѓај ке ми биде полесно
мене веќе два месеци ме подзаболнуба срамна коска , позади , ама вчера и денес исто скоро како тебе ужасни болки , дури кога седам ме боли , кога лежам и напред и измеѓу нозете и позади да речам на задникот коските , мм ме теши вика се шириш нели сега треба да боли ама ја не паметам вакви болки во карлица , навистина многу јаки болки .....ни магнезиум не ми помага
Мене малце ме смири магнезиумот ама не е тоа тоа... имам болка сеуште ако тера вака неколкуу дена ќе одам пак на доктор не е возможно вака да боли
Во однос на контракциите јас пола бременост ги имам поготово навечер уморна. Ништо не се деси лошо уште терам, сега скоро 40та. А болка во вагина само повремено како да ме гребе нешто
Мајки мене утрово ме фати така како грч на десната страна кај препонот, кратко трае и не е мноху болно ама пак... Од што може да е? Едното бебе е доле скроз ама до сеа не сум имала ваква болка да ја кажам или згрчување. 31+4 сум.. Благодарам однапред
Еве неколку дена ми се дешава само да ми истече течност, дали е урина не знам не мириса ама пообилно, пример цели гакичќки мокри ми се. Нормално е? Блиска ми вика те притиска на бешиката не знам? Сега сум со секојдневни влошки, неможам неколку пати на ден да се пресоблекувам,а башка и дома ретко седам 28+3 сум
Ги имав овие проблеми со првото.Знам и се жалев на мајка ми и таа ми кажа дека тоа е нормално за бремени па видов дека исто имаат полно бремени.Мислам дека е урина и ништо страшно.Ама ако имаш скоро контрола прашај пак кај доктор
Скоро цела бременост бев ко подмочана, а тоа се зголеми во последните месеци, по 4-5 пати дневно менував долен веш. Нормална појава е, како расте плодот, така се повеќе притиска на бешика и доаѓа до неконтролирано подмочување. А ако ти стои цело време на мисла, исконсултирај се за секој случај со гинекологот кој ти ја води бременоста.
Во првата бременост го имам истиот проблем, последниот месец цело време бев со намокрени гаќи а не мирисаше на урина, не се сеќавам дали всушност ми кажаа дека е урина тоа ,но паметам дека докторката ми кажа дека е нормално последните месеци да ми се дешава тоа, кај многу трудници се случувало така.
Иста сум, недај боже да кивнам по 4/5 пара гаки на ден менувам, само гаки за перење. Ништо страшно на сите се случува после 7ми месец, тежи беба
Од денес полна 38 недела, а јас немам ниеден симптом дека се ближи пораѓај...Нити спуштен стомак, нити некаква болка, ни стврднување на стомак, ни чеп ми паднал, ништо... Единствено ако ептен се раздвижам болка во препони ама поминува. Не ми се ни движи веќе со новиве мерки со маска надвор Престанав магнезиум да пијам и пак ништо не осеќам, никаков знак, а тука повеќето што сум ве читала имале барем некои лажни болки... Почнав урми да јадам Друго некое чаре да си почне процесов некако?
За тоа првото маж ми нејќе да чуе, страв му било Вчера прпбавме прв пат после 8 месеци и ми вика он не можам ми е страв и ми се тргна. Јас као ваква бев хахаа ко првпат да ми беше и океј му викам со сила не те терам. Пешачењето ми е тешко со маска.. Фатив да ги качувам скаливе во зградава хаха ама и тие не се нешто многу, 4 ката зграда, ние сме на втор. Не знам, да почнам да скокам ако не..